Ее исто и кај мене.Тоа е притисок на плодот на вени што водат до горниот дел од телото.Затоа ни снемува воздух ,јас поише од 1минута неможам да седам на грб.
Пресреќна го пуштив списочето и други мешиња има шо допишуваа ама коментарите се префрлени во: Што се е потребно за новороденче? На таа тема побарај ги мила.
Е срекиче ме пресмеаааа хахаххаха да ми си здрава и жива хахахх лелеле јас вака спијам по 4 или 5 саати ами тогаш по 2 дали ќе спијаммм
Мешиња најмили, јас сега доаѓам од ГАК. Имав болки и по консултација со докторката што ме води на ГАК одма отидов на ургентно. Ми направија цтг, јавуваше само слаби болки, ништо загрижувачко. Цервиксот не мрда од 16мм, ама отворена сум 1 прст. Ми ставија прва доза инекции за зреење (две ампули), за 24 часа уште една доза. Некако ми дојде душата на место со инекцивее, посмирена сум. А да, ми рекоа и дијазепам да се напијам, а во живот не сум пиела, па сега сум така малку како се да ми е рамно ги има некоја примено инекцииве да ми каже дало да очекувам некои посебни промени? Ве гушкам
Оохооо па најискрено мила не знам хахха ќе видиме од бебка, прво ми е и допрва ќе учам работи. Ако многу ме уморва можи и по 2 на партија хаххахха Здравје само да се најсмејме. Се си велам најслатки маки ќе ни бидат и најслатко уморени ќе сме ние тогаш. Ајде легнувај, собирај сили за утре. Викенд е треба да се шетаааа Добра ноќ
Јас мила со претходната бременост ми се случуваше по некогаш по некоја болка иако лежев цело време. Диазепам често пиев таблети од 2мг, а кога одев на Гак ме боцкаа инекција и од неа ми се смируваа болките за многу кратко време. Примав исто 2 дози флостерон за зреење, за среќа издржав до 38 недела, бебето се роди живо и здраво. Слушај си ги др.знаат што прават биди сигурна. Обиди се да се смириш да ти биде цела мускулатура опуштена, тоа е многу важно. Те гушкам душо
Мислиш на инекции за зреење? Јас примав превентивно 30та па 33та пред пораѓај 12часа. Спас се! И околу седативи, пиј кога ќе осетиш вознемиреност. Седативите не се поштетни од стресот. И другарка моја роди како мене 33 , со дијазепамот па се е ок. Со лесно!
Фача ти срце, секое вакво позитивно искуство ми дава сила и надеж. Јас сум 28+5, се молам да истуркам барем до 34та. Смирена сум, посебно сега после дијазепамов од 5 ко во облаци сум, осетлива сум на лекови за смирување хахах И мене ми рекоа по потреба да пијам дијазепам од 2, ама не ми појаснија што мислат со тоа по потреба...можеби ти знаеш? @Petra777 да, фостерон мислам се викаа, кортикостероидите што ги даваат за зреење на бели дробови
По потреба кога ке осетиш менструални болки или почести затегање, одма мавај магнезиум и диазепам од 2мг. Од флостеронот не осетив ништо посебно, ги примив во 28 недела. Тие не се штетни, во моментов можат само да помогнат. Штом поминеш 30та веќе се е многу полесно, барем мене така ми викаа тогаш, колку ке истераш никој не може да знае.
@Septemvri и @Petra777 ви благодарам од срце. Магнезиум си пиев до сега 2 пати на ден, сега ми рекоа слободно ако осетам потреба и три пати да пијам. Ќе пијам и дијазепам кога ќе имам потреба, знам дека е подобро и за мене и за бебето да се напијам кога треба. Сега ми останува со позтивна мисла да лежам и да ја квачам беба. Ќе издржиме ние, силни сме. Ве гушкам најнајсилно
Добро утро на сите како сте ми? Јас се разбудив со главоболка - дури ми се гади ама ќе оставам така да ми помине.. Па се нервирам во последно време гледам и глупави соништа (како мм имал друга жена и бебе , па како нешто сум се расправала со свекрва ми и денес најлошото како сум го загубила бебето и тоа како пред мене да го гледав ) сонувате ли и вие вакви глупости? Си пијам какао моментално , па ќе одам нешто да зачистам па ќерка ми ќе ја носам потоа на курс по цртање и такаа.. Имајте убав ден
Ај и тука да прашам. Многу ме чешаат дланките и стапалата и имам како ситни брунчиња кога ќе се расчешам. Имам и отоци па си мислам да не се од нив. Ве чешаат ли вас деловите што отекуваат, или нешто друго е во прашање? 35+5 сум инаку. А на гугл читав за колестаза во бременост (проблеми со жолчката во бременост) а баш имам болка кај што се наоѓа жолчката под десно ребро. И кажав на матичната минатата недела и не ми рече ништо за тоа, демек ме притискало бебето во реброто па затоа ме болело. А пишува дека проблеми со жолчка можат да му наштетат на бебе и многу се испаничив. Совет некој? Ве гушкам
Ајј женче please со вакви соништа немој значи.Посебно ова со муж друга и бебе само ќе се насмеам и ќе премолчам. Нормални се соништава на сите ни се дешаваат,но обратно е ,и убави работи се случуваат. Дај исфрлај тоа бубачките од главата,иди во Сефора почасти се некоја пудра,карминче нешо такво ,и не мисли многу.Женска глава е за шминкање,дотерување а не да праи филмови
Дали знае некој зошто два дена не ги осеќам лажните контракции(здрвување на матката), тие braxton hicks. Знаете ги имав често од 20та недела, сега како да е бебето малку спуштено и го осеќам на мочен меур(ок, нормално е да се спушта веќе) но ме буни зошто здрвувањата некако спласнаа, престанаа?
Ние сме тука некаде со термините, ама јас па никогаш не сум ги осетила до сега. Не знам дали е тоа добро или лошо. Единствено пред недела дена имав благи болки како менструални, ама такво здрвување не сум осетила.
Добро утро лепотици мои.Денес е мојот јубилејен 30 ти роденден па повелете на торта сега ја правам денес решив да не се жалам на форумов туку само убави мисли да ви споделувам.имајте ми убав ден ве гушкам
Јас имав често и знам дека треба да се зголемува на некој начин до крај. Менс благи болки имам околу 3 дена по еднаш два пати на ден.. Бебе фала му на господ си е активно,гледам и осеќам потспуштено, па незнам.. Хепи брдеј Ивенце наша