Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.391
    Допаѓања:
    103.197
    Пол:
    Женски
    Плик ќебенца многу убави има во Стружанка, дупли и внатре со полнење, за зимски бебиња од мерак, а за овие обичниве за по летни бебиња не сум сигурна ама мислам дека има исто во Стружанка.
    Тетра пелени има во сите овие продавнички со македонски тектстил, Стружанка, Илинденка, Македонка....
    За читање ви препорачувам да си земете некое поинтересно книжуле за кога ќе почнете да читате да не мислите на болките туку да си читате без проблем и да не се нервирате секако.
    Мило ми е што слушнав дека условите во Гак се подобриле, иако ко што гледам некои работи исти останале, спавачите и облеката за бебенцата, ајде се надевам додека стигнам јас до таму и тоа ќе се смени :?:
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. busavka88

    busavka88 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    7
    Мамички јас само што се вратив од преглед, фала му на Бога добри сме, во ред сме, се видовме на ехо се сликавме а ми зедоа и брисеви. Само имам јас друг проблем... :( кога треба да ми земаат брисеви а и на обичен ехо преглед не можам никако да се опуштам, нон стоп се стегам, дури и за брисевите потскокнувам дали рефлексно не знам, како и да е знам дека не ми чини тоа, и др денес ме искара вика може да му наштетиш на бебето така што правиш ама и јас не сакам, не можам не знам како да го победам стравот, не знам како ќе терам вака ;( ;( ;(
    Бидете поздравени и имајте убав ден
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Е нема баш некој лек кој би ти го препорачале, освен дека тоа треба самата со себе да си го решиш и да видиш како да го надминеш.
    И мене ми беше болен и непријатен прегледот при земање брис, но тоа е, што се мора, се мора.
    Незнам како ќе биде сега на наредниве брисеви , а и тоа проверките со рака пред пораѓај, гадни се... како честитка за крај :lol:
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    да ти кажам право мора да сватиш дека некои работи мора да се направат, без разлика дали боли или не...
    јас така ја имам сватено работата она што мора мора, и да има некоја болка мора да се истрпи, или незнам за обичен преглед, оди со мисла дека не е ништо страшно, дека ке помини како се друго и на крај се е тоа за доброто на бебето ;)
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.853
    Допаѓања:
    40.269
    Пол:
    Женски
    Само опуштено , не се стегај при преглед .. се си е нормално
    Последните прегледи верувај се најнеугодни и треба и те како да си опуштена
    Прегледи со рака, да проверат колку си отворена , не е убаво и пријатно ама мора :sweat: :sweat:
     
  6. busavka88

    busavka88 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    7
    Знам дека мора да се помине, и точно е дека не е болен прегледот, ама јас пак се стегам ;( а бев порано испитував проодност на канали и два три пати претоа брисеви и пап, би требало веќе со песна да одам на земање брисеви ама не ... секој пат како прв пат
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.391
    Допаѓања:
    103.197
    Пол:
    Женски
    Леле немој и ти ко една трудница во Валандово што стегнала нозе нејќела да раѓа, рекла не и готово а бебево излегувало веќе. Победи го стравот вртејќи си во главата дека на крајот те чека едно уште побушаво створење од тебе за кое вреди се. Сите тие стравови некој ни ги вметнал во главата, како што мајка ми мене ми има вметнато дека боли поправање на заб и дека под дифолт ако одам во подлабокото во вода ќе се удавам, мислам те молам, размислувај на тоа како на најнормална работа, што всушност и е. Кога го прашале мојот матичен гинеколог како се справува со фактот дека секој ден гледа во вагини рекол дека тоа го сфаќа како работата на жена му, која патем е забар :lol: , дека и таа секој ден гледа отворени усти, па се е тоа нормално. Верувајте и ним не им е лесна работата, но честопати и самите се виновни, кога јас прв пат бев на гинеколог на брис кога го зема инструментот за да ме отвори спискав и му реков дека ако сум дете за него не значи и дека не разбирам и не сфаќам ништо, дека негова обврска е да ми објасни што ќе прави со тој инструмент и дека само така ќе бидам смирена. Знаете што ми рече, дека прв пат некој го прашува, па затоа и не објаснува многу многу, од тогаш кога и да отидам прво ми кажува што ќе прави па после почнува :!:
     
