Neznam srcka kaj nas vo gradot nema takvi stvari.. vo edno ko od morska pena nosat hrana i dr nis nemas. Za toa spomanav, skopje e moze dr slucaj
@Adeline @flower55555 И јас како вас, осеќам притисок и болки долу, имам чувство дека внатрешните органи ќе ми излезат секој момент. Ама само кога сум на нозе и одам. Ако лежам или седам го немам тоа чувство. И срамната коска ме боли при движење, имам чувство дека ќе се преоплови на два дела . Претходно си планирав да пешачам како луда во 9ти месец за побрзо отварање и породување, но сега тоа ми изгледа недостижно... Едвај успевам 10 минути да пешачам 3 пати во неделата.
Што збориш Да не даваат онаков спакуван прибор пластичен во неповратна амбалажа,кошер програм Ај не е страшно ништо.
Хелоу мешиња Јас сега доаѓам од контрола. Цервикс ист, докторот вика дека е одлично тоа што не се намалува, ама бебка малку се подспуштила и ја напикала главата, пола глава не и се гледаше продлжуваме со строго мирување и квачење Сфатив дека од што лежам цело време телото не ми е научено на стомакот, не знам како да одам со него, како небалансирана гума сум и се ме боли а не поодев ни 100м Живи радости сум што видов сонце надвор Туку да ве прашам нешто надвор од темава, барав кај да пишам ама некако тука сум си како дома не ми се пишува по др теми Дали некоја од вас има искуство со стрептокока б, ама не во бременост? Јатрва ми се мачи со месеци, никако да ја откачи, па ако има некоја искуство или совет нека ми пише лп. Ве гушкам
Мачее,ко што сум на диета веќе 3та недела,у торба ќе си спакувам еуро крем,ишлери а богами и ако ми се погоди цимерка еден хамбургер по пола од 7-ца може да степаме не ми треба прибор @tetoviranta јас цела бременост ја имам.Она полесно ќе ја излечи ако не е трудна.
Кај нас во Охрид даваат прибор за јадење исто ко дома, само чаша си носам моја. Баш ме зачуди ова во ск. Туку јас сум за никаде. Денес желудников ме изгоре. Не знам веќе колку пати во вц веќе се исцедив. Малово ај шо стана пред 7 со "мама, њам", туку си напрај уште една џумка на челото. Аман веќе, една ќе помине одма по неа друга. Збеснат е скрос, само трча и се мава, сите ќошиња ги помина. Ве поздравувам, да каснам нешто.
Дали крвна група напишана у книшка со печат е веродостојна и ок за пораѓај? Гледам многу проверуваат пак,а мене матичната само ме праша дали ми е во книшка уредно со печат. Да не е задолжително пак да се проверува ,па оваа мојава да забушава. Иначе почнува бед да ми се праи со морбиливе. Вчера у Рамстор видов девојче со сипаници си шеташе со мајка и
Јас имам пластифицирано картонче од Сине-лаб за крвна група,ама кога правев комб тест пак ми проверуваа,пошто не веруваа на тоа нели и ми дадоа еден најобичен лист кај што пишува се .Направи си да ти е мирна главата после срц.
Се признава печат во книшка за крвна група, се признава и од приватни лаборатории. Важно е само да имаш испитано, не битно од кога, тоа не се менува.
И јас кога правев кумбсов тест пак проверуваа, тоа е во пакетот, и пред пораѓај пак проверуваат но мора да носиме во случај д се појави итност и да нема многу време за проверки.
Не ако тоа нека проверуваат,ама барем некако да биде по уредно напишано нели да ти остане да го имаш.Онака лист обичен ќе се зашутка,оштети тоа ми беше зборот.
И јас имам ама од крводарителска акција на старо презиме.. пошо се омажив и сменив презиме кој знае дал ќе ми важи... секогаш е со мене во здравствената.. си стои оддамна таму.. имам две едно е само со крвна група а другото е со крвна група и печати од крводарителството...
Никаков прибор не даваат, ни пластичен. Јас сум била хоспитализирана пред некоја година и во Државна и во Воена и во двете иста приказна. Мислев дека ќе се смени со годините, но пред 2 месеци другарка се пораѓаше во Државна и се е исто, ништо сменето. Јас и носев прибор, чаша, сапун, тоалетна и сл. Тоа е, не само по болниците, еве и во градинките за децата се треба да си однесат родителите. Џабе 2019та...
Искрено јас во ниедна болница не би користела ништо нивно.Зборам за сапуни,пешкири,тоалетна ни средства за хигиена.Тоа и во приватна да одам би си носела,дурии и шминки да ми стават за проба не би пипнала Е сега незнам што даваат за јадење,ама сигурно несе некои обилни оброци .Нешто ко ѓеврек и јогурт ваљда иде.Сигурно не се манџи Како и да е ,ништо не е страшно за ден,два па и пет.Да се породиме ние лесно и се да е во ред пред се па за друго мање више.Тогаш како и да е македонски менталитет,домашните со тенџериња ќе ти се нацртаат у болница
Исто, па ко ке ми речи некој од страна сега треба многу да се движиш, ми се иде да му лупнам шамар Јас до вц едвај одам, не па по 1h дневно да сум се движела Знам јас што е најдобро, ама неможам ми се чини се распаѓам Златен кревет, овај 9ти само во него ми поминува
Среќо да не претеруваме сеа, ако е за тоа и за по хотели ништо не треба да користиме што ни е дадено... јас ништо нема да носам, ми рекоа дека све има.. планирам баш така ко у хотел да си идам