викаат од двете зла еден е подобар. Од притисоците нискиот е подобат одколку високиот посебно во бременост. Затоа ти рекла добро е. Нормален притисок ретко да се има во бременост. Јас имам константно низок мене 90 со 60 ми е нормален ако имам од 120 нагоре значи ми е прилично висок со 135 имам инекции примано за висок притисок.
Јас цело време бев со низок притисок а за . чудо во бременост секогаш ми беше 120 со 80 ,120 со 70 и немав мака од него
Јас цел живот сум со тој притисок, 90 со 60, а сега во бременоста дополнително ми паѓа. Си функционира така мојот организам, и добро ти рекол гинекологот, дека стварно подобар низок. Не се плаши, само пази на станување и нагли движења.
Лажниве контракции, поодвратно нешто нема... аман веќе, дури и чешањето ми се намали, сега ме подбраа овие... цел стомак затегнат ко пушка, плус во долниот дел наплив силен, мислиш искачаат готово.. оди па најди позиција за лежење, седење... ах, глеам ја финишов ќе биде напнат.. а таман мислев со лесно си поминав..
@Sofi.ja @Lepoticata јас цел живот сум со 90/60 притисок. Сега бремена 80/40. Матичната ми рече ќе те запишам како феномен. Но функционирам супер. Подобро низок.
Зар незнаеш дека секој финиш во животот е напнат Туку, како се свртени бебушките, со главчето надолу? Знам дека ќе одиш царски но ме интересира дека близначиња
Од кога почнуваат лажните контракции? Јас сум цел ден активна, само навечер кога легнувам ја чувствувам бебушка. Сега и на стомакот и внатре кај вагината кај задниот дел ме дрма. 23 недела ближам.
И јас денес истото со го помислив. Како можат другиве да се жалат, ме се ок ми беше. Од кога влегов во 7, а сега 8 почна се нешто да не ми се погодвит. А од вчера уште херпесиве ми фалеа
Да маче така е, апсолутно си во право, секој финиш мора да се запне троа поише. Едната е со главчето надоле, другата е карлично. На два последователни контроли, вака беа во оваа положба..
Појма неам од кога, ја сум 31 +2 , и веќе некое време како ги имам, ама сеа некако се засилија последниве денови..
Ај уште за ова да си прашам. Какви ви се градите девојки? Некако денес ми спласнаа. До 14 недела беа ненормално болни и ми пораснаа. После болката исчезна. Но сега ги гледам некако истушени. А 23'недела ближам.Само пупките ми се осетливи. Нормално е?
Ти благодарам. Сигурно најстара сум тука и пак со 300?????? Гледано од страна имам школска бременост, без гадење и повраќање на почетокот. На нозе цел ден. Да не ми расте мешко не знам дека сум бремена. Ама пусти страв и само анализата ме убива. Имав тежок спонтан пред 6 години и никој не мислеше дека пак може да забременам. Па стравот и искуството си го носи своето Фала ти мила. Ме утеши
@Presrekna Нормално е. Така памтам од претходната бременост. Сега дека и дојам немам поима кога какви ми освен дека ужасно ме болат кога цица синко. Туку женски до кога ви траеа мачнините?
Штом е така опуштисе и уживај мила, се ќе биде во најдобар ред, малце барем намалиго стравот затоа што сосем неможе никоја трудница да го исклучи, секогаш имаме некој? ?
Еве ги утрово ме разбудија.. Болки доле мислиш ке добијам па како струја да ми поминува низ долниот дел на стомакот јајници болки до немај каде...леле вакви ако се лажните кога ке дојде ред за стварно кој знае како е...