Луѓе нормално ли е бебево постојано да клоца, да се превртува, да мрдаа? Последниве неколку дена абе ми се чини не престана да мрда ако е вака "мирно" и кога ќе се роди, тешко менее
кај мене од прв ден на 20та недела до сега ( 25+1) не застана воопшто. Малку ми е чудно чуството нонстоп да ти се превртува нешто под кожа. Абе синки пајдушко игра. Не знам ни раце кај му се ни нозе. Се од некоја различна страна мрда се врти... Не знам дали е нормално со првото последните два месеца ако мрднеше малку колку да ме потсети дека сум бремена. Само што дишеше др ништо. А сега... 6ти месец ами што остана во 8ми 9ти... Не можам да замислам.
И јас го делам мислењето за инекциите, дали е близначка или единечна бременост ако е ризик се даваат. И јас ги примив пред скоро две недели во 32 ра. Сега 34 та терам. Тоа ништо не се знае, може и до крај да тераме, но и едно чудо доктори прашав нема штета. А повеќе корист би имало. Зреено ќе биде бебето/бебките и ќе бидат подготвени за надвор, сами да дишат.
Па тука сме со терминот. И штом исто ни се случува имаме најнормални бремености. И магнезиум пијам и исто е. Тренинг душо за 3-4 месеци. Еве ме дежурам. И така не ми се спие си раскренав по дома. Ручек за утре си ставив. Кој знае каква домакинка ќе е ќерка ми А за спиење на грб ми е најдобро. Како и да се завртам во сонот пак на грб се наоѓам. А велат за аортата не било добро. @flower55555 како нема праски Бт? Баш сабота доаѓам во Плодност па ќе истражам такво злодело. А планирав 1 гајба да си купам. Поздрав девојки. Се надевам кога син ми ќе стани за на 1 мај јас барем малку ќе имам дремнато.
Ги прими ден за ден последователно или? Си викам да не не го разбрав докторов, денес примив една, утре треба уште една...
Да. Две ампули првиот ден, две вториот во исто време. После точо 24h. После 48 часа од последното боцкање, веќе се зреени бебињата и немаат гајле.
@tetoviranta има лубеници на Бит пазар околу 150ден кг. Јас пред 10тина дена јадев убава беше А кој праша за праски 300ден кг во Рамстор маркетот во трговскиот Рамстор има,да си знаете а имаше и лубеница ми се чини,сечени парчиња.
Незнам миличка ама ќе ги побарам зошто ова не се издржува по цел ден и цела ноќ имам киселини ништо не јадам.ти благодарам
Мешковци што сте при крај, дали имате воденест исцедок? Некогаш толку ме паничи што си мислам водењакот да не е, ама за водењак очекувам голема количина вода да истече. Брисевите се чисти, а бебе на секоја контрола има доволно плодова вода.
Здраво и од мене дојдов да видам што правите како сте? Не ве заборавив ама немам време многу да пишувам жива ненаспана сум, а таква нервоза ме фаќа навечер зашто малово до 12 1 не спие, а јас умрена сум за спиење еве сеа и го направив млекото и чекам да стане да јаде
Дали некоја од вас пие Малтофер таблети да ја прашам нешто? И ако може ваши искуства кои таблети ви го подобриле хемоглобинот за брзо време ?
Јас пиев хеферол ама сега одкако се породив хемоглобинот ми беше 8 со 3 испиени апчиња ми се качи на 10.10