Што сакам вака нешто убаво да прочитам да ме огрее Уште да кажеш и каде го доживеа ова убаво искуство и да ми ја разрешиш мистеријата Јас од царски се плашам,мислам не од самиот чин на изведување и анестезии пошто тоа ми е нормална работа.Страв ми е од закрепнувањето после,мене бре матката и резовите од хистеро-лапароскопија ме болеа.Мислев ќе пукнат у секој миг,плус сама дома абе на сите 4ри бев свиткана за до тоалет да отидам првите 2 дена
Систина, Митко Ивановски, и јас имам хистеро правено ама немав ништо проблем после пораѓајот, едино малку цервиксот распука ко што рече Митко можно од хистероскопијата да беше, но не осеќав јас ништо ни болки, ни било што, си соши он се што требаше, крварев осум дена и после ко нова Со лесно и без грижи и страв
Абе мене не ме плаши самото ставање на епидурал, ме плашат последици. Една другарка на пример, месеци после пораѓај имаше вртоглавици и главоболки. Тоа ме плаши, оти сакам сама да си го чувам беблакот, и ред да и фатам од почеток. А по интернетов сфашта има, боже мој што се човек ќе прочита, уплав од обична работа да фатиш, а тек нешто поголемо. И ради такви работи на два ума сум.
Секое тело е различно и најголема грешка е што читаме се и сешто по нет. Опуштете си ја душичката, се е различно кај секој
Со упут од матичен во Авицена и Синлаб е бесплатно. Евентуално може 100ден да ти наплатат ако матичниот ти пише упут со 3 боцкања. Имај на ум дека во Авицена се закажува унапред, во Синлаб си одиш на лице место. Оди што порано, 12ч пред тоа не јади ништо, од течности само вода.
Мила денес матичната ми рече дека веќе не соработувале со синлаб и авицена затоа што не им исплаќале фзом,само на клиника се испитувале,а на клиника нели епидемијава и не ми се оди натака,па затоа прашав за на приватно.
Во Син Лаб ( Адриалаб) Аеродром во близина на ТЦ Бисер е 400 ден... Јас прашав и бидејќи немаат склучено договор со фондот таа им е цената.. мене ме препратиа во Јане Сандански бесплатно е нема воопшто гужва и боцкаат во прст не во вена.. два пати во прст.. одма ги добиваш резултатите по второто боцкање...
Здраво феминки имам едно прашање до Вас... Незнам дали ова е соодветната тема но ми треба помош. Вчера си земав од кај мајками едно коренче алое да си посадам но прво и се јавив да ја прашам дали може ако не и цела саксија да земам ама зедов. Е сега некои ми велат нетребало демек било како крадено може бебуш да има некаде белег дали да ги слушам овие бабини деветини?
Те сфаќам, иста бев, цела во паника од што читав се’ и сешто. Па за доењето колку бев преплашена, читав за мастит, па сигурно ќе нејќело да фати на почеток, бла бла, а немав апсолутно, ама апсолутно никаков проблем со бебка, почна да цица 2-3 саати откако се роди. Да не спомнувам дека ден два пред да се породам, почина родилката во Санте, па избезумена од страв отидов на пораѓај. Мој совет, опушти се и што помалку читај Еве од искуство на сите мои другарки со деца, ниедна немала последици од спинална и епидурал, а немав ни јас Се’ ќе си биде супер
Здраво, мешиња, пак јас. Попладнево цело време имам како менструални болки, и тоа само околу десниот јајник, не се страшни, на нерамномерни интервали се, ама сепак се непријатни коа ќе се додадат на болки долу во пубичната коска. Плус имам и за нијанса засилен исцедок. Дали ова се лажни контракции? Имала ли некоја од вас вакви наболувања, болки? Дали е ова знак за наближување на пораѓај? Нејќам да пребарувам на нет, да не ме фати параноја, си реков да ве прашам вас. Инаку 34+2 сум. И со лесно на сите.
Офф смениле во меѓувреме... јас лани правев во Синлаб во Кисела Вода не платив ништо, а пред два месеци правев во Синлаб во Тафталиџе платив само 100ден за третото боцкање. Пред да праам се јавив во Авицена во Тафталиџе да прашам ама немаа слободни термини во наредни две недели и не ми одговараше. Најубаво јави се сабајле по приватниве лабаратории и ќе ти кажат точно и цена и дали соработуваат со фонд.
Ова опушти се и помалку читај сама на себе си го велам скоро 6 месеци веќе Ама ете, сеуште, после уринирање, редовно, детално ја анализирам тоалетната откако ќе се избришам Едноставно посилно е од мене. Ма да иако последно време си наоѓам и други занимации, секако имам уште месеци за тенчење живци. Фала ти на добрите мисли, гушни бебе
Еве и од мене едно позитивно искуство за епидуралот. Не сум стигнала да пишам во породилни приказни. Немам никакви последици. Кога ми го ставија исто не болеше само ми исчезна болката. Нозете ми омлитавеја, едвај ги кревав но болка немаше, само стегање на стомакот. Кај мене не го успори процесот па за саат и пол по ставањето се породив. Дури ни на крај не чувствував болка само осеќав дека бебе притиска па знаев кога да напнам. Не сетив ни сечење ни шиење од епидуралот. Станав одма кога ме однесија во соба без вртоглавци.
Така нешто имам и јас, менструални болки чести, болки во карлица, половина, болки насекаде. Но не паничам бидејќи не се на редовни интервали. Не паничи и ти. Имам околу недела две така, сега се засилија, 36та за 2 дена влегувам.
Шо да кажам јас со поминат термин, слаби менструални болки и затворена скроз. Ниту прст се немам отворено Не знам зш...еве не знам