Иначе за брисот за стрептокока во 36та недела некој прашуваше пред некој ден. Не ставаат ништо внатре, само брис од кај анусот ми зеде и еден вагинално, рашири со рака и само стапчето го стави.
Не е за трудници ама се тегне може две да влезат внатре Дупли еластичен материјал е,не се проѕира,јас еве 33та па го облакам комотно
Некаде на темава прочитав убаво било комбинација на семе од коприва и мед со лимон мешано, бев во билна аптека купив семе, мед имам домашен, таа ми вика да прашам доктор прво, да не зимам на своја рака, утре со резултатите идам на преглед, да чекам утре да прашам или да си каснам сега?
Јас одев кога можев во текот на денот.освен ако самиот токтор ти каже пример за два дена дојди поручек инаку мислам кога сакаш можиш ако не е нешто сменето одтогаш не знам
Аииии абе докторов испадна ко овој нашиов од Систина шо го зборат, лепотан ваков онаков, Бојаџиев... ај дајте слика од вашиов да го видиме
Не мора да значи, зависи ако имаш болки, на 36 правев цтг и ме виде со рака докторката затоа што имав болки, ама излезе дека се лажни болки, после другата цтг ми беше во 38 недела ама веке со рака не, дирекно одам царски. Поздрав се најубаво.
Ja 2 tegli izedov med, limon i seme od kopriva. Hemoglobin od 127 na 140 se kaci. Jadi slobodno po 1 golema lazica nasabajle i edna pred spienje.
Здраво труднички Јас со запек имам проблем. Ем тврда столица. Боли мајко моја... ништо не помага.. ни киви ни сливи ни бутури, кажете што дрога да земам, нешто јако... оти гзов ми расцветуе по не знам кој пат. Не можам на гз да седнам 2 саати после тоалет, вчера од мака за тоа време ги пресадив сите кактуси. И после бременоста била најубав дел од животот. My ass најубав! И тоа буквално “my ass”...
Првите 4 месеци седев на шоља и плачев. Најсериозно. Пробав се што прочитав по форуми, уште чај од копито на еднорог што не пробав. Ме спаси Смокван сируп. На природна база е. Ама не помага во моментот како лаксатив, туку се пие редовно и ја регулира столицата. Мислам животот ми го спаси, барем газов ми го спаси сигурно
се сложувам мила и јас од блажена состојба ништо не видов, ми викаат лугево уживај дур си бремена после било тешкото, како да уживаш какви бакрачи бар јас не сум таа среќа да сум раат се нешто мачно ... за тврда столица нели викаа суви сливи да јадеш, компот од сливи, хм или грешам?
Ме изнасмеа со газот. Јас до вчера го имав овој проблем со запекот. Пробав се што е можно за течна столица. Мислам овошје сливи и семиња ќе ми пораснат во стомакот. Џабе Квачев во тоалет по неколку саати. Да бев кокошка ќе си имав јајца за Велигден. Хахаха. Освен со клизма ништо не помогна. Но вчера ме нападна стомачен вирус. Пишав во 2 тромесечие. Да не знае човек што е полошо, дали запек или 15 пати воден пролив во 6-7 саати. Денес сум зомби. Ама важно" уживаме" во блажена состојба. @tetoviranta мене смокванот ми помогна само еднаш. А 2 шишиња по ред ги испив. Се зависи од организмот.
@tetoviranta јас секогаш сум имала тврда столица и еднаш неделно. Ама организмов навикнат па никад сум немала проблем со тоа претходно. Првите 4 месеци имав редовна нормална столица и се чудев, среќна ми се изрегулирала. Да знаев што ќе следи.... Ова сега ме стегна последниов месец ипол, ми се стужуе животов и јас си приплачувам над шоља. Гинеколог за тоа само магнезиум и киви ми рече. Не ми препорачува ништо друго.. @Софија 88 све тоа ми е пробано ништо не помага. Уште молитва ми остана.
Помина моето. Да ти кажам за стрептококата дека уште кога ме примија им кажав дека имам и ма самиот пораѓај (мислам) ме боцнаа.После за секој случај го прашав докторот ми рече без гајле боцната си. Исто кажав и на бабицата за да му пренесе на педијатарот.
Што е иницијатор на пукање на водењак? Како да го стимулираме да дојде до пукање дома? Може звучи глупаво но... Барав на нет нема такво нешто, има само за омекнување на грло на матка бла бла. А водењак како пука?