При обична т.е единечна бременост не се даваат овие инекции сепак се кортико и ако нема индикации за предвремено породување не се даваат а близначка бременост бидејќи сама по себе носи ризик од предвремено породување во 80% затоа ги даваат .... ама ако супер што си над 30 недела , терајте што може повеќе барем ќе си мирна во овој период уште бели дробови треба да се доразвијат а вака ке убрзате процес барем знаеш и да дојде до пораѓај ќе биде се развиено со помош на инекцииве... сигурно и со тежина веќе си се ок среќно и со лесно до крај кај мене деновиве едното е некако доле поставено и кога ќе ме акне луѓе баш боли и мислам во момент ќе се помочам се надевам ќе се помести
Па сигурно работат.Прво нека види во веро во трговски доле во подрум што е ,ако не може и онаа пиљарана до тинек во центар.Незнам како да ти објаснам освен на почеток на пролаз што води накај валијант шоп
Секое Веро утре работи... со сигурност ти кажувам бидејќи јас сум вработена во еден од тие маркети ... за нас нема празници ни викенди ... секогаш работиме...
Девојки дали е нормално да се чувствува болка во вагината, како притисок некој? 18та недела терам. Болка во стомакот немам. А во вагината како да ме притиска нешто, дури не можам да опишам, како некоја нелагодност.
Нема во пиљарата кај тинексот, денес беше таму и во деликатесниот тинекс. Блиску ми е Веро 2, доби веќе задача кога ќе стане утре да иде да види. Тешко него со мене
Мими фала ти на деталниот опис,ова не го знаев, дури и се замислив прееска викам како ова развивањево на вештачки начин ќе се одвива, да не погрешив што стаив..ама ете си имало зашто се примаат... утре втората треба! Ти која недела беше? Иначе, и мене така ми се поставени една доле кај вагина мислиш ќе излезе кај и да е, другата па најгоре удира кај срцето ми стои и се тегне цело време...
Немојте жени вака денеска мм цела Битола ја сврти праски неможеше да ми најди, сега и лубеница и цреши ли да го пратам да ми бара
Мене памет ми дојде со јагодите. Мм пред некоја недела ми купи,плачев пиштев дома и кога ги пробав бљааак. На нафта мирисаа. Од тогаш сум мирна и чекам сезона да дојде за друго овошје Мада лубеница..јамиии,уф леле..убаини
Здраво мешиња мали и големи... од денес стартувавме со 33-та недела, бебето си ужива ... мрда, претка па дури и почна да ика.. ме убиваат киселините ама некако издржувам.. е сега ми текна нешто во врска со шумливите таблетки.. дали во бременост е дозволено да се пијат шумливи и тоа од кругер фирмата.. не можам да најдам никаде на нет за ова па може Вие знаете... сепак шумливите од фирмата Кругер се јаки и е дозволено само една дневно... убава вечер труднички слатки
Ма со што сака нека се, и на пластелин нека има вкус морам да стаам лубеница во уста... уште пред тест да напраам реков дека сакам лубеница, 31+2 сум сега, замисли колку време ја мислам, не можам веќе да чекам Инаку за инекциите, јас ги примив заради ризик од предвремено. Мн се распрашував и читав, ич да не се секираш. Воопшто не штетат, а многу помагаат. Башка што одкако ги примив мн се смирив психички. Не дај Боже да се случи да се породиш пред време ќе дишат самостојно. Сега уживај и гали меше @srekice ќе му речам на мм во потрагата по лубеница да ѕирка и цреши да не има, ако види ќе те информирам
јас прејадена не сум. Досега се си беше нормално ама последнава недела јадам... Машала. Да не ми остане покусо хахаха. За спиењето првите 3 месеци не можев да се изнаспијам а последниве 3 мислам дека доволно се наспав па слично како тебе. Многу рано станувам малку спијам а навечер ако се разбудам спиење на куку. инаку магнезиум пијам пред спиење и ми помага многу,брзо заспивам
јас многу чудно спијам. На лева страна малку и на стомак малку а 25та недела сум. На десна ми е поубаво. А што,има некое правило дека треба на лева? Важно на грб никако не можам да спијам. фала за утехата,јас среќа па уште немам мака со тоа ама уште сега ме фаќа страв како ли ќе го пребродам тој проблем ко ќе дојде на ред.
Да прашам од кога почнавте со подготовка на облеката за бебе? Перење сушење пеглање диплење... И на колку степени перите? Јас имам од синко некои ситници најдов па реков стоеле години да пуштам памучно на кување сега,па ќе преперам на 30 ко ќе дојде време.
Па читав на интернет дека во второто тромесечие најубаво било на лева страна дека бебето најдобро се снабдувало со воздух на таа страна. На грб не би требало затоа што доаѓа до притисок на аортата...