Една по една лепотици има место сите ќе не прегледа принцов да не ми се грижите @Emma2 @srekice @Adeline @Martka
Бев на преглед, супер ми е баш се и мокрачата и крвта, железото малку намалено, ама тоа е нормално, прашв за медот и семето од коприва ми кажа дека е подобро само на сабајле да јадам по една лажица, невечер не. Една работа не ми е јасна, ако има некој што повеќе разбира да ми појасни Јас имав последен пат добиено на 16 март ми траеше до 21, односи имав од 24.03 до 7.04 нон стоп, докторката вика 5 недела си, како кога јас правев тест на 8.04 беше негативен, и на 13.04 тогаш позитивен. Секоја бременост ли се води така, откако започнала менструацијата??
Здраво лепотици како сте? Гледам во термини јас сум на ред како си поминуваат деновите така се повозбудена сум и се повеќе се плашам Првородка избезумена
Ахх јас си реков само јас забегувам Незнам како и до кога ке тераме, на малово убаво му е в стомак само си се тегни а јас а застанам на нозе повеќе од 10мин одма ме фаќаат болки, осеќам тежина и се си мислам ке излези ке седнам и поминува се
Мамички како сте? Јас вчера бев на преглед, бебето е излеа маже, др. рече дека не е сигурна затоа што се криеше со нозете. Се беше во ред само др ми кажа малце поише да мирувам затоа што како што ја сфатив ми било меко грлото на матката..јас немам физички тешка работа ниту кревам нешто, не ми препорача боледување рече дека не страшно. Некоја мама совет да даде или со вакво искуство?
Мамички 30та недела сум, денеска имам болки во долниот дел на стомакот поготово на левата страна а утро мн ме нолеше ме стегаше кај папакот. Страшно е нешто или да не паничам џабе.
О да ти кажам само мислам што уште треба, дали спремив се, а што ако му текне утре да излезе, а што ако спремам па така стои цел месец торба како со првото
Кај мене не важи ова второво ме изнамачи и еве уште ме мачи осми месец а со првото не ни знаев дека сум бремена што се вика само до трет повраќав и толку после супер цела бременост а ова ме докрајчи
А јас да прашам ,кога мерам притисок кај гинекологот ми е низок, последниов пат ми беше 90 со 50 и она вика низок добро е. Не ми е јасно како е добро кога нормалниот е 120 со 80?
Мила јас сум 22+и на моменти осеќам како тебе,ќе ме фати,ќе ме пушти.Само имам и на моменти болки те во лев,те во десен јајник(но читав за тоа дека е нормално и се шири матка и малку се смирувам).И таман да решам да одам на контрола ми се смирува.А каде е крајот...јој....
Истите болки ги имам и јас од време на време. Не би требало да е нешто страшно. И јас сум 30та недела, ако не се лажам и ист термин имаме
Без паника мајка.. не е страшно јас го поминав тоа, матката се шири и затоа се болките... бебе исто расте, натежнува се тегне се протегнува ... затоа болките се јавуваат.. исто така од тогаш почнуваат и лажните контракции.. барем така ме информираше мојот гинеколог.. сега сум 32 недела и 3 ден.. ги имав тие болки и уште ги имам.. сега имам и грчеви... стомакот се стврднува, верувај чудно е чувството... оваа недела ми почнаа и киселините .. ме убиа ама тоа е .. се е минливо .. се трудам да уживам во бременоста.. ги занемарувам болките и се друго.. пробај и ти.. со лесно нека е
И јас цело време се мислам дали спремив се и пак имам оставено уште нешто за земање во последен момент, оти имам предчувство дека ке си тераме до термин Уште 2 неизвесни недели Значи знаеле/не знаеле, не знаеме кај тераме пред крај Фала, леснина кај сите