Не си ме тагнала убаво,случајно сега видов Јас цела бременост ја водев кај Лазарова и скрининзите. Многу сум задоволна од пристапот како објаснува се,само и се наљутив на крај што ме остави да чекам до наредниот ден за да ме пораѓа. Лазарова,Ливринова,Данева, Џикова,Симеонова сите тие се одлични а најважно стручни. Лазарова е во Понеделник бо амбуланта,Ливринова во четврток. Јас бев со претходна историја и беа комплетно посветени и на прегледите и другите доктори кога одев на конзилијарно мислење за боледувањето.
Здраво девојки. Ние сме на крај од 8 недела, близначиња сме. Извинете ако се повторувам, не паметам дали овде сум споделила. На безглутенска исхрана бев 6 месеци пред инвитрото. И еве уште сум. А јас постојано гладна. Се плашам да не не се хранат доволно. Инаку бебињата супер се развиваат, Петановски е многу задоволен. Им се познаваат веќе рачињата, ножиња, папочните врвки... Иако се минијатурни сеуште. Сакам да прашам дали има некоја од вас што е на безглутенска поради проблем со антитела и по насоки од доктор. Како се справува со гладот и дали прави некогаш отстапки? Убави празници имајте мешковци
Мила јас сум со високи антитела,правам контрола кај ендокринолог,но си јадам све.Не знам колку безглутенската храна помага за нивно намалување.Да не ме сватиш погрешно,ако ти помага безглутенската храна продолжи,но сепак си бремена и консултирај се со Петаноски,матичната или ендокринолог.Секое добро
Нема ништо поздраво за организмот од јадење безглутенска храна,тоа е точно.Татко ми ја стави мама на диета и сега е топ модел женската Инаку тоа е на Петановски некоја политика,јас пред 6 години кај него исто праев ин витра 2 и ме стави на безглутенска диета,арно ама мене не ми пријаше,се ми се сведе на нула и лошо завршив на инфузии. Е муабетот ми е,ако можеш така да тераш,терај си.А за нон стоп гладна верувај и леб бел да буташ во бременост пак ќе си гладна.Таква е состојбата.Битно да си добра ти и бебињата. Со лесно
Петановски не ме ограничува воопшто. Тој ми вели јади си што сакаш. Јас сум дамнешен пациент на Кочо Димитровски и тој е многу ригорозен кога станува збор за антителата и исхраната. Мене ми беше покачено минимално само Anti Beta 2 Glicoprotein Iga. Нема глутен и нема шеќери за да се регулира. По негова препорака примав и интралипидна инфузија. Пред 2 дена кај него испитував д-димери (уредни) и хемостаза (уредна). SFA ми испаднаа две вредности позитивни и ми го продолжија клексанот. Проф. нагласи да продолжам со истата исхрана со можност за многу ретки отстапки дека сум бремена сега. Ако има некој со исти маки, нека пише лп да не одземаме место овде.
Па мајка како ќе осетиме ние како е да бидеш родител.. немај гајле лажните контракции некогаш се јаки некогаш слаби но не се чести.. затоа опушти се, чести ќе бидат таму пред порагај.. на 10 до 15 мин.. и ќе бидат болни.. сега се подносливи.. барем јас ги поднесувам сеуште.. освен контракциите и јакиве киселини шо ме мачат др се е ок.. имам добра бременост... а веќе сум 32 недела и 4 дена...
@bela.m Кочо е многу по ригорозен од Петановски . Јас одев кај него ама многу пати од предострожност ми препишуваше клексан, аспирин, дополнителни испитивања... па затоа сега одам на трансфузиологија кај др. Јани. Според мене останува да си го слушаш Кочо, сепак тој те води или да побараш второ мислење од уште еден доктор. Сепак никоја друга не може да ти даде подобар совет од докторот кој ти ја знае состојбата. Поздрав и со лесно да ја износиш бременоста. (Да дополнам дека кај Петановски си во сигурни раце).
Многу ви благодарам за препораките на сите @Minnie-e така и се чувствувам кај Петановски. Ти благодарам на охрабрувачките зборови
Се ке помине само бебчовци да се живи и здрави дај боже мајка и со лесно да е и до пораѓај и на пораѓај
Тоа е најбитно.. бебушките да ни се живи и здрави... да истуркаме до термин без проблеми... па кога ќе дојде терминот со лесно да си се породиме.. и да си ги гушкаме малите ангелчиња...
Добро утро , Христос Воскресе , за многу години! како сте мешиња? само што станав , легнав касно , вчера бевме во црква до ќерка ми и моите родители па со другарки продолживме во кафич на јадење Вчера се преморив , прави те бомбици те руска салата , кифли ама па затоа денес ќе чекаме гости Имајте убав ден , ве поздравувам
Христос Воскресе, навистина Воскресе! Овој Велигден со полни утроби, другиот Велигден да го дочекаме со полни раце. Догодина други да се со полни мешиња, се така да расте бројот... Нека не чува Бог сите! Ние од денес ја почнуваме 9 недела. Со лесно, на сите па и на мене. Убав празничен ден имајте
Навистина воскресе. За многу години Велигден. Да сме здрави и живи и до година со бебушите. Јас пак со моите ????. Три дена станувам потна како туширана. И некако слабо ја чувствувам беба. Само кога ќе легнам на грб да ја чекам или кога седам скупчена одвреме навреме како икање осеќам. А и килажа од некни со вирусот стомачен кога намалив не ставам. Се мрднав, а празникот кај нас нема доктор на хитна а не гинеколог. Секое искуство ми е добредојдено. Инаку ближам 23 недела
За многу години Велигден труднички, нека Бог ни подари здравје, среќа и многу леснотија и во бременоста, породувањето па и после со бебушките...само нека ни мине без никакви маки и проблеми.. Гушки до сите уживајте во празниците. Инаку честито синче до @NNA живо, здраво и големо да расте ....пуштај среќа сега и кај нас да помине се во најдобар ред
За многу години празникот. Сите здрави, живи, среќни и в година побројни @Presrekna не се плаши нормално е некои денови помалку да ги осеќаш движењата. И јас оваа бременост малку осеќам движења, добро уште е рано 18та сум скоро, но во споредба со претходната слабо мрда. Ајде на 4ти сме на преглед пак ќе ги видиме бебушките.Мене уште ми немаат јавено во колку часот треба да одам.
Исто и мене ми немаат јавено. Ми рекоа 2-3 дена пред терминот. Знам дека не е иста секоја бременост. Секој преглед Др Битола и матичната ми викаат дека многу мирно бебе носам, ама вирусот од пред недела ме плаши. Иако помина, бидејќи имам лошо искуство пред 6 години. После вирус во 9 недела , мртов плод цели 3 недели во мене имав почеток на сепса и никој не ми даваше надеж дека ќе забременам. Но Господ е голем, само да не сочува до крај и да дава кај што нема. Се гледаме на 4 Мај, ќе се препознаеме по мешињата.
За многу години празникот женски Јас само да се пријавам дека уште ништо не се дешава Си седам дома и си чекам... Енергија за ништо немам.. Потеков во стапалата неможам да стапнам Сама останав да се жалам, другиве што сте при крај имате време