Јасно ми е дека ако приметил нешто докторот ќе спомнел, ме плаши тоа што до тоа може да дојде за кратко време, меѓу 2 контроли на пример. Ич да не ти е криво. Добро и што ги почнавте муабетиве, и ние да знаеме што се е можно и да сме спремни колку толку и на тоа.
Женички гледам за други муабети си пишувате, малку да ви се убацам .. Ми излезе покачен холестерол 7.3 а до 5.8 е нормално. И ова спаѓа во високи вредности. А триглицериди 1.79 а над 1.7 веќе се високи. Дури да одам до матичен некој совет од шо би можело да биди? И чаре или диета ќе мора?? Ако има некоја искуство нека сподели.. Убав ден убави женички
Триглицериди, седиментација и холестерол е нормално да се покачени во бременост. И мене од сам почеток ми се покачени. За да бидеш мирна консултирај се со матичниот, ама не се грижи
Нит диета,нит бутур. Мене никогаш во живот не ми бил покачен сега ми е ,а поздраво од овој период не сум се хранела. Па на горна граница ми е. Др рече дека е лажно покачен во бременост. Не се замарај.
@tetoviranta @Мариаа. Фала женички. За седиментација знам дека висока е во бременост, а овие две другите ми беа нормални сега ептен скокнаа хаха мм ми вели нема поќе благо хахах Ќе ги види сепак и матичниот ќе кажи. Ама да бе нормално ќе отскокнува нешто во бременоста, кои се тоа промени кои се случуваат на организмот Бацкии
Не се плашите не е често ова. Во денешно време трудниците се најчесто многу активни и не се случува ништо. Само барајте си мерење оти гледам овие државниве некако не се одговорни по тоа прашање. Само приватните мерат. Барем јас таков впечаток добив од мамичките со кои сум зборела за ова. Јас само ќе кажам, вп бременоста уживајте и не се оптеретувајте за ништо, ниту физички немојте многу да се форсирате. Бидете квачки (не ко тамара тодевска)
Јас да прашам каде се пријавува ако се појави лице заболено од морбили? Постои сомневање дека колешка на работа има морбили а како што службата е неодговорна верувам ќе пробат да заташкаат (како што направија кога се појави мрса)
Ајдееее пак јас Миле Паника Ми протече млеко од двете гради. 29+2 сум. Нормално е? Да кревам паника? Не сакам да и се јавувам на докторкава за секоја ситница. Давајте совет
Туку и јас имам прашања.. 1. Крај на 22 недела сум, стомаков не ми е рамен. Како од десна страна да ми е маааалку поголем (поиспакнат) па пупаков ко да не ми е баш баш на средина. Ќе прашам и доктор утре секако, ме интересира дали и некој друг приметил нешто слично... 2. Претходно не сум депилирала стомак, немало потреба, ама сега имам влакна Светли се ама си ги гледам... ќе паднат сами или од сега ќе морам да се депилирам редовно и таму? Маж и за двете ме убедува дека само нешто си умислувам.. ама нема врска, си го познавам телово..
И јас утре сум на 2 скрининг. Ајде ќе размениме искуства. Со среќа И како што пиша малку опуштено и ноге у вис.
И мене не ми е рамен стомакот, изгледа зависи на која страна ќе го натрти газето бебеуш. Приметувам и по линијата не ми е права и на средина, туку забегува понекогаш во кривина. Влакна е нормално да имаш поише, хормоните си го прават своето, особено прогестеронот. Ја и онака сум влакнеста, сеа ко орангунтан сум, мислам дека додека се средам веќе почнале пак да растат хахх После пораѓај кога ќе со дојдат хормоните на место и тоа ќе се врати во нормала
Оваа група ни е поактивна па да си прашам и тука... како да го поправам хемоглобинот и останати параметри за анемија ? Пијам по 1 тотхема со витамин ц, семе од коприва со мед, какао, маџун, аронија, јаткасти, месо сега почнав со јунешко и свинско...али сеуште резултатите ми се под нормала, ... нешто плус од ова што имате искуство дека брзо би делувало ? И второ прашање димерите ми се 1900, примам фраксапарин и аспирин ехото во ред е, 21 недела сум ...има потреба за загриженост мн високи ми се видоа ?
@Софија 88 едно прашање, витаминот Ц го пиеш пред или по тотхемата? И јас пијам таблети за железо,во аптека ми рекоа да го испијам час, час и половина пред тоа за железо. Додека една пријателка вит. Ц го пие по таблетата за железо.
Не треба да се пие едно по друго, го оптоварува организмот...јас пијам капсула хемовит, па после саат, два пијам Ц.... а истотака после саати од Ц, пијам пренатални... плус магнезиум...мора размаци да се праат...ќе скрене организмот наеднаш се да му набуташ..