Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. NNA

    NNA Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2016
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    2.391
    Пол:
    Женски
    Фала многу, ти посакувам школска бременост и лесен пораѓај. Поздрав
     
    На Ive13 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    А и мене ми фуфка од спинална, истото и ја го помислив (facepalm) Додуша мене од секоја анестезија |( :@:^)

    Туку, да ве прашам дали некоја во теков на бременоста има периоди кога ја чешало цело тело... неколку дена се чешам ко шугава, дали е од шо се шлакам цело време со креми, дали од нов гел за туширање, ова не е нормално се да ме чеша :headbang: :headbang: :headbang:
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Да да да да!!!!!! Има моменти кога ми доаѓа кожата да си ја извадам!! Исто и често знаат да ми жежат дланките и стопалата, дури ми се потат... си прашав јас ми рекоа од хормоните е :wasntme:
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.994
    Јас се чешав ужасно до пред две недели, а изразено беше кога излегував од туширање. Си купив козјо сапунче од дм, природно демек, се мачкав со еуцерин, сега ми подпомина. Ми траеше некаде месец дена. Посебно колената ме чешаа и околу, рани бев. Никогаш проблем со кожа не сум имала.
    Инаку јас 32 недела, цервикс скратен, примив инекции за зреење, сега лежам само до wc, се насекирав малце ама мора да го дочувам и ќе го дочувам. :D Ма да јас лежам цела бременост, сега ни кафе не варам.
    Бебенцето е добро вака, мамино, сака да ме запознае, ама го учам уште од сега на трпение. 8)
     
    На Someday, eta, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Е баш така ми иде од кожа да излезам :@ Си викам од клексанот да не е,да не ми е проретчена крвта многу, абе филмови си праам :?: |(
    Страшно! Пробав и два дена со нишо не се мачкам, а само со беби сапун се мијам ..и пак и пак... еве сабајлево и од сон ме разбуди, на раце удрив да се чешам, цели раце...хаос... :( викам ај стомак шо чеша нели тегнење ова она, ама и грб се,буквално...ај белким ќе се смири... не ми беше вака до сеа...30+2 сум...
     
  6. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Леле месец дена чешање :headbang:
    Ќе полудам начисто! :sweat:
    Ајде одмарај ти, и мене ми рекоа после 32ра се крати цервикс, нормално е тоа...
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Може на некој ќе му треба (waiting):*
     

    Прикачени фајлови:

  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.994
    До хормоните е дефинитивно, јас што ти не правев, вриев па плавев дупло бањарка, па пешкир на едно туширање, прашокот викав да не е, сменив гелови со сапун, па само со вода се киснев, па само се цедев и сушев без пешкир, на крај си реков одам веледа да купам за туширање и престана само од себе. :D
     
    На NNA и Emma2 им се допаѓа ова.
  9. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Честитки :clap::hug::hug::l:
     
    На ivanshe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Ајде со среќа и смирено, намали на паника и се ќе биде како што треба:l:
    Ауу да! Цело тело чеша и ќе чеша до крај. Ми иде од кожа да излезам. И не е до кремите дефинитивно. Дан ти излагаат стрии што те чеша повеќе?
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    Што е разликата меѓу епудурална и спинална?
     
  12. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Не не немам ниедна стрија, фала Богу! а и стомак ме чеша, цело тело, ќе полудам :headbang: Добро е што не ми е некој механички проблем, туку ете и вие сте ја имале истава мака... ајде ќе се издржува некако, шо да се праи...|( Фала!!!!! :f:
     
