Можеш и една недела ако си ги запереш Можеш до еден ден ако не ги извалкаш зошто да не. Улошките не се обични улошки кои не собираат ништо, овие се специјални за тоа долги, дебели и широки. Еве вака изгледаат една ми останала:
И колку вакви влошки од прилика ќе требаат за болница? @koritsaki јас кога патував за Македонија пред некоја недела не користев каиш по прв пат во животов. Пробав и со држење и без ама ич не ми беше згодно, маж возеше прилично бавно.. и тоа е тоа. Иначе секогаш претходно користев каиш во кола. До дуќан да е по иста улица, обавезно користев каиш, ама сега со стомаков многу ми смета и со кола сме само кога негде ептен мора. Повеќе пешачам, дури и пазарувањето е на маж, ја праам список, тој оди во шопинг. Гинекологот и лабараторијата ми се блиску и немам потреба од кола. Ама секако пробај со каиш. Ако можеш, супер.
Јас кога бев 5-ти месец со првото патував до Лефкада со каиш. Седиштето малку легнато, под стомак го ставав каишот, едно време го држев после ми текна си ставив мало пешкирче и помеко ми беше. Не е згоден ама кога мора-мора. И сега ставам каиш обавезно исто полабав го држам ако осетам дека ме стега. Ај и да ве поздравам сите Јас си вријам од нервоза, мојата стара другарка кандида се појави одамна не беше дојдена мислев ме заборај Ама сама си сум крива, многу тестенини и благо јадев неколку дена и резултатот е тој. Мноогу малку ме чеша, малку имам исцедок, ама сепак си зедов канестен 3 дена да се мачкам. Уште ова ми фалеше, аман веќе. Ми текна сега кисело млеко ќе јадам мх мх
Каишот при возење не ми смета, колку што ми е страв да не ми го преполови стомакот не дај Боже при незгода...
Девојки јас сун во ептен рана бременост денес ми е 13 ден од трансфер а пред 2 дена направив тест бхцг па сакав да ве прашам вие кои сте бремени со ивф како се однесувавте првите недели кога дознавте дека сте бремени...дали да почнам нормално да се функционирам да си пешачам и сл?
Честитки, јас зедов болодување од работа и уште сум на болодување, до 12 недела ништо не правев, после почннав да правам ручек, а ден денеска не усисувам, ниту се качам по скали само кога морам, пешачам ама не со сати, не кревам тешко така, сите домашни работи ги правеше и ги прави мм, не дека јас не можам ама мм не ме остава, вели 8 години чекавме за ова бебе сега јас ке работам 9 месеци. Само да дополнам дека на работа не одев само заради скалите, ич не ми е тешка работата ама нема лифт. Поздрав
Прво да ти честитам душо... второ да те искарам зар две недели не мрдна од дома и од кревет ? Ако немаш некаков проблем или мака слободно да си искачаш, продолжи со сите активности освен кревање тешко, нагли потези и наведнувања, ... на матката циркулација и е потребна, ќе скренеш ако седиш само дома... секако нема да претеруваш со саати пешачење.. запомни ти веќе си бремена и нема разлика како си останала трудна, со лесно да си ја истераш бременоста
Ви благодарам @Софија 88 и @NNA ..уште од вториот ден станував се движев по дома до тераса до пријателки на кратко повеќе ми беше за пешачењето бидејќи редовно си пешачев претходно и сега ми фали тоа
Ти одговориле друшкиве, јас само да ти честитам и посакам добредојде, со мене помалце дружба дека ќе напуштам за месец и нешо темава со Господ напред! Со лесно да ти е, и уживај!!
лелеее друшке се наежив како лета времето, ко вчера да беше се... ајде уште малку имаш, па здравје низ парк со количките ќе си се смешкаме и дружиме, нема шанси да се утнеме гарантирам
Добар ден женички - труднички. Како сте ми денес? Јас еве сега по неколку дена наоѓам време кафе раат да пијам и да ве прочитам. Почнав јас наместо да одам да се тркалам. Сум како турни ме да кинисам, бавна бетер од желка. 23нед. 6ти месец по календар. кога ли летна времето се чудам.
Бебе 2 дена мн некако активно и турка накај мочен меур, менс болки одвреме на време, здрвување стандард. Вчера перев за бебе, возбуда ме фаќа, што убаво мириса цел спрат Не би сакала да чекам термин овој пат, сакам што побрзо да излезе. Искрено најбитно ми да не добијам провокации, уплав ми се. Сигурна сум дека ако можам ќе ги одбијам, но никогаш не се знае до последно. . Само да е се во ред
Никако заборавање, ќе комуницираме на овој или оној начин Јас дур се свестам кај сум, вие ќе ми се придружите одма!
И јас мислам дека така ќе биде, па колку близначки има низ Скопјево, башка по количките Дај Боже, здравје само, од убавини да не куртулиме
И моево турка, болки менструални колку сакаш.. Од денес 38ма недела, 37 полни.. Се возбудувам ко ке пишам и уште не ми е верно дека до тука стасавме И јас секој ден се будам со надеж дека денес е денот, ама ништо сега за сега Темава "малер" да не ни е Секоја втора пријавена тука над термин си тера па ајде ние да го разбиеме малерот
Срцка таа што убаво те фаќа возбуда. Мн ми е интересно да ве читам вас што ви се гледа крајот, си викам којзнае каква ќе сум јас. А познавајќи се себеси, секогаш одам во крајности, така да или ќе бодам ладна камен или фрка-паника хх Бебе некако мора да искочи, дали природно, дали провокации, дали царски, тоа ќе си искочи. Битен е моментот кога ќе го земеш во раце и ќе си го бубнеш. Во тој момент процесот како дошло на свет воопшто нема да ти е битен затоа што ќе го држиш светот во раце