Здраво труднички Втор скрининг супер поминат. Нема простор за паники. Малава претка, ни се изнамавта ѕвездичка моја, беше 3 дена понапред, сега е 3 дека поназад, ама не е тоа страшно. За една недела ќе проверувам скриен шеќер, за тоа малку ме прпа Конечно да се опуштам малку деновиве. И да се пофалам, со маж купивме стан. Па ќе частам на вселување.
Zenski site ste tuka mn podaleku od mene i poiskusni pa ako moze da mi kazete sto potocno pravat na prv skrinig?
Честитки и имај си лесна бременост .Со ивф сум лежев само 2 дена а а потоа се што правев дотогаш си продолжив така само без да кревам тешко.Возам,пазарувам,пешачам.После трансфер го прашав др колку време да лежам ми рече: Зошто да лежиш не си болна ќе си продолжиш како и до сега.Како си се осеќаш така прави си.
Нели ти кажав дека ќе си мафтате? Сега конечно олабави се малку, а за скриениот шеќер ич да не му ја мислиш. Ќе си пивнеш од тоа шербетот, ќе те избоцкаат и тоа е тоа. Немаш што да му ја мислиш Со среќа за станот, само убави и среќни моменти да владеат во него
Како турни ме да кинисам 6 месец. Мајка не се давај рано е јас уште трчам и заборавам дека имам бебе во мешко. Сега се враќам од 2 скрининг Бебушка 450 гр се е супер. Сите мерки одговараат на неделите 21+. Ме прегледува Др и ми вели чекај која недела си? 21 велам јас цела ????? А таа се смее вели гледам бебе за 21 недела , а меше за 12. Мислела 1 скрининг.Ама важно се оди во бебе. Уште срценцето за 2 недели па да здивнам малку. Инаку то си плива си мавта со рачиња ножињајас се стопив. Само ме загрижува што папочната врвца е кај вратчето. Ми рече Др нема потреба од паника, уште е мало ќе се поместува. Има некој о вакво искуство??? Па толку од мене. Инаку честитки со лесно бременоста. Уживај и прави како што бара телото во овие месеци. Поздрав девојки
Прв скрининг од 12 до 14 недела... втор скрининг од 20 до 22 недела... јас така правев.. т.е мојот гинеколог така ми кажа и така ми закажуваше термин за скрининзите...
Сега те прочитав. И јас погоре пишав за мојот скрининг. Исто се движиме со бебушите. Честито стан со здравје да си го користите.
Еден пакет за во болница, зависи колку дена си. На почеток обилно крвариш така да на ден ќе ти одат пет шест. И земи си пластично шише направи му дупки на капачето (јас порачав на амазон има за таа намена ) за во болница да се одмиваш оти тоалет тешко на рана Ти беше Грција или Англија? Кај нас има во болниците вакви пакети така да не купуваш и ѓаќи и све ти следи. Честитки стан бтњ
Дефинитивно 8ми месец е потежок на лето отколку на пролет. Бременоста во лето ми беше потешка на тие топлини него сега зимска. Пред некое време се дискутираше на оваа тема. 8ми помина, уште ден два и релакс конечно. Само се молам да е се во ред.
Ne me razbra jas znam koga se pravi sega za dva dena sum samo ne znaev so potocno e eho na stomak?vaginalno? Samo toa e ili ima i nesto drugo?
Само ехо на стомак... и се до детали ти кажуваат.. (зависи кај го правиш кај кој доктор, не секој доктор кажува се во врска со плодот).. како е развиено.. главче раче ноџе стомаче ... папочна врвка, проток на храна , на крв, плодова вода... носна коска , вратче ...
@Yowannty сега читам јас ,честитки за станот кажи ми колку чини сега вториов скрининг? Јас првата бременост кога го правев одев специјално во Кавала зошто во градов кај што сум немаше. Сега дознав дека веќе донеле таков апарат и кај нас само што е со закажување - некој гинеколог доаѓа од Солун неколку пати неделно Јас дежурам трета смена , ми се јадеше ми се плачеше, не можев да спијам па земав банана да јадам и толку се расонив А и по 100 пати на ден одам во вц по мала нужда . Па освен за јадење секако и за тоа станав , ноќе по двапати станувам. Нормално ли е во 14 недела
@Presrekna фала мила, убавини да се враќаат. Јас сум 23 недела, ама секако ќе си имаме генерација крофни. Ааааа видиш, тоа е многу корисна информација, а претходно нигде не сум прочитала. Да си нарачам и јас шишенце од интернет дур имам време. Фала Фримајнд, саде убавини да си дочекуваш. Во Грција сум ја. Наопачки од сите. Сите на запад тераат, само ја на југ. Има и овде такви влошки по аптеки, а за во болница не верувам. Ќе прашам секако пред да купам.
Фала ти, па доаѓај на гости со новата кола Честитки за колата бај да уеј. 120 евра втор скрининг. Јас одам кај приватен гинеколог кој ми ја следи бременоста, ама за скрининзиве доаѓа специјалист од Атина. Соработуваат заедно. Не знам дали е така и со останатите приватници овде или во државна клиника. А зашто овде втор скрининг праат од 21 до 25 недела? Јас мислев оти специјалист доаѓа од Атина, па така се погоди да сум 23 недела, ама читам и на интернет што најдов, така пишуваше, некако касно ми се гледа за разлика од кај нас, а овде демек така е пракса..
Јас се би дала да живеам покрај море. Али ќе биде макар на старост. Убава земја сте одбрале за живеење, преубава Грција. Ако ви одговара системот оти да не, Еве да не се мачиш да бараш: Газо мијач
Се утепав од листање по темиве, во која е најсоодветно да пишам за ова, па се надевам тука е местото за прашањево. Не пишувам многу по форуми оти кога читам многу бетер стресови ми се прават, а доволно сум истрауматизирана од целиов процес. 4 ипол години обиди, една природна бременост со missed, низа инсеминации, 2 ивф, 3 трансфери, милион солзи и разочарувања и сега конечно сум 12 недела. Викаат тие што долго со борат со неплодност веќе по автоматизам чекаат само све најлошо, па борбата никогаш не завршува. Прашањето ми е, доаѓа ли некогаш (и кога) малку мир, малку душа на место? Стивнува ли некогаш бар малку стравот? Додека чекав за тест две недели, душа немав во мене; си мислев само да видам две цртки и ќе се смирам. Не било така. После беше само бетата да е добра, па само срцева да има, па само на второ ехо уште све да е добро, па само до 12 недела да стигнам... И нема крај, ни за момент не се смирувам, се мислам следното ехо нема да биде добро. И не го насочувам прашањево кон СИТЕ трудници, туку баш кон тие со ивф, кон тие што исто така биле навикнати да очекуваат лоши вести...