Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    1.179
    Со лесно нека ти е. :)

    Успат да ве прашам. Болни се тие вагинални прегледи, проверката колку си отворена? :tmi:
     
    На f.r.o.s.i.c.e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. f.r.o.s.i.c.e

    f.r.o.s.i.c.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    115

    Да ти кажам искрено секоја жена различно ги доживува тие прегледи,јад искрено цела бременост не можев да имам односи бидејќи ми беа многу болни,а прегледите сега што ги праам мислам ѕвездите сред бел ден ги бројам али не секоја жена го трпи истото некои немаат проблем со тоа ,не му ја мисли ич и да боли и да не боли вреди да истрпиме за Божјиот благослов :* до тебе'
     
    На Nova му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    761
    Мислам дека сите жени имаат проблем со вагиналниот преглед на бокс .До сега една не сум сретнала да рече дека и биле ок ,за мене најјезиво до целиот процес ми беше баш тој вагинален преглед за керка ми само еднаш а за син ми 101 кој помина си бркаше прсти мислиш желба си замислува :lol:
     
    На Nova и f.r.o.s.i.c.e им се допаѓа ова.
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Како сте мами? :) Ние со буцка си уживаме во последните денови заедно, ќе ми фали мешево ненормално, осеќам... :wasntme: Се спремаме за контрола утре, веројатно ќе ме задржат затоа што беше намалена водата доста минатата контрола, ако пак се такви резултатите одиме на индукција. Смешно ми е затоа што со месеци се бориме да ја задржиме внатре а сега ќе ја бркаме сиромашката, да не и направиме беља. :D :D Спремна сум највише на свет, по дома се е наместено, средено. Корпата вчера со тато ја местевме, најубава е на цел свет. :inlove: Одвај чекам да ја сместиме внатре. Креветчето уште остана вечер, и тоа одвај чекам за да знам дека се ќе си биде супер! Никој не знае, само тато и нормално цела Фемина како и обично! :lol: Се надевам ќе си поминеме со лесно, и ќе си се гушнеме со ѕверчево што се бори со мене девет месеци што поскоро! :)

    Фросинче, со лесно мила! :*
     
    На ddevojce, Jagoda123, f.r.o.s.i.c.e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. f.r.o.s.i.c.e

    f.r.o.s.i.c.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    115
    Ти благодарам Елена.мак :*
    Јас очекувам болките сега од 10 минути на 5 да се намалат и идемее во болница да се упознаеме со фраерчето,али искрено да си кажам болкиве се ужас се препотувам од глава до пети и назад :@
    Само се молам се лесно и брзо да пројде :worried:
     
    На Beautiful-Princess, ddevojce и elena.mak им се допаѓа ова.
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Само храбро, до вечер ќе бидеш мајка! :*
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Не ме пратија, незнам според кои гледни точки докторката не ми правеше испитувања, ми рече нема потреба.
     
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.756
    Пол:
    Женски
    Ете и јас се приклучувам тука, се надевам со лесно ќе биде, само здравје овие 9 месеци.
    Бев вчера на гинеколог и ми потврди бременост 6та недела, ми даде фолна, и контрола за две недели, затоа што плодот е премногу мал и нема оформено екстремитети.
    Ме замисли малку, нормално е во 6та недела да е толку мал плодот?
     
    На Jagoda123, Serafima, Nati.P и 4 други им се допаѓа ова.
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Добар ден женски шо убаво сите расположени баш ми е драго .. јас по дома си се лечам како и обично веќе ми скисна ама денеска се осеќам малку подобро ( па разни чудби правам редно беше да се подобрувам ) со бебушка се дружиме... па кај и да е ќе почниме да се припремаме наредната недела патуваме ќе одиме кај татичко.. бидете ми поздравенкии убав деен
    фросиче нека ти е со лесно... ќе си се гушкаш со бебушката твоја
    LaDyDoLl добредојде во клубот на трудниците со лесно да си ја носиш бременоста... па плодот во 6та недела многу мал.. шо се вика точка (сигурно покасно си зачнала затоа е така ).. нема потреба за загрижување... ја слушна ли срцевата акција или здравје на наредната контрола кога ќе одиш ти рекоа ???
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.756
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам...
    Ми рекоа исто што и ти :D дека е премногу рано, и дека за недела дена ќе може да се види бар нешто што би личело на бебе :)
    Друго не спомна, рече дека си е ок,матката е чиста, подготвена за плод и тоа.
     
