@paleska3 фала мајкаа ќе биде твојата принцеза нечија снајка тука од овој машки бран што ќе ве нападнеме. И јас едвај чекам вторник до сега 2 цтг имам правено мирни се полна 36та сум по циклус а по ехо 38ма па се надевам дека вторник ќе ве известам дали ќее закажеме царски,нестрплива сум. Почнува доле како вакум да ме тегне,во срамна коска и препон секако болки,отоци класика на нозе само и брзо се уморувам а намерно сум раздвижена и чистам за побрзо да бидне Исправ испеглав за бебе се,а за мене утре си ја местам торбицата Ве сите до една
И мене веќе две недели ми се здрвува стомак, ама не знаев дека тоа е тоа.. и дека тоа се контракции, се си мислев бебето нешто лошо мрда веројатно... А денеска еве ме стега лево дали со главчето е таму, или се врти, ама ме здоболува.. па не мрдам, си седам здрвена. Туку ноќеска што ми се деси. Пред кревет, навечер, големите перници од креветот ги ставам на столче еден на друг. Ноќеска, паднаа и тоа баш на еден најлон, не знам кој враг ме натера да го оставам во нивна близина. Се створи ужасен звук, и јас се разбудив извадена од памет, едвај се исконтролирав да не врескам, па го разбудив маж да провери што се деси, а тој ‘рчи ли ‘рчи. Видовме што е се вративме на спиење, тој заспа истата минута јас не можев. Нејсе. Туку бебе никогаш претходно не ме мавало така. Кога почна да прета, ми се чини со сите раце и нозе истовремено и со главче ме удираше на сите страни. Зарем е можно да е поради тоа што јас се исплашив и тоа да почувствува и се вознемири? Делуваше како вознемирено, имам уште грижа на совест, ама јас не можев да знам и да го исконтролирам стравот.. Аман само раат да не си...
Така сеќавам и јас затегање ко ке се испрчи бебе на некоја страна, а контракциите се друго цел стомак се здрвува.. А инаку за страв или стрес и те како сеќаваат бебињата.. Пред неколку месеци имав една страшна вечер, огромен стрес а бебе душа мила цела вечер се вртеше на сите страни нејкам да се навраќам воопшто, уште ми е мака оти си дозволив и него да го стресирам... Така да било поминало не мисли на тоа ке си се смирите и 2цата @Happyinlove а оти царски?
Аххх краличињата на тета Иве заедно ќе ми спијат преубо е Емче само здравје Боже со убо да си се породиме
Да ,да , осеќаат бебињата и тоа како. И слушаат секако јас кога бев 8 ми месец со првото бремена си имавме обичај со мм да одиме во клубови , кафичи секоја сабота и приметив дека при многу гласна музика се вознемируваше во стомакот , клоцаше се превртуваше , ама она непријатно , болно да кажам за мене
@Emma2 Со здравје да си спијат лепотиците, сепак одлучи од Енци Менци. Ако убаво мислам дека не сме згрешиле,јас земав две од Бамбино колекцијата,уште во Фебруари кога беа на акција со душече. @Martka Драга,цервикс се мери исклучиво вагинално. Мене коха ми закажа докторката во 16та недела за мерење на цервикс, и јас ја прашав,вагинално ли ќе биде,она ми рече друг начин нема. До сега имав неколку немили случки,фала богу бебките ми се добро, и секогаш ми мереа цервикс вагинално. Поздрав
Убаво сонче да имаат малите Нас вчера ни стигна и количката и мислам дека сме комплетни, уште влошки за мене
Колку ми е потечена, како ли ќе ми го стави она железоно што го мразам за брисеви Одвај наоѓаме поза за секс, ме гребе дури од оток а желба уште имам, абе будала работа
@flower55555 карлично е не се заврте ако не изнанади во вторник со главата надоле @Adeline мене не ми ставиа спекулум за овие последни брисеви. Зема примерок од вагина ме подрашири и од анус површински . Одмори од односи отокот да не ти е и од тоа
Преубаво е друшке, со здравје да си го користат цуцињата твои... инаку не можам да оценам се спуштаат ли страните и дали има тркалца и фиока ? Оваа цена е без душек и постелина нели?
Да да се спуштаат, на 3 нивоа и душечето исто се прави на 3 нивоа. Има тркалца да, само на ова салонсково не му намонтирале. И фиока има иако мене нема да ми користи зашо ќе го залепам до мојата страна од креветот. Цената е со вклучено душече во вредност од 1.300 ден. а ако сакаш друго душече поскапо тогаш само доплаќаш до таа цена од 1.300 до поскапата цена разликата. (ко продавачка звучам ) Имаше знам едно поевтино што го зборат Бамбино мислам за 6000 и нешто ама него го немаше во салон само ова Венди беше, дали немаат на лагер незнам, заборавив да прашам за него, дека повеќе време на количка посветивме па, кога го видов ова викам ај да го земаме веќе неможам да шпартам по продавници, се имам видено... и така... а за количка се мислиме за една од кај нив исто, плус и димензии ни одговараат па излеа таа ќе биде... Фала другарче,да си купите поубаво за вашите сонцушки
Аи ако така супер Не ми е од тоа, паузиравме неколку дена исто ми е, осеќам и притисок доле и болка дефинитивно е од тежина. А и сега почнавме со свршување внатре за пред крај
П.С во цената не е вклучена постелнината. Неа башка си ја земав, од претходно, не е ко таа на сликата еве ја нашата: @Софија 88
@Happyinlove ајде нека изненади, има време @Adeline почнавте со крајниот чин значи ништо да стискам заби и да се активирам и јас Се осеќам ко невина да сум