Да се пријавам и јас, денес почнав 36та недела и 9ти месец. Бев на преглед, се беше добро, бебе 2700 грама, ми земаа брисеви, резултати во петок. На 3ти ми закажаа ЦТГ, во Систина кај Златко Палчевски ќе ги правам и кај него ќе се пораѓам. Леле некако многу сум возбудена...среќна, сите емоции ги имам во мене . Особено после синоќа кога прв пат осетив менструални болки, малце се уплашив, а денес ми олесна. Докторот ми рече дека бебе е сеуште многу високо, и предвидува дека породување ќе се случи подоцна накај 23ти - 25ти мај, во 40та недела. Имајте убав ден мешиња!!!
Неможе да се испровоцира пукање на водењак. Ама и ништо не менува, освен ако веќе се почнати контракциите кога ќе пукне стануваат поинтезивни. Има ситуации кога водењакот пука, а не почнува процесот на пораѓај па се иде со провокации или царски, а има ситуации и обратно, па го пукаат во болница. Јас бев 8 прсти отворена, водењак не ми пукна, дури бебето почна да искача со водењак, ми го пукнаа на бокс и од што беше под притисок експлодираше и ги истушира пола персонал. Не му ја мисли ти за водењакот, битни се контракциите и отварањето, водењакот е најмал проблем
@Beautymom јас од зегин го зимав, нешто помалку од 500 ден. @Yowannty јас па обратно. Претходно идев во вц буквално после секој оброк. Стално викав дека имам ферари метаболизам и дека затоа ништо не ми се фаќа. Затоа 3 дена не идење во вц мене ми беше хорор филм. Исто приметив и дека одкако ќе примам прогестерон депо инекција обавезно 2-3 дена си имам проблем. После и прочитав на гугл дека тоа е една од ретките нуспојави на прогестеронот, ги прави цревата мрзливи. Еве и сега ги примам секој понеделник и до среда обавезно се мачам и апсолутно ништо не ми помага. Аххх оваа блажена состојба....
Ауууу бре жено,ја не би овој да ме пораѓа @Emma2 ја и ти кај овој на прва контрола после пороѓај исклучиво вагинален преглед
Здраво женски. Да прашам што мислите во 7ми месец разумно е да се оди на одмор? Планираме некаде поблиску, на пример на краците, почетокот на јули. Само таму ми оди паметот. За првата бременост исто бев во 7ми месец Калитеа, ама тогаш многу не се мислев. Сега се само некои филмови си правам и се премислувам. Од друга страна ми се оди Некоја да не била во местото Посиди на првиот крак? Пишав и во друга тема ама слабо се активни. Или за Врахос на Јонско се мислиме.
Ние уплативме за Посиди за средина на јуни кога ќе сум 7 месец пред 8. Врахос јуни било ладно бидејќи е јонско море. Ќе кажам искуство. Искрено и мене ми се оди, а од друга страна ми е страв. Годините си го прават своето.
Посиди е мало и мирно место. Врахос мислам дека е залепен за Парга. Многу е убаво, но е нагорница и плажите не се баш блиску.
Плажата ми е битно да е убава, да нема бранови, да не дува и да е плитко за син ми. Не ми смета ако е мало местото. @Presrekna ќе те чекам да кажиш како е. Преку booking резервиравте? Агенциите немаат смештај за таму или јас немам сретнато.
Хахахахахахах ваков убав викаш да не ми ја гледа потечена? Мм вика добар пристап има најверојатно е добар доктор, му викам аман секој маж би рекол жена нека те пораѓа
Овај не бил ни женат Колку год има? Нека се жени додека не му се згадило од жена, какви нема кога ќе се расчепатат
Преку агенција од март уплативме. Сега барав за пријатели нема преку агенција. И преку букинг резервираа. Ќе кажам искуство.
Како вработена во туристичка агенција, за со мали деца, поблиска дестинација, од срце ја препорачувам Неа Потидеа. На почеток на првиот крак после каналот. Мало и мирно место, а сепак има кај да се прошета. Песочна широка плажа, плитка и мирна вода и со преубав парк за деца. Идеално е за фамилијарен одмор о стално ја препорачувам за фамилии со мали деца. Јонски брег избегавајте го пред сезона и почеток на сезона, камен ладна е водата. Ако ви треба нешто слободно пишете, тоа ми е и работа и струка
Како е Посиди за трудници? Прв пат одиме таму. Заради близината на морето 20м е плажата од хотелот. Инаку одиме на 1 крак во Крузо вилиџ на Ксенија плажа ама е 400 м од хотел. Јас искрено сакав Лагомандра сме биле но немаше место за тој термин. Препорачај ни нешто бидејќи и викенд сакаме да одиме на пр за 24 мај