@FreeMind мирно е. Вчера бев на контрола, бебка супер, си расте и си клоца срце мајкино. Цервиксот ист. Ми земаа и контролни брисеви па сеа чекам рез. На вадење на тоа отварачот (спекулум беше?) и се затвори нагло и ме штипна внатре..сите светци ми се наредија пред очи Малку ме уби времето деновиве па едвај преживувам, тоа ми стандард реакција и кога не сум трудна, ама сеа ми е проблем што не можам лекови да се напијам. Затоа ме снема да пишам, ама редовно читам. Туку влегов вчера во 8ми, не ми се верува дека се гледа крајот на моево лежење Фала ти што помисли на ме
Еве и јас да пишам за првпат овде .35+1 сум али веќе почна многу тешко да ми биде.Неможам да лежам ,неможам да седам,стомакот од пред некој ссат ми е камен тврд ,незнам дали е тоа нормално.Бебе нонстоп клоцка,дури болиНавечер веќе не се ни спие Среќа од утре официјално не сум на работа
Да ве прашам како спиете? 19та недела сум, мора ли на лева страна да се спие? Никако не ми одговара сакам на грб или на десна страна?
Кај мене од десната страна, кај ребрата му се ноџињата на малово и грчеви ме фаќаат и ме болат ребрата ме мава ептен јако И баш пред некој ден му велам на мм да беше од левата страна ќе се извадев од памет ќе си мислев недај боже ме стега кај срцето Уживај, како ке расти и ќе качува на килажа се повеќе ќе смета и ќе боли, ќе немаат место. Ништо не и е заштитена си е таа внатре. Јас 100 пати се имам "акнато" до сега
Samo ova e spasot. Jas cela bremenost so kiselini sum od prviot mesec I uste mm Mi gi kupi od apteka neznam Dali gi I'ma vo mk predobri se za 2 min zaboravas deka si Imala kiselina
Киселините ќе поминат кога ќе се породиме Утеха. Ама тој муабет бабски дека со коса ќе биде, на моево ако е така суканици ќе треба да му правам. Јас се научив да живеам со киселини. Него со жешково што правиме ... Едит: Психички не сум спремна за пораѓај, не ни можам да замислам како ќе биде, ниту сакам да замислам. Кога ќе дојде, ќе му ја мислам.
Денес примив инекција за зреење, 32ра полна утре сум. Ќе примам уште една утре. Ова да ти биле инекции кортикостероиди, ми рекоа и чешањето ќе ми се исчезне..ај баш да видиме!
Мешиња големи и мали кажувајте каде во околина на Центар и Карпош1 да го пратам муж ми по лубеница, дали сте виделе негде деновиве? (во Деликатесен Тинекс и во пиљарата карши Горки обично има вонсезона ама сеа како за беља нема)... 7 месеци кенкам за лубеница, ама последниве денови сериозна стана работава, сонувам лубеници, само на лубеници мислам, кучево ко лубеница ми се гледа... ќе полудам
Не не рано е тоа.. мај да го истуркам... сега примив пошо сум 32ра, а тоа за близнаци значи 34та, а за обична бременост во 36та се примале... затоа сеа, не било проблем..
Аа епа супер, дај боже да си изгурате до крај со убаво само, со лесно, јас искрено не сум информирана за тие работи, па затоа мислев се спремате
Знаеш дали ќе работат утре? Има мм прв да биде таму да ги чека да отворат Уфф ако има ќе бидам најсреќна на цел свет...абе Среќиче среќа носи