Здраво мешки. Прво се обратив во прво тромесечие но, сакам и тука да прашам. Сакам да ги прашам трудниците со ИВФ каде правите брисевите и пап? Кај матичниот или кај ИВФ докторот? Незнам зошто, мене ми е "шубе" да одам кај друг. Може глупо ќе звучи, спекулум се става во бременост за да се земе примерок за пап и брисеви? Леле може без веза е прашањево ама се прашувам како би влегло тоа? Јас како зацементирана сум долу, одвај стапчето Кринон влегува
Не би требало да е добар толку низок, до 60 е нормално, под 60 е ниско многу, незнам зошто така ти рекле, побарај друго мислење, освен ако не ти било моментално па сега е во ред.
Не, туку така моја предпоставка Абе си седам дома, секој ден си имам лажни контракции и си прам филмови Туку кажи ми ти како беше со хормоните после првиот пораѓај Тазе родилките околу мене забегуваат ептен
Мене секогаш ми е толку низок. И пред бременоста бев со тој притисок и сега, дури сега и 80 со 50. Некои денови не можам од кревет да се станам, енергија нула.
Кај матичен прави си се што е брис,пап,крвна слика .За брисеви можеш за да не ти е шубе во авицена да ги носиш а и не мораш.А за поголеми прегледи и контроли иди си кај докторот за ИВФ и носи ги резултатите.
Леле ми олесна дури се расплакав, па среќа и бебуш на неколку пати промрда па ми олесна. Од пусти страв никако неможам да уживам во бременоста се ми е страв нешто да не се случи.. Оффф колку поинаку замислував дека ке биде сега само се туфкам се плашам само со убаво да помине живо здраво да биде. А за киселини да не правиме муабет раат немам од нив цела бременост а поготово последниве две недели неможам ни да спијам хаха. За стомакот нелолку пати така ми се стврднал мислам ке пукне. А какви се тие контракции стварно нз како да ги препознаам. само со лесно да ни е
Второто убија. Леле колку спиев трудна, како да знаев што ме чека. И сега дете спие, јас нз зошто дремам. Абе спијте додека ви се во "фиока".
Ејјј да бе..нит спиење ,нит бутур. Болат кукови,грчеви,отоци.. Ми се плаче колку ми се спие на грб и на стомак. Нит уживање у бременост,нит убавина видов
Повеќе време навечер во вц поминувам одколку во кревет Ај бар за неспиење сум навикната со малиов дома
Викаат лесно е да си трудна, ама незнаат колку години ни се крати животот, колку телото се уморува Како бе се чудам раѓале по 9-10 деца, кутри прабаби наши...
Ке гледам да ја избегнам депресијата И јас, посебно овие 2 месеци спијам најмногу што можам Дење,ноќе иако на рати максимално користам да спијам Јас фала му на господ неможам да се пожалам од бременоста.. Ваква бременост на секој му посакувам Не повраќав, киселини многу слабо и без по сериозни проблеми.. Во глобала многу лесно ми поминаа овие 9 месеци.. И како шлаг за крај 8ми и 9ти месец боледување си земав и одморам скроз
Па знам мајка дека е тешко за уживање ама потруди се.. така ќе.е подобро и за тебе и за бебе... киселините јас дури сега ги имам.. значи до 31 недела немав проблем ама затоа 32 низ нос ми искочи, ниту можам да спијам ниту да јадам... а нормално е да се плашиш но немој до толку, се ќе биде ок... за лажните контракции па ти веќе ги имаш .. тие стврднувања, грчења, болки, притисок во долниот дел на стомакот, еден вид менструални болки, чувство како долу да се случува нешто, како да сака да искочи бебуш.. сите овие симптоми не се чести затоа и се викаат лажни.. кога ќе зачестат е тогаш веќе се вистински... но тоа се дешава некаде 39 - 40 недела...
Здраво и јас имав таква болка,инаку сум 17 +4 и матичниот ми кажа вчера дека можно е уринарна инфекција па денес ме прати на урино култура. Беше ли на преглед? Што ти кажаа на тебе? Мене болката веќе 4 дена па сега ќе чекам резултати .