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    тогаш уживај си во бременоста еден од најубавите периоди во животот на една жена... гали си го мешкото пиј си витамини или шо ти дал лекарот.. овошје зеленчуци течности. не кревај тешко и секако пази се од настинки.. користи превентива лимони чај супии.. поздравчеее :*
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Здраво и од нас
    Вчера беше голем ден за нас :) Се изнашетав. На доктор, па носев брисеви па во банка па во завод за здравство па пак на доктор па во државна :tmi: Цело Ск го ишпартавме.
    Вчера беше последна контрола. Бебушка супер си е. Сега има 3.100 кг. што е супер затоа што за мене ова беше голема грижа. Ми дадоа и упат за пораѓање така да со тоа е завршено.
    А ме прати на ЦТГ. Таму хаос беше.
    Некој крадел па полиција ќе викале па не знам што. Немаше никој да ме упати каде да одам. Еден болничар ми го виде упатот, ме прати во една соба таму една ученичка на пракса врска нема што да прави, збунета нешто брмља, ми вика обично одат прво на лекар па после он ќе ве прати ваму бла бла. И викам добро, кажи каде треба да одам, ќе одам кај докторот да ме прегледа па ќе дојдам. Таа вика ај не, нека, легни.
    Ме намести, го слушам срцето на бебушка и си уживам :inlove: како во воз да се возам.
    По неколку мин дојде една сестра и почна нешто да се понаша, не ставале они во 37недела ЦТГ, бла бла бла, ми се издерава мене, а девојчево и вика, па јас и реков дека треба доктор да ја види :x Викам ај да не се нервирам за глупости, не реков ништо иначе ќе и кажев убаво, јас инсистирав прво да ме упати кај доктор а таа рече не, и јас крива.
    Помина и тоа, ме виде докторката, ми рече контрола за една недела. И тоа е тоа. Сега чекаме наредна недела за ново асално ЦТГ (оваа одма ме исклуци, го скина тоа и ме одврзува абе мислиш душман најголем сум и :x , прв пат во текот на овие 9месеци одење по доктор некој да се однесува така, ама мораше и тоа да се случи,нели) и резлутати од брисеви.
    Докторката ме провери дали сум отворена, абе ни милиметарче. Ако си имам болки и тоа јаки, ако бебево е спушетено и бутка ко лудо надоле, ќе си чекаме термин,и се надевам не повеќе од тоа.
     
  13. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    LaDyDoLl добредојде во клубот на трудници. Овде се сите прекрасни идни мамички навистина. И јас сум скоро тазе во оваа тема, но овде има прекрасни девојки расположени за совети за се. :clap: Имај лесна бременост и уживај. Поздрав ! :* :inlove:
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Ајде Фросиче со лесно нека ти е. Дај боже да се гушкате уште денеска со бебушко. :* Нас во понеделникот вечерта не стегнаа болки уште во 9ипол вечерта, чекав до кај 2 ипол ноќта и отидов во ГАК. Болките беа на 7-8 минути, ме ставија на ЦТГ, тоа за контракции одеше до кај 60 и нешто, 4 цм отворена и ме примија на патолошка (баш кај што несакав :@ ). Арно ама до сабајлето болките се смирија, ме задржаа ај викаат да не почнат набрзо контракции, или да не се отворам повеќе. Шетав како луда, го мерев тоа ходничето на патолошка ама ништо. Утредента исто - отворена 4 цм и ни трага ни глас од болки. На овој мојов изгледа уште му е поубаво да дреме во стомак. :P
    Инаку малку офтопик, девојчето што лежеше до мене беше примено за висок крвен притисок и плус дијабетичар, а е во 37 недела. Ниеднаш не ја прегледале вагинално, само ЦТГ кое си беше мирно. И кога вчера првпат ја прегледаа, ја качија на пораѓај. :o Била 8 цм отворена, без болки без ништо. Ете значи немало правила за ова. Некој да ми го кажувал ова не би му верувала додека не видов со свои очи. :tmi:
    А да. Честитки Lady Dol. Имај убава и лесна бременост. :clap: :*
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.094
    Пол:
    Женски
    ме буниш со ова 60 на цтг и плус отворена :^) јас кога беб на болница пред 2 недели ми покажуваше 72 . 76. сега дури страв ме фајча што можело да ми се случи :doh: си се изнакркав болки од цуца моја. последно до колку покажува цтг знај некоја?
     
  16. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Честитки :clap: Имај си лесна бременост :)
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Како сте мешиња?
    Јас сум МНОГУ подобро! :whew:
    Прегорен шеќер, овошје, топла супа, чај од брусница и ја победив настинката. :)
    Уште кашлам, но крајот е на повидок. Антибиотици успеав да избегнам! :rock:
    Мешето ми е големко, а бебушко веќе не е лоциран само на десната страна, сега на која страна мама ќе се сврти на таа и бебушко си претка. :)
    Клоците и боксовите станаа посилни и повпечатливи, а јас се радувам секогаш кога сонцето мое ќе претне.
    Споделуваме нежности и љубов, секој ден во скоро истото време, јас и тато го галкаме мешето, а бебушко го чувствува тоа и се превртува од среќа. :D

    Им честитам на сите нови мамички, уживајте во прегратките со вашите најмили.
    Им посакувам топло добредојде на сите нови трудници и идни мамички. Имајте лесна бременоста и уживајте во секој миг.

    Ве поздравувам и ви посакувам убава вечер!
     
    На Domino и Agrona им се допаѓа ова.
  18. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    И мене ме збуни ова со 60 на цтг. И мене ми покажуваше толку а ни О од отварање. Докторката го виде а не рече ништо.
    Мислам дека таа сестарта намуртена ме симна од цтг прерано, после околу 5-7мин. :@ А баш почнаа да се покажуваат.
     
  19. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    ^Честитки butterfly.mk. :clap: :party: Ти кажав дека твојот син ќе биде побрз од мојава мрза. :lol:
    Инаку за болките, јас отидов со болки во ГАК на 7-8 минути, на ЦТГ то покажуваше контракции на матката до 60, а ме задржаа дека бев 4 цм отворена и докторката што ме прими ми рече уште малку да зачестат болките и ме качуваат горе. Арно ама се смирија до сабајлето. :^)
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Добровечер на сите...јас денес по прв пат си ги видов нозете отечени.Ама и искрено цел ден на столче го поминав така да нипто чудно.
    Инаку си се движам фала богу, ама како желче сум :lol: