Нормална ли сум, бидејќи се што користев (шминки, креми за лице, тоници, креми за тела парфимирани, лакови/гелови, капки за коса,маски за лице) ама буквално се што е хемија исфрлив од употреба. Дури стик земав на природна база На храна не внимавам признавам Дали претерувам малку или е ок да се користат производиве? После за доење пак знам дека иста ќе бидам да си ги фрлам уште сега ако не секако рокот ќе им помине додека да почнам пак да ги користам И друго сакам да прашам. Што е работава со кратење на косите пред пораѓај? Само две што ги знам машки фризури си направија ама епен кратко се ишишаа. Другите ептен кратко до раменици а повеќето имаа доста долги коси. Толку многу смета косата при чување бебе? За одржавање не ми е проблем претежно ја мијам, ја сушам и репче ја носам (освен на спиење).
Мене косава ми е до пупак, густа и претешка за одржување ама ни на крај памет не ми е да ја шишам Некако се имам замислено како мама со долго косиште
Хелоу Јас душо носев облека за мене ко ќе излегвам од болница, ако сакаш и резервна спавача, додуша мене ми дадоа 2, пешкир, папучи, наметка, тоалетна, четка, паста, шампон, крем за лице и стик, а за бебето само пелени, павловичева и влажни. После ми донесоа облека за него ко требаше да излезиме. Мислам во главно то, не носев премногу работи, само основно, немаше потреба појќе за 3 дена. Струга знам со цели куфери одат со облека за бебето зш таму немале ништо. Со кој ќе се пораѓаш имаш договорено?
Женчиња како сте ми , има ли некоја како мене да дежура трета смена тргнав до вц и толку се расонив. Инаку да пишам , ми помина грипов , арно на време почнав супи да јадам , чаеви инаку антибиотикот не ми бегаше сега само носот ми се затнува па секако не ме остава да спијам Да си кажам сега второ тромесечие 15 недела одлично си се чувствувам , само што почнав некако тешко да се движам , без кондиција.. сепак рано е за тоа што ќе правам трето тромесечие . @ocicka2014 кога сме кај шминки , креми и останато јас внимавав горе доле и пред да останам трудна што користам, сега не може на се да пазиме де користи си што ти одговара ама кога може да се најде нешто се помалку хемии и кога постои органска козметика , зошто да не внимаваш Убаво да спиете
Ма какво мрдната @srekice за хигиена е муабетот. Божем еднаш се случило во наша болница да се лечи човек и плус да закачи инфекција. Јас пешкири нит во хотел не користам, не гледам зошто па на нешто вака деликатно ко пораѓај да немам свој. На список ми се 2 за купување, нови. Не ми тешко, од хигиена се што мислам ќе си понесам, макар 3 куфери не ме опраиле, што нема да се искористи си иде дома во пакет со мене, нема штета тука. Кој како си милува, ама и јас како тебе, за хигиена не праам компромиси. @koritsaki и ја дежурам. Будна сум веќе саат. А будна сум секако цело време на 2-3 саати и почесто во ноќта, ко програмирана. Не знам што ќе се праи со спиењево, ич не сум наспана, а ако не спијам сеа.. после па ич. Откако сум трудна се штедам. Полека зачистувам, полека готвам, додуша свекрва најчесто ми праќа ручек, толку што и дури салатите се измиени и искацкани за јас само да ги зачинам по вкус. Денеска и чистев и готвев и плус излегов и стварно едвај се дотркалав дома. Па следеше дневна доза паника на крај за заокружување на денот, да не претерав нели.. Ме чешаат брадавиците. Нормално е? И како да приметувам на врвовите се чудни.. ко да се лупат..
Јас само дезодоранс не користам, друго се како и претходно, пудра, римел, кармин стандарт, гелови, шампони, млека за тела исто стандарт. Вчера кога се вратив од работа на прслукот приметив жолтеникава флека на двете гради, дали е тоа колострум или да кревам паника?
Ај здраво и од мене. Ноќеска мослев дека ќе умрам од болки, на секој пола саат имав грчеви јаки и во матката,доле ниско,и во кичмата ниско. Тие што имаат осетено и што знаат дали се лажни контракции,да ми кажат дали е тоа тоа,или се шири матка. Инаку носам близнаци,и од утре влагам во 25 недела. Поздрав
Абе дај не се потресувај тамо.Исфрлила хемикалии надворешно што се користат,а преку храна внесува 100 пати поише отрови Седи мирна,средувај се и улепшавај се тамо.Ене и другарка ми некни,леле на фризер неможам да отидам да ме средиш ми вика. Море марш тамо,јас на 20 дена се фарбам се средувам дури и за до продавница се шминкам а она од кога дозна дека е трудна мислам ја фати у реп косата и сега само плаче неможам на фризер да отидам. Жена секогаш мора да е средена и дотерана ,па макар само сјајче на уста да имала.
Појди си на преглед денеска за да си раат. Се надевам не е ништо страшно, ама ке ти дадат нешто сигурно
Се што е со близнаци е нормално. Звучи лудо ама така е, стискаат од сите страни, тежина голема е. Појди си на едно ехо, нема штета
Која недела си? Мене во првата бременост од негде 6-7 месец почна да ми тече, не сум точно сигурна. Нормално е.
@flower55555 @Petra777 Ви благодарам на двете на одговорите. Бев на контрола, бебките се супер двете,болките не биле од контракции, од ширење на матка и тегнење на лигаменти е, и плус имам хематом на едната постелка, на бебето што го носам ниско, и од тој што тегне за да го исфрлам биле плус појачани болките. Кога ќе се собере се, налет нека е. Тоа а,строго мирување да догурам до 28 недела. Само бебките да ми бидат добро. Ви благодарам.
Фала ти Мартка на мислата, кај доктор Ина Станкова,приватно си одам кај неа, она ми ја следи бременоста, имав уште од вториот скрининг закажано за утре редовна контрола,ама неможев да издржам до утре. Супер е докторката,и ептен е темелна. Детално ми гледаше и цервикс,и постелки,и бебки ги мереше детално,мислиш скриниг ми правеше. И така.
Резултатите од приска за два дена ги праќаат на мој термин кај матичната.. ќе се јавиш на гинекологот и ќе ти ги каже резултатите какви се..
Охрид, веќе почнав да одам на цтг, закажано кај Мимоза, но се погоди на боловање и беше еден нов млад доктор што искрено ме бендиса, мислам Горан го кажаа така некако, го знаете? Имате некое мислење за него? Некое искуство слушнато? @Ive13 @Ygritte ?? Ти благодарам многу значи јас имам и вишок во торба
Маркоски Горан лепотанот мој е тој да не ми го чепкаш добар е се фалат од него лепотица имал и знаење и се интересирал многу.мислам за него рекоа дека му завршила специјализацијата во Скопје и дека веќе ќе бил вработен тука.