Мене гинекологот ми правеше ехо пред две недели и ми рече за две недели да одам за Даунов синдром. Пред да отидам за даунов синдром пак треба да отидам кај гинекологот за да ми направи ехо? Зошто он ништо не ми спомна пак да отидам кај него за ехо да ми направи
А ти даде упат? Колку што јас знам за овој тест потребни се информации за бебето, односно ехо кое е направено истиот ден кога го правиш тестот. Јави се кај докторот и прашај си.
^Добро што ми кажа, во вторник треба да ги земам резултатите од брисевите и со нив ке отидам кај докторот и ќе го прашам
Мене не ми се случило досега..се надевам ни отсега.. а знам дека се случува ..викаат доколку имаш киселини бебето ќе има косаа..
Мене сноу киселини ме утепуваа грлото ми жежеше мислам ми гореше оган во него никогаш пред и после бременост ане сум имала такви киселини .Што ли не пробав и на крај ми успеваше сода бикербона истурам во чашка и малку лимонтус и кога ке ставиш вода она врие е тоа кога врие да го испиеш мене ми помагаше пробај не губиш ништо и не е штетно ништо и за изненадување кога се роди момата моја косааа????јок пола глава и беше само како мов а останатиот дел ептен гол без мов а коса немаше ниакде е па види ти сега еххехехе
Оо да, и јас имав при крај на бременоста, траеа неколку дена а ми помогна сода бикарбона со свеж исцеден лимон
За оние кои прашуваат за првиот скрининг за Даун синдром, да не ги буни, прво треба да прашаат кај матичниот дали го прави тоа ехо, ако нивниот матичен има такво ехо, се прави кај него и истиот ден се оди на државна или приватно која како милува и се прави приска односно ти земаат крв од вена и пополнуваш краток прашалник во смисла колку години имаш, болести во фамилијата итн. Доколку вашиот матичен не прави ехо за скрининг ве прашува кај сакате да го правите и ви дава упат. Доколку одите во државна отидете кај вашиот матичен порано оти тој треба да ви закаже компјутерски па гледа на компјутер кои лекари имаат слободен термин. Обично се зафатени првата недела, па имаш термин за две или три недели, а прв скрининг нели се прави од 11 до 13 недела. Јас поминав одлично првиот пат во државна, ехото е абдоменално, и веднаш после него те праќаат доле во лабораторија за приска. Читам и за некои мамички кои се прашуваат за полот на бебето. Бабините деветини ама немаат никаква врска. Ниту интуицијата може да биде 100 % точна. Останува само трпеливо да го почекате терминот после 16 недела отприлика за да може докторот убаво да види. Мене на почеток сите ми велеа дека носам машко, немав никакви мачнини, не повраќав, а бе се заборавав дека сум трудница. Ми се јадеше кисело и сето тоа демек било знак дека носам машко. И јас и мажот ми некако бевме убедени дека е машко, такво чувство имавме и двајцата но на последното ехо кај матичниот, пред една недела, значи кога бев во 17 недела отидов да закажиме термин за втор скрининг кој ми го закажаа дури за 24 декември, па ме виде матичниот на ехо и ми делуваше прилично сигурно дека носам девојче. Сега на вториот скрининг со 4д без двоумење најубаво ќе си се покаже ама верувам на докторот, го гледаше 15 минути и ми вели не гледам ништо меѓу ноџињата Мажот ми беше на работа, едвај чекав да му ја соопштам веста ама не сакав по телефон а сакав да му направам изненадување па на лист хартија со црвено мастило напишав: да ни е жива и здрава ќеркичката. Кога си дојде од работа, ме буди и ми вели како помина на ехо, што чекаме? Јас се насмевнав и му реков - одговорот ти е во нашиот свадбен албум. Уживав додека го гледав како возбудено ги врти страниците, кога го најде ливчето со насмевка го прочита и гласно извика - ќеркичкаааа. Тоа беше навистина момент ко за на филм. Така што, што и да биде, дал машко или женско, секако ќе ви биде мило кога ќе знаете
Snow, пробај со Рупурут, ги има во сите аптеки. Мене матичната ми ги препиша, доста ми помогнаа, а исто и јаболки јадев. Може се е индивидуално, зависи до желудник, а може и овој совет доста ќе ти користи. Воедно, имам едно прашање, кој знае молам за одговор. Вчера сабајлината, нешто на секојдневната ми имаше истечено, згрутчено бело прање ама со винска боја некако. Не беше крв, ама нешто така бледо црвено беше и доста густо. Ми се згади од глетката. Што може да е? Дали е нешто што ме прегледуваше докторот вагинално? Вчера имав болки на секој саат, кога ми почнаа од еден попладне па се до десет саат вечерта, ми траеја по 5 минути отприлика, а денес пак како за промена немам некои си константни болки, онака само, во кичмата, во јајниците, кога како. Во вторник ми рекоа да одам за последно цтг и да останам за породување. Сега не знам што конкретно ми се случува. Да не беше тоа чеп случајно?
