Хахаха исто!! Овие две работи ги зборам цело време Поготово за пивото грч ладно пиво и цигара (ако можам да ја испушам) И да, едвај чекам да носам закопчани фармерки си ги носам уште старите фармерки пред бременост ама ги факам со ластиче колку да ги држи нешто Едвај чекам да ги облечам и да ги закопчам
Здраво, Најпрвин Христос Воскресна, за многу години да се празниците. Јас пишав пред некое време, не добив одговор, ама решив пак да си ја пробам среќата 8ма недела сум, дека имав болки и некои траги од светло розев исцедок ми препишаа Дабростон, Утрогестан вагиналети (сабајле и вечер) и во саботата примив Прегнил. Но, од пред 2-3 дена осеќам некое печење долу, малку и ми е страв да не имам некоја уринарна инфекција и од тоа да се болките. Ама ништо не работи деновиве и др. Не ми се јавува. Па сакав да ве прашам за совет/мислење. Дали можат Утрогестан да се пијат(оти се мислам ми спомнаа така) и отприлика колку време би требало да се исчисти мокрачата од Утрогестанот, па да идам да направам уринокултура?! И дали е дозволено чај од брусница? Јас пијам по 1 шолја на ден Извинете сметња и на подолгиот пост. Убав ден
Девојки и јас се согласувам околу негативните искуства. Сите ги имаме. Ретки се жените што немале немил настан. За да не се стресираме дополнително, да си пишуваме позитивни работи овде. И така на се "се тресиме", да си олесниме малку сами. И јас кога го прочитав погорниот пост поврзан со настинката се избезумив и си реков да не читам некое време тука. Немам намера да навредам некој, воопшто не, муабетот ми е оваа убава тема да не ја полниме со неубави работи. За жал, постојат и треба да се спомнат но, подобро во соодветните теми.
Утрогестанот слободно може да ги пиеш, брусница смееш ...а за уринокултура можеш и сега , ќе си се истушираш и средниот млаз урина ќе си го собереш и да падне нешто внатре не е страшно, мн пати имам прашано доктор за ова ми рекле ако имаш бактерија нишо нема да поремети да се види.
@Adeline ако го најдеш лекот за провоцирање пораѓај кажи, не се трпам веќе И ми е жал за бебево нема место да се сврти
Женички честит велигден за многу години да е празников. Не можам да ве дочитам. Ден да не се уклучам веднаш имате "материјал" за читање. Како го поминувате празников? + следува 1ви мај собирајте енергија јас од денес стартувам со 25та недела. Невероватно како брзо ми помина времево.
Здраво девојки. Како сте денес? Сигурно прејадени и пренапиени. Бебињата немаат место во мешковците. Со лесно тие што чекате болки деновиве. Деновиве ме има фатено несоница. Како зомби се будам на секој пола час и не можам да заспијам. Знам дека има многу и меѓу вас кои дежураат 3 смена. Што превземате? А чудно што наредниот ден не ми се спие.
Јас супер апетит си имав до сега ама сега едвај јадам.. Место за ништо немам во желудников и по сто пати во денот јадам по малку како маче.. Јас дење спијам, ноќе дежурам.. Ми се спрема организмот психички
Уфф овие денови пукнав од јадење буквално се имам изнајадено тестенини (кифли со руска , јајца ) и потоа осеќам тежина на желудникот , буквално стомакот како балон ми станува . Ајде уште 1ви мај да пројдеме и толку потоа на "диета". И веќе да ви кажам почна да не ми се јаде толку , бебето расте сега повеќе и повеќе , и мислам полека ќе немам апетит како порано. Утре сум 16 недела , а наредниот понеделник здравје на преглед. Тука во Мк ми кажаа изгледа е женско , ама мислам во понеделник ќе знаеме сигурно Не ми се верува колку брзо поминува времето , дојдов тука на 19.4 а во сабота ќе треба да си одам кога си одам ми е најтешко поготово првите 2-3 дена. Ќе ве замарам сега наредниве денови ама кога си се искажувам овде на форумов ми олеснува. Сепак јас доаѓам во Мк три пати годишно и си седам со недели , некогаш и месец дена преку лето , ама секое одење многу ми е тешко и на мене и на ќерка ми , но тоа е... Имајте убава ноќ
На кого кажуваш.. Скоро една недела, секоја ноќ околу 3:15/3:30 се будам и точно до 5, 5 и нешто око неможам да склопам. Менувам и положба и страна на креветот ( го жалам мм) и се туфкам и офкам и така доаѓа 5 саат па некако само по себе заспивам пак. И официјално станување ми е во 8 гроги.
Оф знам не сум сама. Ама барем последните недели ги трчате. Тренинг за натака. Јас имам уште муви. Синоќа легнав во 1 станав во 2 до 4 дежурав па заспав до 5 и во 6 наспана. Ама се надевам бебето мирно да ми биде и ќе спиеме. Хахаха @flower55555 немораш да јадеш треба да раѓаш @koritsaki се согласувам за диетата. И слободно мила пишувај тука затоа е форумов да ти олесни. @Мариаа. Баш ќе пробам со б6 @Emma2 знам многу дежураме. Ама јас ни денски неможам да дремам.
Луѓе ви се случува ли до срце да ви дојде, последниве 2 дена а легнам одма... еве штотуку го имав тоа искуство, луѓе како да ќе ми го извади срцето... грч и нема мрдањње... си офкав до сеа.. ја молев да се спушти подоле.. ах маки наши
Мене околу 30 недела ми се случи неколку пати и тоа нервозно да клоца, па боли... Јас го чешкав и галев и по некое време ќе падне надолу, ќе смени позиција... Сега сум 34та недела и од денес послабо го осеќам и многу долу.