Ladies, мора почесто да читам, многу сум запоставила одвај ве дочитав. Денес бев на преглед, си го видов сонцето. 160 грама, 16та недела, ми мафташе со рачето . Женско е Син ми бараше брат да има, ама по моја желба е. Железото многу ми е намалено од претходниот месец од 22 сега е 11. Сепак не ми препишаа терапија. Ве гушкам.
супер не да имало топ се тотхема по колку пиеше на ден, по едно или две? Јајца и телешко кога јадеш секој ден или? Јас телешко уште немам пробано дали можам да поднесам, јајца јадам али секој трет ден, инаку се некако мислам ќе ми се збогтисаат.. а и чај од коприва немам пиено, дали дека јадам семе од коприва со мед на сабајле и не ми текнало на тоа плус да е.
Во останати теми не реагираат, а ние овде ако не си помагаме во Труднички, кај на др. место? Значи, женски, полека се комплетираме со потребштини, па да ве прашам, гледам од Енци Менци еден стерилизатор па сакав да го купам, вие како стоите на таа тема? имате веќе купено,, ќе купувате? А да, и дали шишињава што веќе ги земав од Томи Типи, пластични се, ќе можам во истиот? На карактеристики пишува дека е за секакви шишиња Еве го: https://www.encimenci.com.mk/sterilizator-za-shishi-a-2-vo-1-chicco-739200000
Како сте мали и големи мешиња.. ние сме ок си растеме.. достигнавме тежина од 1910 гр.. а сме 31 недела и 3 дена... матичниот ми рече дека бебуш одговара на 31 недела и 6 дена.. и тоа баш ме израдува.. само ми кажа да повнимавам на исхраната за да успеам да го покачам хемоглобинот кој ми е паднат на 11.. уште нешто ме загчуди како е можно железото за 1 месец да се качи на 18,6 без никаков режим на исхрана без терапија без ништо а минатиот месец ми беше 10,5... дали крвната слика не е точна.. дали да ја сменам лабараторијата ?!?
По една на ден во чај од коприва со витамин Ц од 1000 ка. Јајца јадам претежно варени по 2,еден ден јајца со свекло салата а другиот дњн телешко.Го ставам во манџи,леќа,грашок,боранија .Можеш и на друг начин ама јас заради гестациски шеќер не смеам да користам глутен,лактоза ни шеќери .Така да ограничена сум ептен Инаку шеќерот од 6.1 паднал на 4.4
Здраво сегашни и мајки.Барав низ темиве но неможев да најдам соодветен одговор.Со првата бременост се породив 33 нед поради скратено грло.Сакам да прашам колкав ризик имам за во вторава бременост?Рана бременост сум докторот неможеше уште да утврди гн,ми даде терапија прогестерон и минрече само дека ке следиме бременоста.Сакам да знам колкав е ризикот да се породам предвреме и што може да се деси во бременоста?
Јас септември бев со едвај 2 железо. Ноември пред да забременам 6. Цело време од септември пиев хемовит плус па потоа и прегназол комплет и од 11 железото во јануари ми се качи на 16 сега во април. Па хемовит плус ми го прекинаа. А цел живот сум со слабо железо. И јадам многу зеленчук, цвекло, аронија...
Само да ви кажам дека нема правила во бременост дефинитивно 9 месеци немав лошење,поврајќање денес и од кока кола поврајќав ова е лудило. Се мислам па може и стомачен вирус да е,ми кажаа електролити да земам и чајче од нане. Смирено ми е поврајќањето но сум истоштена. Кај жена се е можнооо
Што беше причината за скратено грло? Уште е рано да мислиш на пред ремени породување, како што кажал и докторот, после прво тромесечие ке правиш зачестени контроли и мерења на грлото, ако почне да се скратува ке може да се реагира и д се превземе нешто. Не значи дека ке се повтори истото од претходната бременост. Мисли си позитивно и слушај си го докторот, со среќа понатаму
Па исто и јас се грижам за тоа. Но ништо не е во наша моќ. Верувам во Бога и се надевам на успешна бременост.
7не е многу страшно во бременост ама мене со 7 железо ми се вртеше, притисок ми паѓаше, главата ме болеше секој ден. И ги зедов овие. Абе верувај чудо, еве сеа реклама ќе им направам
Јас ја користам Pregnancy Calendar и мн ми се свиѓа. Има се за бебето, мајката, исхрана, приказ како изгледа бебето одредена недела, совети, графикони со твои мерки да си внесеш, споредба колкаво е бебето, можеш да пребараш што смееш или не смееш да јадеш и правиш... икончето е бебе во розево срце
Уште колку имаш? Мене нането не ми одговараше во бременост бебето ми го вознемируваше. Така да ако почувствуваш клоцање не се плаши од нането е.
Освен ако не си нормално со скратен цервикс, ради операција или слично, немаш потреба да се плашиш. Секоја бременост е различна и е приказна сама за себе. Како што ти кажа @Septemvri ќе одиш почесто не мерење, ке си примаш прогестеронска терапија за поддршка, редовни микробиолошки брисеви, не се преоптеретувај со големи физички активности и кревање тешко и ако не дај Боже почне да се крати ќе се реагира на време и ќе си истераш до крај. Среќно
Па по ехо 38+ ме водат пред 3 дена бев на цтг и преглед кпнтракции до 60 во понеделник сум повторно и ќе видиме што ќе кажат,а нането ептен ладно само можам да го пијам о тоа едвај 1 шоља не сум нешто многу по чај. Мене ми отиде паметот дека можно е и повтајќањево да е знак за спремај се хепи се ближи времето као некој предпородилен симптом нооо ништо не се знаае кај нас ме читаш тука до почеток на јуни
пред бременост на контрола ми беше 5.5 после тоа не испитав,следно ми беше во бременоста. Јас сум со пониско ниво на железо а хемоглобин во граница. И притисок исто многу низок
Девојки јас тестот го направив 11 ден после трансфер баш заради менструални болки..појачавме со прогестерон и пролутекс и ми се смирија 2 3 дена но денес пак имам болки не константни но повремени и малку се исплашив.Нормално ли е да ги има во рана бременост?