За многу години Христос Воскресе да сте ми здрави живи весели да си се породиме сите најубо ве гушкам сите имајте ми убав празничен ден
Девојки дали на некој им се појавил како топче позади десното уво,ми се појави и на допир ме боли.Што може да е?Да одам на лекар?Да го оставам така?Иначе сум 23+3.
Христос Воскресе труднички За многу години Велигден. Нека дава Бог полни мешиња и здрави бебиња, за се друго ние сме јаки и самите ќе си преживееме се. Убав ден ви посакувам.
Ако те боли не е страшно. Можеби лојна жлезда. Види денес утре како ќе биде, па ако е исто барај совет.
Девојки, среќен празник за многу години денот и само убавини да не следат. Сакав да прашам, какви се оние болки кои го најавуваат породувањето? Читам некој имал слаби, некој јаки, некој нормални а некој дури после 7 прста почнле да ги чуствуваат. Каде точно треба да боли? Јас влегов во 9ти, прва бременост ми е затоа и прашањава ми се за смеење.. стомакот ми е повеќе време камче, ме боли долу, некоја остра болка но не е редовна. Тие вистинските болки се исто вакви? Ме фаќа паника да не закаснам во болница зошто незнам кога точно ќе биде време за да тргнам... Лееее.. хелп, се мрднав
Вистинските болки траат 30сек, макс 1мин. Ако е болка што е константна и држи, не се контракции, бебе се врти нешто прави Значи контракциите се вака отприлика: болка нешто како менструална доле под папокот и се скаменува цел стомак... држи држи држи 30секунди и после пушта и раат си 5,10,15,20мин зависи на колку време се јавуваат, пак кога ке дојде болката пак макс трае 30сек/1мин. Кај мене траеа по 30,40секунди. Јас со второто имав бодежи, стегања од 35,36та, а си терав над термин, така да опушти се, нема шанса да не ги познаеш вистинските и со лесно
Мене кандидава пак ме нападна изгледа Имам од вагиналетките што ги користев уште некое незнам дали смеам да си ставам матичната дури четврток е на раб да не ја замарам сега.. 38+4 сме денеска си велам нема да е проблем... шо мислите?
Христос воскресе! ! ! За многу години нека е, трудни женички Да го славиме празников следната со полни раце!
Жалам за твојата загуба. Исто и јас имав спонтан во 20та недела, преголема траума беше за мене, потоа од стрес 2 години не можев да останам бремена. Никој тоа да не го доживее. Ама како што кажа каде е Господ никој не е, да не чува сите. Еве денес цел ден бев активна, со шетање, со гости и сега како кафеав иседок на секојдневната влошка забележав. Не е многу како неколку точки ама паника ме фати, утре не знам дали ќе можи да се прегледам. Човек да не е раат.
Труднички не ме свакајте погрешно ова за сите се однесува, ве разбирам мн добро за сите лоши работи што ви се случиле, не дај боже човек да ви е во кожа само вие си знаете како е...но ве молам барем во оваа тема да не се спомнуваат загуба на бебиња во бременост, секоја од нас има некоја лоша случка во животот и разбирам сака некаде да се изнакаже и олесни, но верувајте и јас имав дешавка деновиве, но овде не ја спомнав за да не исплашам некој ... Ве молам да се воздржиме сите од лоши теми овде, не сакам додатен стрес да си правам во бременоста, сепак имам уште мн до породување... не ми е потребен ни на мене, а верувам ни на никоја од вас...ве поздравам и посакувам среќен празник. п.с се надевам нема лошо да сум сватена намерата не ми е злонамерна, баш напротив би сакала да се заштитиме сите од нервози.
Софи, во право си! Дури мислам дека не треба ни во Породилни приказни да се споделуваат туку да има посебна тема за тие трагедии кои не ги посакувам на никој. Доволно си праиме филмови, па уште и да читаме за тоа. Ве молам и јас за воздржување. И секако мислам соодветна тема треба да има, да не отвара секој туку само тие кои го преживеале истото. Господ нека е со нас, никој веќе да не искуси негативно искуство.
Ne si edinstvena.. Sinoka ja pominav cela vecer vo bolnica zaradi lazni bolki I strav.. Samo cudno mi e Normalno li e vo 38 nedela samo 1 prst da sum otvorena?
Земи си пробиотик. Најдобро природен. Јас ќефир земам. Помалку благо повеќе овошје, јогурт и зеленчук. Јас ја имав пред неколку години само со исхраната ја решив. @Софија 88 и @Emma2 во право сте. Помислив на истото но пусти страв тера сегде помош да бараш Се извинувам. И мене се ме плаши а обично сум оптимист и бестрашен карактер. Но едно бебуле те менува. Посакувам сите да сме добри и со лесно да се радуваме на рожбите.
Добро вечер трета смена... Си размислувам вака за некои работи што ќе ги направам откако ќе се породам. Прво спиење на стомак... Оооо барем 5 мин. Второ, ладно пиво, грч, да се поти шишето/криглата. Трето, одам на фризер, кратка боб и промена на боја. Очајно ми треба промена. Сега фенот ми е најголем непријател и долгата коса па само во репче ми е. А некое жешко ме фатило, ако залади, јас сум со пуштена клима, а веќе се покривам со фротирка. Ова не е жалење, ова е само мечтаење за некое време што следува. Ооо и еден педикир ќе се частам. Се лакирав пред некој ден и тоа среќа од горе не гледам убаво а од блиску не можам, којзнае како сум налакирана. А за петите да не збориме. Ама уште не се до очај дојдени.Додека сите шетаат за викенди, јас се частев прошетка до маркет. Ееее до маркет, сега таму излегувам. Доживување. Ама затоа уште си имам една количка на ум, за после да не се приберам.. За пораѓај не мислам порано да го пуштам, иако сум на ризик. И не мислам воопшто. Гледам клипови на јутуб, и сите викаат прекрасно/магично искуство. А кај нас?? Кај нас знаеш што ќе ти речат за утеха, ничим изазвани?! "Абе немој да се плашиш за пораѓај, се заборава" -"Ама не се плаш....." -"Ич да не се секираш, се ќе заборавиш." Јас на сите трудни после ќе им викам дека било прекрасно искство (само да се роди живо,здраво) толку. Убаво да си ги поминете деновиве и среќни празници.
2 вечери по ред сонувам дека сум се породила... А навечер сум жива вода, топлини ме фаќаат, се потам. Преку ден сум ок. Сакам да се породам веќе, незнам како да убрзам процес..... Стрии на стомак цел црвени жар, незнам зошто кога мачкав 300 чуда.. Ако, нека. Ќе избледат, но сега ме нервираат дека црвени. Се осеќам ккао медвед, 22 кг поправена