Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.602
    Допаѓања:
    4.953
    Пол:
    Женски
    Ајде да се наспиеме па утре рано рано да си го фатиме редот:D
     
  2. Куноичи

    Куноичи Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Јас бев денес на преглед. Се е ок, 36+5. Плодова вода Ок, ме провери и вагинално, не сум отворена. Ме стави и на ЦТГ.. Рече рано е. Ми даде упат без дата за ЦТГ со рок за една недела за во Чаир и контрола кај Кировски. Само малку ми е чуден упатов. Кога прават ЦТГ во Чаир и како оди постапката таму? Матичен ми рече кај нас доаѓај до кога сакаш, правиме и ние ЦТГ. Малце сум збунка :?:
     
    На Lepoticata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.882
    Допаѓања:
    10.397
    Мами едно прашање, мене ми е термин 15.10 ме интересира дали до тогаш треба да се породам или од тогаш влагам во 9?
     
  4. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Треба да се породиш до тогаш, а во 9-ти месец влегуваш во 36-та недела, отприлика 17-ти септември.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.882
    Допаѓања:
    10.397
    Фала многу
     
    На Saba08 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Чул те господ:l:
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Срце, кажи ми ти бараше за кај Кировски упат или така ти се погоди ? ^_^
     
  8. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Мешиња, добив резултати од контролни брисеви сите се негативни, зарем е можно одма да сум ја откачила кламидијата? :) а многу чуден исцедок имам цела недела, бело жолтеникав и како желе е, не се размачкува туку се растегнува, јас мислев од неа ми е...
     
  9. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    И јас имам такво |(
    Брисеви на 15ти ќе правам последни.
     
  10. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Нема подосадна работа од исцедоков во бременост, што од вагиналети, што од бактерии, што од чиста мира, спас нема (facepalm) мм се уби од купување секојдневни и пред некој ден ми вика кога ќе идеш на лекар застани во продавница и купи ги сите што ги имаат за да имаш до крај, мене чудно ме гледаат кога ти купувам :rofl:
    А кажи ми во 35та ги праат пак истите брисеви ко до сега + стрептокока или само стрептокока?
    :hug:
     
    На flower30, srekice и Magic13 им се допаѓа ова.
  11. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Сите плус стрептокока. Ама се 2 стапчиња овој пат, еден за стрептокока а другиот за кандида и останатите
     
    На srekice и tetoviranta им се допаѓа ова.
  12. Куноичи

    Куноичи Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Јас си барав за кај него по препорака од матичниот.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    @tetoviranta незнам што и како,ете @Adeline пиша,она ги има правено знае точно инфо.Јас планирам последниве во авицена да ги носам,да сум си на раат.Ако знае некој нека пише цена.
    @Куноичи ти кај Коруновски да не си,знам они го препорачуваат.Јас у случај да не е Гак онда кај Кировски само би отишла,па здравје.Ама не сватив ти беше или допрва ќе одиш кај него?!
     
    На Adeline и tetoviranta им се допаѓа ова.
  14. Куноичи

    Куноичи Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Да, кај Коруновски сум, он ми е матичен. Па треба да одам кај д-р Кировски сега од понеделник ама имам збунка некако со упатот.
     
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Јас сум 22 гн. И еве цели 22 недели си "влечкам" жолт секрет. Микробиолошки и пап тест уредни. Други симптоми, освен секретот, немам. Паничам.

    Кога сум веќе тука, да се пожалам и на друго. Лошење и гадење имам и натаму. Не можам да поднесам миризба на парфеми, прашак за перење, омекшувачи и готвење. Престанав со повраќање пред 2, 3 недели, ама уште ми е лошо. Имам и болки во јајниците и долниот дел од стомакот. Некогаш се толку остри што морам да лежам, но која позиција ќе ја фатам, така останувам додека не ми помине, оти од болка не можам да се свртам на друга страна. Носот ми е затнат од самиот почеток на бременоста. А деновиве, кога го секнам имам крвав секрет. :worried:

    Изгледа дека се ова не е доволно, па пред некој ден почнаа да ми крварат и непцата. Ми се појавија ужасни киселини со малку бљуцкање и уште не можам нормално да јадам.

    Да бидам искрена, стварно се чувствувам ужасно. Едвај чекам да се породам.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Куноичи

    Куноичи Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Не брзај, полека. Рано ти е. А се тоа е нормално. Само би те посоветувала во врска со болката во јајниците да се консултираш со матичниот гинеколог.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум пишувала. Од жолт секрет до крвави непца. Сменив и паста и четка као,али џабе. Се е ова нормално па ќе издржиме.
    Парфеми исто никакви не поднесувам,а пред некој ден се нафрлав од пудрата што си ја користам со години.
    Не се нервирај,ќе помине. И ја одвај чекам да се породам.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Речиси и јас цела бременост сум со истите работи ко и ти со плус уште ред други, очигледно за нас не е баш толку блажена состојба.. до толку не сум раат и се нешто се дешава, што не можам да одам да си го прошетам гордо стомакот, да се порадувам, да одам да си гледам работи за бебиња , да си направам некоја слика за спомен ништо од ова не смеам (facepalm)

    Болки те остри, те бодежи, те штрекања, те менструални имам и јас ...гадење сеуште имам од некои работи, за носот и јас цела бременост сум затната, и сабајле кога станувам устата распукана, јазикот пресув, крвав од непцата и ред други работи ... ја имам желба бар малку да мрднам од дома, да се осетам ко трудна, а не ко болна да сум пупу, па после понатаму да се олеснам рано ми е малечки се мн...незнам колку те утешив , но не си сама знај :rofl:(facepalm):muscle:
     
    На flower30 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Ништо не ме плаши толку колку крвавиот секрет од нос и вагиналниот. На контрола заборавив да прашам за непцата и носот, оти паничам за другиве работи. Приоритети. :wasntme:

    Болките најчесто ми се јавуваат кога бебе е во "екот на играта". Да зголемам доза магнезиум, па сега ќе видиме како ќе биде.
    Мене и кожата почна да ми се суши, особено на лицето. Сменив и козметика и џабе. И исфрлана сум како да минувам втор пубертет.

    Знам дека е нормално. Ама стварно има моменти кога ми доаѓа да врискам од мака. Кого лажам, нон стоп би викала.
    Ма имам јас уште за жалби и поплаки, ама нема толку простор за пишување. :D

    Трета бременост ми е. И првите две ги минав на сличен начин. Горе доле овие симптоми и по некои различни. Факинг 22 недели со лошење и уште брои. |(
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Мешиња, бев денеска на контрола кај Илиевски во Чаир, се е во ред, само ми рече имам лакуни на постелка, контрола за 2 недели. Иначе сум 36+2.
    Има ли простор за загриженост со лакуниве? Имала ли некоја ваква појава?