Срц и мене ми истече така, мислев дека е до чепот ама еве после два дена ок е се. Така да сигурно е од вагиналниот преглед зошто и мене ме гледаа вагинално па после ми се деси ова. Не им се брза на бебушкиве
dobro utro mamicki... stanav u 4 za u wc i ela sega da te vidam.. vrti suci nemozeme da zaspame a sekako i ke mi se prejade..koj ke tropoti u nikoe vreme u kujnata....more daj da si se navrtam jas i da si prodolzam so spienje.... od tel sum se izvinuvam za lat
мене ме скинаа киселини значи од сабајле до вечер страшно нешто мислам дека и вода да се напијам почињаат ...... едино пијам Гавискон сируп (незнам дали го има во мк) тој ми помага и гледам пред спиење да не јадам (едно добри три саати пред спиење), после оброк овошје никако или навечер овошје никако до кога ќе траат стварно незнам се надевам дека што поскоро ќе поминат па да релаксирам малце
така ке биде до крајот еве јас сум 37 недела и секој ден си страдам од киселини,мене најмногу ми помага малце сода растворена во вода,ама проЧитав дека ако ја пиес Често не е добро за зелудникот па некогас знам да се напијам ладно млеко и тоа помага
Здраво и од мене. Супер сум јас уште два дена во 7ма недела . Единствен проблем кај мене е тоа што кога и да помислам на јадење мене ми се гади, не да повраќам едноставно ми се гади и ете вчера цел ден ништо не јадев, па се смеам кога се мачев да ослабам не можев ама сега кога останав бремена сигурно. Инаку сум супер, внимавам, не кревам тешко, не се оптеретувам многу но доколку можам и е се во ред, сакам да бидам активна, не сакам да залежувам. Поздрав до сите мешковци од мене и топлете се....
добар ден,добра вечер и од мене вечер сум легнала накај полноќ а после во 4 наутро се разбудив да мочкам и до 8 немижев никако да заспијам,али надвор ладно ми беше мака да станам и ете ме накај 9 сум заспала до 12 добро се одморив. бебушко го слушам чука и почна да бутка гледам како расте се посилно ја чуствувам убавицата на мама деновиве само врне и надвор не сум излегла,ми се пешачи малце,не сум пешачила со денови се надевам ке се оправи а ако не ке морам низ трговски да шетам па ке си купиме нешто Tака мили мешиња времево си лета поздрав.
И јас немав апетит во првите 3-4 месеци од бременоста. Поради тоа што не јадев ништо и го оставав желудникот долго време празен, се што потоа ќе изедев го повраќав. Мора да јадеш! Можеш по малку, но повеќе пати во денот. Битно никогаш не го оставај желудникот празен.
Јас се породив тоцно на 5 декември во 23:50h,во дрзавна болница многу лесно поминав,бебушко се роди 3550 гр,а долго 51 сантим,и двајцата сме одлично само еден ден во болница бев и одма ме пуштија дома,сега си се мазиме Ви посакувам среќа и со лесно да си пројдете сите што очекувате бебулче