Денес ми земаа крв за Верифи и не знам како ќе ги издржам следните 5-6-7 дена, иако скринингот ми беше океј. Пробувам да се тешам дека се ќе биде добро и дека само ќе се потврди добар резултат ама пусти страв Претпоставувам на сите им било вака
Да, и јас едвај издржав 7 дена.. ама ќе биде се во ред, не се грижи! Си имаш години што се плашиш или?
Не толку годините (32), туку високо ФСХ и катастрофа АМХ, едвај стигнавме до овде, па се плашам повеќе од квалитетот на јајце клетката/сперматозоидот, а по се што поминавме сега и на јогурт дуваме...
А извини јас ко падната од марс .. зошто е тоа Верифи.. што значи.. најискрено не знам прв пат слушам за тоа... дали е тоа задолжотелно во бременоста и во која недела се прави...???
Аааа тој е тојјј Да веќе почнал, па се мислам да продолжам кај него, ме бендиса, беше културен, заинтересиран, не беше арогантен како другите. Скопјанец е? Знаеш некое искуство, некоја да ја породил тој, или да виде додека беше таму ти?
Тоа е тестирање на плодот преку мајчина крв, за не дај Боже какви било аномалии. Нешто како амнио ама не е воопшто опасно, само преку крв се тестира. И не, не треба да го прави секој, докторите го препорачуваат на мајки над 35 години или ако имаш некоја причина за сомнеж, нешто семејно и сл. Јас го правев поради тоа што пишав погоре.
Феминки, знаете ли некаде во Скопје да се продаваат едноделен костим за капење за трудници? Ми треба строго едноделен поради модриците од боцкање со клексани, ама до сега не најдов никаде освен онлајн, а немам време да ги чекам. Би благодарам!
Да ти го дадам мојот ултра секси едноделен јас од Котон од капитол лани го купив.Провери и тамо. Иначе има купачи во њу јоркер извадено веќе еден месец.
Не охриѓанец е мислам дека досега само присуствувал на породувањата зошто бил на специјализација а сега незнам
Ти благодарам многу, ќе го прашам јас мојот матичен, не би било лошо и јас да го направам тој тест... сигурно не е многу скап.. ма и да е скап ништо не е повредно од бебето...
@Adeline @Ive13 морее каква среќа сте ималее цццц тој е убајот доктор....Сега веќе е вработен ја заврши специјализацијата.... Супер е, многу е трпелив, заинтересиран и одговара на прашањата... Мене кога ме задржаа в болница пред да се породам тој се спремаше за специјализацијата....Фин, културен, млад и убав.... Бебка моја ја немаше таа среќа прво него да го види хахахахахаха, да и почне животот со убавини мене ми беше ептен незгодно да одам на преглед кога беше тој на смена има уште една Катерина .. Ама била арогантна Мимоза е на боледување и не се знае до кога супер тим се, Мимоза и Горан ... со лесно нека Ви е на двете, во убај раце сте
Ми олесна да ти кажам што слушам позитивни мислења за него Не мене не ми е пишано Мимоза да мд пораѓа, и за првиот пораѓај незнам што се деси дали се сменаа Господ да не чува само
Јас ко бев кога ме задржаа прв пат, Горан беше замена за Мимоза, пошто ме водеше таа, постојано беа во контакт.....инаку кога беше тој на смена тој пораѓал, Мимоза само во придружба била.... За секое породување мора да се двајца доктори.... Кај мене беа Боро и Мимоза ... Боро немаше време ни да седне на столчето, јас се породив. Инаку и Владо Устијаноски е добар лекар, но не знам дали заврши со специјализацијата.... Не се грижи, се ќе помине најубаво
А како се вика еден со репче доктор млад. Кога и да одев за боледување тој ми пишуваше извештај но со печат од Мимоза но не му го дознав името
Дај боже мила, кај мене на првиот пораѓај беше еден ко ниеден, џабе дремеше тука па уплав имам искрено. Ве и тебе и малата лепотица
За Горанче нема кој не го има пофалено. Башка шо ми е вујко ама не сме баш во контакт, појќе мама со татко му. Тој ја породи сестра ми и помина прелесно. Лично од Мимоза имам слушнато за него и за Владо дека се најдобри. Тој другиот е Тоше, другар му е на мм, вака на прв поглед изгледа кренат ама ептен е зафркант, исто е многу добар. Значи кој и да ни се погоди немаме мака. Конечно и кај нас саглам доктори иначе сите Струга ќе заминеа на пораѓај. Катерина не ја знам ама немам слушнато нешто убо за неа. Е сега Господ да не варди сите да поминиме со лесно. Јас само не сакам кај Боро, можда е стручен и се ама одбивен ми е, не ми остај убав впечаток.
Ти благодарам! Во Котон има за трудници? Вчера пробував во Њујоркер едноделни ама не ми го опфаќаат стомакот Ако не најдам ќе те барам хаха! Убав ден!
Тој со репче е доктор Тоше и исто со доктор Владо ме породија мене пред три години ама тогаш беа на специјализација во Скопје и доаѓаа во Охрид заедно со доктор Танески беа супер тим јас сум презадоволна од двајцата млади стручни ептен добри се