    На Adeline и Martka им се допаѓа ова.
  13. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Еве ти еден мал стручен исечок: Двете техники предизвикуваат "вкочанетост" на определен дел од телото, преку привремено намалување на функцијата на спиналните нерви.
    Епидурална аналгезија претставува инјектирање на лекови во епидуралниот простор, каде што се наоѓаат нервите кои излегуваат надвор од спиналниот канал и одат кон различни делови на телото. При епидуралната техника, преку епидуралната игла се пласира пластично цевче (катетер) до епидуралниот простор и преку него е овозможена континуирана и продолжена администрација на лекови против болка, за цело време на траењето на породувањето. Значи, епидуралната аналгезија не е временски ограничена.
    Спинална аналгезија претставува еднократно инјектирање на локални анестетици и други лекови во спиналната течност, која е во директен контакт со 'рбетниот мозок. Предизвикува брзо, речиси моментално обезболување. Слаба страна на оваа техника е временски ограниченото дејство. Нејзиното времетраење е ограничено со времето во кое лековите делуваат врз спиналните нерви. Максимално може да трае 2-3 часа, а потоа дејството на лековите исчезнува и болките се враќаат назад, доколку породувањето претходно не завршило. Затоа, оваа метода најчесто се комбинира со епидуралната метода - т.н. комбинирана спинална-епидурална аналгезија.
     
    На Sofi.ja, Adeline, anastasijaki и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Даааа, и бањарка вриев и јас, и пижами неколку дена мењам по ред, едните ми беа од свекрвата испрани (имав дома мајстори, лонг стори) си викам да не употребила некој чуден прашок па да ме отруе, хахахах абе на душа ќе ја носам жената ни крива ни должна :rofl: Па и сунѓерче ново за туширање зедов, абе проект цел, шо све не пробав :whew: Маки... ќе истрпиме некако ај... фала ти :*
     
    На Magic13 и drugarka им се допаѓа ова.
  15. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Imate ideja kako da se zastitime nie bremenite od morbilive?
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.349
    Допаѓања:
    182.439
    Пол:
    Женски
    А нестручно, попросто да ти објасниме :D спинална се дава кај царски, со тоа што чувството за осет отупува од половина надолу, значи не чувствуваш ништо.
    А епидурал се практикува кај природен пораѓај со тоа што е цело време закачена за тебе и се дозира по потреба, и единствено болката се намалува, додека пак контракциите ќе си ги чувствуваш нормално. :)


    Јас се мислам за епидурал.. мене од анестезија ми е поише страв отколку од самиот пораѓај. :sweat:
    Па ако имате одлучено што и како, вие што сте следни, споделете по некое мислење. :!:
     
    На koritsaki, Sofi.ja, Ive13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    48.370
    Пол:
    Женски
    Не секогаш, природно се породив со лајт спинал :) се чувствував само болката се намали.
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.349
    Допаѓања:
    182.439
    Пол:
    Женски
    Не секогаш, ама најчесто е така. :)
    А кога сме на темата, да споделиш искуство, како се чувствуваше после тоа?
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @Yowannty јас па со епидурал се породив царски :D

    Тргнав природно (со провокација), и кога почнаа многу јаки болки си побарав анестезија, ми ставија, ама тешко ми одеше и на крај на итен царски завршив со епидуралот. Само ми ја појачаа дозата и немаше проблем. Беше многу брзо, бебка излезе по 5 мин откако почнаа :inlove:

    Инаку, не се плаши од ставањето на епидуралот, не е ништо страшно. Не ни осетив искрено, во колкави породилни болки бев, најмало гајле ми беше боцкањето. Проблем ми беше да седам мирна додека ме боцкаа, оти имав контракции на 30 секунди. Јас многу долго чекав, си викав ај да пробам без, па касно ми ставија, на мое барање. За второто здравје, ќе си знам со време да си побарам епидурал :D
     
    Последна измена: 19 април 2019
    На Yowannty, NNA и Ive13 им се допаѓа ова.
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    48.370
    Пол:
    Женски
    После ставањето на спиналот нозете ги осетив топли, и болките од контракциите се намалија :) нормално осеќав напони и кога да напнам, болки во кичмата и грбот имав дома кога бев наведната подолго време но беа благи.
    Инаку после два часа поминати на бокс кога ме префрлија во соба одма станав отидов во тоалет, се истуширав, да немав болки доле кај што бев шиена ќе речев исто ко да не сум родила така се чувствував :)
     
    На Flower123123, Ive13, NNA и 3 други им се допаѓа ова.