Аиии,како ти успеа Јас официјално 4 и нешто месеци си кулирам ,ми се плаче на моменти Се е океј фала богу,ама не можам сеа да се опуштам. Лајк а вирџин Срам ми е хахахахахаха
7 и кусур месеци, најблиску до таа работа ми е вагинален преглед на лекар на моменти ми иде со залет да му рипнам на мм
Au, како би рипнала,ама 8ми месец ми е шубе. Здравје во 9 ќе чистиме пајажината, као побрзо да се отворам. Ахахах
Ајде експерту колку треба да е во 36та? Некако сум среќна, возбудена што за брзо ќе се породам, што се ближи крајот, но паника малце ме кочи што ќе биде, дали се во ред. Искрено самиот чин пораѓај овој пат не ме плаши, во мисла ми е да е се во ред најпрво со бебе па и со мене.
Мислам околу 25-30 мм, ама и да е пократок не е страшно. Во 9ти месец е сосема нормално да се крати веќе, и за пораѓај е полесно така. Само позитивна мисла, ќе биде се како што треба. Дај Боже да поминеш лесно и брзо, бебушот ќе си биде супер. Користи додека е во меше да го галиш Едит: пошто сум далеку од 36та и во моментов ми се чини недостижна, не сум истражила толку, ама од тоа што памтам што читав после 36та не го ни мерат веќе, поише обрнуваат внимание дали е отворен одколку на должина
Еднаш ми го мереа во 28ма беше 32,ми рекоа е ок, таман. Сега сигурно е скратен. Ти благодарам на убавите зборови баш ме разнежни некакоте
милиметар два не игра некаква улога.. се зависи од компјутерот и од мерките.. како ќе го фатат аголот и како ќе ја наместат стрелката на мониторот... така мене ми кажаа во ремедика.. мојот матичен ми измери 32 а специјалистот 31... тука некаде се мила.. без гајле.. точно ти измериле и на двете места... и да напоменам... и двајцата ми рекоа дека точни мерки се добиваат само вагинално..
Па сеа не знам дали твојот матичен контролира се.. еве мојов буквално за се ме праќа да проверам... околу 20 , 22 недела матичниов ми зема брисеви за цервикс и вагина и ме прати на микробиологија во пролече.. ми рече дека преку овие брисеви ќе провериме дали имам бактерии внатре кај цервиксот и на зидовите во внатрешната страна на вагината... истиве брисеви ги правев и во 18 недела... и дотуркавме до тука.. сега сум 31 недела... уште малку ќе влезам во 8 месец..
Од друга страна пак во систина два пати на ден можеш да идеш сам да си го видиш бебето. Како што читав во друга тема на ГАК со недели може воопшто да не го видиш само да добиваш усно информации. Плус, огромна предност, можеш да се измолзуваш и бебето да го добива мајчиното млеко. Помеѓу опциите инкубатор и кислород, кисородот е полошата варијанта. Гледам дека обратно го имаш сфатено. Велиш САМО на кислород. Тоа значи дека имаа проблем со дишење и бели дробови. Моето беше во инкубатор само ради одржување на температура. Си дишеше самостојно. И тоа е подобрата варијанта одколку да биде надвор со маска за дишење Инску се породив предвреме поради скратен цервикс. И сеуште незнаеме од што скратен. Се си беше нормално. Така да барајте си мерење. Мене гинекологот на ехо ме виде дека нешто не е баш во ред. И потоа за точни мерки ме провери вагинално. Испадна скратен и потоа го проверуваше вагинално бидејќи само така може точно да се измери. Се работи за мм
Бебињата не беа на интезивна беа со другите бебиња во собата за обсервација и мајката лежеше со нив 10 дена и ги гледаше кога ќе посака. Е сега ако некој нема пари нормално дека ќе изберат државно па макар и да не ги гледаат секој ден,само да се живи и здрави.
35та не е баш нешто многу ризчна недела, ама штом биле на кислород како може да се во соба со други бебиња а не на интенивна? ова не е ми баш поимливо Нормално дека кога се работи за пари ако немаш избор ќе правиш како мора, мене ми изгледа ко членката да гиразгледува двете опции (дека може да си дозволи) па направив споредба дека не е баш исто ако може да бира. Може твојата цимерка имала среќа, ама ако се породи пример 31-32 недела и те како ќе осети разлика
Види сега и јас ги видов бебињата лежеа близу моето значи беа заедно еднп дп друго и имаше шаторчиња на нив тоа како округло што е. Нема сега јас што да лажам тука и да трескам глупости. Јас само изнесов пример дека ако неможе да си дозволи.
Штотуку се враќам од преглед, кога сме веќе на тема грло на матка..и тоа ми мереа, и да мора вагинално неможе поинаку... ама пак, не го бутаат до крај, малце на почетокот само... таман ми е грлото...ми рекоа после 32ра ќе почне да се крати... ама се е тоа нормално тогаш... убава вечер на сите!
Со добра мисла се ќе се заврши во најдобар ред. Само лежиси и одмарај,јас се опуштив во 8 ми месец, се селевме чистев се наведнував и се породив крај на 35 недела среќа бебе беше понапредно и немавме никаква мака. Си реков еј чим стигнав до тука сега е лесно ама тогаш најмногу одмор си сакало.
Те молам ако не ти е проблем да ми кажеш, која недела се породи? Колкав ти беше цервиксот и кога открија дека ти е скратен?
Во право си, ќе те послушам...јас додуша и на боледување сум цела бременост, туј таму по нешто фаќам низ дома..претежно сум хоризонтала..ама ко шо викаш, да не се повампирам сеа на крај па да се силам за некои работи.. ќе гледам да внимавам!
Мене секој преглед ми беше вагинален и абдоминален. Од почеток до крај. А чим ми бил значи не само што е дозволен туку и пожелен.
Оди си каде си почна и со добра мисла се ќе биде во ред. Ако треба нешто ќе присобереме. И лежи си во осми не се повампирувај. Лежи само и дрндај си овде. Иначе стварно е ептен скапо за тој стандард.