Не би да те плашам ама зелен исцедок не би рекла дека е нормален. Зошто не си побараш брисеви малце накукули, речи ми мириса и ме чеша и мора да ти даде упут.
Јас не сум пред термин ама баш и поретко го осеќам овие денови.блазеси ти кај и да е ќе се породиш а јас леле никако не ми поминува времево пукнавввв
Најдобро повтори си брисеви. После испиен антибиотик за инфекција обично ги повторуваат брисевите, да се види дали делувал антибиотикот. И ќе си бидиш помирна. Инаку два пати се прават брисеви во бременост, во 12та и во 35-36та недела, по потреба се проверува и кај 22ра недела.
Мене многу брзо ми помина се ама пак пукнав, ама сепак кај и да е ќе излезе, нема кај да оди, само ме плаши што рекоа големко бебе, иако немора да значи дека се скроз точни мерките. Јас не сум баш голема личност ако е стварно поголемко како ќе раѓам господ си знае
Да, помирен е, ама затоа кога ќе се размрда точно знам дал е нога или рака. Пред некој ден стомакот ми беше во тродимензионална форма А зошто се плашиш, не е ваљда дека носиш од 5 кила бебе. Јас од денес сум 37 н. На контрола во четврток беше 3 кг.
Овде е таква пракса претпоставувам. Во понеделник сум на испитување за скриен шеќер, па со резултатите ќе одам до гинеколог. Ќе видам што ќе можам да напраам...
Јас не верувам дека им се точни мерките. Во 35 недела ми рекоа 2200 а сега во 38+4 прво ми рече 2800 па мереше вторпат и вика околу 3600 е. Е како може тоа? И си прашав на кој принцип е мерењето ми вика апаратот мери според должина на коски ама кај тебе се гледа дека е дебелко бебето и помало од 3500 нема да биде. И оди па верувај. А од друга страна стварно на сликата од ехо едни образи огромни има Кога ќе се роди ќе видиме дали била во право. Јас па сакам да е поголемко, страв ме фаќа да држам мало бебче.
Иста бев ноќеска, само мене лева нога ме болеше беба веќе 3 ноќи по ред е ненормално раздвижена... органиве веќе нз кај ми се. И многу ми е топло ноќе, како кожата да ми гори. Ноќеска се мачев се вртев, се превртував, таман ќе најдам позиција ќе ми се примоча, ќе мочам, па пак иста процедура во кревет. Киселини ме убија. А мм како морска ѕвезда легнал и хрчи на велико нз што ме стрефи, ми пукна филм зашто он да спие така слатко а јас да се мачам, коа му свикав да се собере и да престане да хрчи срипаа од кревет и он и кучето и што, они после еден долг поглед од типот жено што ти е дај опрај се, си продолжија со спиење, а јас броев пукнатини во таван до 6 сабајле.
Како што наближуваат последниве 3 месеци ,така сфаќам колку без везе сум сд жалела до сега Грчеви,кукови,препони,долен дел од стомак... се боооли Ова навечер не е спиење веќе,мачење е
Да те утешам, тек ќе сфаќаш... и јас мислев дека ми беше тешко, ама човече ова веќе е страшно. А тек сум 8ми, си викам што ли ќе биде во 9ти. Спиење здравје, кога ќе тргне малата во школо
Ја за недела дена влегувам 7ми па плачам А мм исто како твојов 'рчи,грчи цела ноќ ама почнав да го будам по сто пати,ич не го жалам Сонувам за спиење на грб и стомак
@Septemvri и јас сум при крај на 23 недела. Кога ти е термин? Јас немам жолт исцедок, туку само како бело прање. Цело време без чешање и мирис. Инаку на ехокардиографија поминав супер се е во ред. Нема потреба од друга контрола за срцето
Искрено од искуство поголемо бебе е поубаво, појако, поприлагодливо, поимуно, што е и нормално. Но пораѓајот не е едноставен со поголемо бебе. Ми викаат колку го роди првото и јас 3300 и док(во36 кога бев) вика, ах сега ова е толку, поголемо ќе е бајаги. И толку треба на трудница, може не мислел ништо лошо, но јас сакам природно пак и паника одма.
Супер, машала нека ни се живи и здрави. Воопшто не е големо како што се плашиш, супер си е. Плус колку што сфатив не си првородка, матката веќе го знае процесот.. а кај и да е ќе сака бебуш да излезе, не верувам дека ќе биде драстично поголемко.
Јас не сум раѓала до сега, можеби си во право, имаш искуство, ама мајка ми ме родила мене 4200 природно без епизотомија, а сега една другарка роди бебе 2800 се изнамачи и многу беше сечена долу. Така да мислам дека нема правила баш. Без грижи, само со позитивна мисла, иако знам дека е тешко и мене ме фаќа паника пред крајот сега
Еее моја ќерка беше синоќа морска ѕвезда,ко моторче у гз да има .Вртеше на сите страни,со шутови чинам ќе искочи.Некој имаше пишано со клоци е така нешто и мојава ќе биде.Мм само ми вика ,буди ме ако ттеба нешто и онда џоња ли џоња.Дај Боже детево барем за тоа да се метне на него .Перница гледа,на велико спие.Ја до сега не се жалев,али сега од ден за ден веќе е сериозна работава.Ни две перници @Мариаа. веќе не помагаат.Заспивање ,можда у седечка позиција или да дислоцираш муж од спална полесно се заспива тогаш @Adeline мојава пред 2 недели беше 2300,матичнава вика оваа до 4 кг ќе иде ја неможам среден прст да протнам вагиналета да ставам како ќе го испилам детево тоа незнам
Можеби немаш ништо и од самата бременост да е исцедокот. Или како што ти кажа една членка речи му дека имаш чешање и ќе те прати да провериш. Се најдобро.