  8. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Јас пред неколку години го земав плишанко бело со еленче од продавницата во макотекс кај специјал во карпош 4 - таму се најефтини мислам околу 400-500д беше, а најверојатно има и во стружанка - многу вршат работа :)
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.745
    Пол:
    Женски

    јас од Џамбо си купив имаше и плаво и розево за 700 денари толку беше лани и убаво се затвора нели како плик со копчиња и патент :)
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Леле сега доаѓам од трансфузиологија и свечено изјавувам дека ова ми е прв и последен пат што стапнувам во клинички центар. Отидов во 10 часот и тек сега се вратив и тоа со врски за нешто што завршив за 5 минути, ама бирократијата со книшките, упатите, бројчињата,шалетрите се целосна утопија од неколку часа нервози со милион баби, дедовци, трудници и по некој нервозен сопруг што ја донел сопругата.
    Тек да се пораѓам во Гак? нема шанси.... нема да осиромашам за 1000 евра, ама со овие не сакам да си имам работа.

    :sweat: :worried: :geek: Не е на арно, ги добив резултатите и димерите ми се 3200 :sweat:
    Најкасно од утре треба да почнам со инекции :(
    Може некој да ми објасни со купувањето, мм не разбрал најдобро. Си ги купувам инекцииве приватно и после ми ги рефундираат во фонд за дравство? Околу 400 денари била една инекција, јас треба да примам 10 за почеток.
    Или си ги плаќам приватно и да се простам со рефундирањето?
     
    Последна измена од модератор: 9 април 2017
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Чувај фактури, сметки за да може да ти ги вратат парите. Ги враќале ама после подолго време.
    Зошто толку високи вреднсоти?? А постелката како ти е?? Чиста е??
     
  12. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Во вторник имам преглед ќе видиме, ова беше само анализи на крв, што требаше да ги направам пред да дојдам на главниот преглед следната недела. Во 12 недела кога бев, ми рекоа се е во ред, дојди за 8 недели заедно со анализа на крв. ;(
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А за што се испитуваат димери и во која недела? :(
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Да ти кажам и мене од ГАК ме пратија за овие испитувања, ама на приватно кај што одам ми ја гледаше постелката докторот и кажа дека прво на неа ќе се познава доколку има потреба стварно да се направат овие испитувања.
    Со оглед на тоа дека беше се во ред, не ни отидов да ги правам. Така да, почекај ,полека смирено, па види на што ред е работата од таа страна.
    Многу долг период од еден до друг преглед 8недели :^)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Стомачиња, само да ве поздравам....и да ви постирам едно смајли само за вас,сигурно и понатаму во постовите ќе си го користите
     

    Прикачени фајлови:

    • premama.gif
      premama.gif
      Големина на фајлот:
      3,1 KB
      Прегледи:
      139
    На m1lani му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Јас кебенцето го земав од битпазар по таа уличката што води накај атлантик тука на почетокот , јас го земав 400 ден , во Стружанка беше 650...
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    И мене ми изгледа долго, ама од првиот скрининг во 12 недела и следниот фетален скрининг во 20 недела, ми рекоа дека освен анализите на крв што треба да ги донесам, немало потреба да доаѓам, во 12 беше се во ред. Докторката на трансфузиологија рекла дека не било ништо страшно, на време сум проверила,таман за да биде средено на време, дека до сега димерите немаат последици врз плодот ама дека мора да се регулираат со инекции за понатаму.
     
  18. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Ииии да 37ма недела денессс :) :) :) :) :) колку бргу поминува времевооооо :) :) :) :)
     
  19. Mari-2011

    Mari-2011 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    13
    Навистина времево летааа... :) само се да си биде во ред, и јас едвај чекам да стигнам до денот Д :)
     
  20. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    И јас исто така, чекам да дојде денот иако ми е рано 16 сум ама некако имам страв од породување.Гледав некои видеа на youtube и уште повеќе мислам дека е изразен стравот, а по природа не сум паничарка ама ова незнам како ќе го надминам, можеби се ќе си дојде природно тогаш.За царски рез не сум размислувала, а знам дека во кумановската болница не даваат анестезија никаква, освен се разбира ако не си за царски рез.Искусните мамички нека одговорат како поминале, затоа што знам отприлика што ме очекува ама сепак кога ќе помислам на тоа некако чудно се чувствувам.