Не срце. Кај жени што не се бремени нормална должина е од 40 до кај 45 мм. До 24та недела нормално е да се скрати до одприлика 35 мм. Мсне во 24та ми беше 26мм, за една недела ми се намали на 15. Како напредува бременоста така и нормално е цервиксот да се крати, но до одредена граница. 15 мм е мн краток, таа должина би била нормална скроз при крај, пред пораѓај. Ама, немаш потреба да се плашиш и да се оптеретуваш со тоа. Чекај скрининг и гали меше
Очекував вакво нешто. Прво Ремедика, па ЊуБорн покачија па сега и Систина. И ај да покачуваат по 2-3.000 неее дирекно 250еур. Па некој толку плата не зима како што они наеднаш покачуваат! Дојде животот, парите се повеќе немаат никаква вредност. Од неплодност и пораѓаи си направија неверојатни бизниси. Само не ми е јасно што толку им се зголемува трошок за толку големо покачување? На пример Ремедика ги поскапеја скрининзите за скоро 1000ден. А времето кое го поминуваш внатре, апаратурата се е исто нема ништо инвестирано, променето! Не е темава за мешање политика ама ова е доказ дека покачувањето на платите на докторите и приближувањето на просечната плата од 500еур, го плаќаме ние, се зима од населението за да се покачат платите на докторите, фирмите и газдите не се откажуваат од скратување на својот профит. Срамота навистина! Секоја недела/месец си има свои референтни вредности колку треба да изнесува. Како растеш така ќе се скратува. Јас тука негде ја најдов табелата и според неа требаше да биде над 40 мојот цервикс ама ни матичната ни специјалист не изреагираа дека нешто не е во ред, туку рекоа таман е. Јас сум негатив и секој месец правам coombs тест на трансфузиологија. Побарај со хемостазата да ти проверат и тоа ако си негатив. Се додека на резултатот излегува негатив е во ред, ако испадне позитив тогаш има некое одлепување или нешто друго со што настанало мешање на твојата со крвта на бебето. Ако е цело време негатив голема е веројатност бебето да е исто негатив, но во секој случај во 28ма ти пуштаат инекција, и потоа после пораѓај ако бебето е позитив ти пуштаат уште една, ако е негатив не. Од 18-22ра е втор скрининг и брисеви препорачливо е исто.
Значи, реално, не се прави на секој прегледа вагинално ехо. Цервиксот се мери и со абдоменално, па ако тоа укажува на некои компликации, може и вагинално да се измери за поточно. Во бременост, секој преглед да биде вагинално,не дозволиво. Ако некој има скратен цервикс нека мерат вагинално, ама ако абдоменалното укажува дека се е во ред, нема потреба од тоа "брцање" @ocicka2014 зошто секој месец кумбс? Јас два пати правев и овааи минатата бременост. Секој месец проверував димери и хемостаза ради други работи, ама кумбсот само два пати се прави.
И нека провери таму со хранопровод да не ти е поврзан, па да искочи бебе од погрешна страна туку, коа више имаш вишок, да ми позамјеше 10тина мм, голема работа би ми завршила
Мене матичната ми рече кај негатив мајки секој месец се проверувало и еве ми дава цело време упати, поима немам јас зошто она ми кажа и поверував ама верувам и да слушнала и недослушнала нешто , само чудно ми е дека повеќето скратуваат да не се боцкаш цело време и да испитуваш се и сешто кај мене ме тера да испитувам... Дали па дека имав крварење во вториот месец па ме води како поризична бременост
@tetoviranta Да ти дадам не е проблем,ама немаш ти гајле.Тбоето е мало ама стиснато,ќе си чекаш ти термин у ред тамо .
Тууу шо цервикс ќе беше Па и што пливачи ќе беа да ја поминат таа километража до јајце клетката Малце да се нашалиме
Се јавив јас сабајле да прашам во Систина за царски со близначка бременост, ми рекоа 1900 евра за 4 дена престој, плус за дополнителни услуги ама тоа докторот ќе кажел какви. ( си викам ако сака да ти го начука ќе ти лупне секакви,ама ај да не дробам многу) и така... а ова шо читам 250 евра е стварно лудило... @ocicka2014 мешала не мешала,така ќе му дојде на крај, врти сучи пак народот е онаквената странка. @Софија 88 еве мила види, се јавив сабајле и прашав!
Викаат "То што мало фали,то девојки среќу квари" Се шалиме,мора да се поднасмееме малце иначе ојде возот удолу.
Чисто информативно. Цимерката во болница што ми беше,цела бременост и инвитрото и беше во систина,близначка бременост но кога се израчунале плус инкубатори им дошло скапо и се породи на ГАК беше презадоволно бебињата се родина во 35 недела беа по 2.000 кг не беа во инкубатор туку само на кислород.
Те молам немој, остај не ние што сме тука со забрани и со фатена пајажина доле бар да читнеме нешто коа више не можеме да праиме ништо
Знам срце,фала ти многу на инфото,ама незнам некој на ГАК, врска треба... незнам, изгор е ваму, ама шо да се прави, да е во ред се, дај Боже,па ќе платиме сеа тоа е..
По мое не треба врски,но нели секој си има свој избор. Она си закажала преглед се најнормално после тоа и царски. Два пати на ден доаѓаа да и даваат информации за бебињата. На нив им кажале дека процедурата била да бидат во инкубатор а ваму па спротивното си беа само на кислород.
Денес се пресмеав, како не отворив побрзо форум да прочитам И кај мене имаше фатено јака пајажина, ама утрово ја исчистивме Уште малку ќе заборавев како е, скоро 4 месеци без таа работа, не се издржуваше повеќе