@marchi-cool главоболки немам, несоница немам, грчеви немам, освен болки во препони што си се жалам стално и Braxton контракции што ни магнезиум ни ништо неможе да ги спречи, така да не ми треба магнезиум
Се сложувам со @Adeline за витамини.Другарка ми не пиеше никакви витамини и забите и потемнеа.Јас мислам засекогаш ќе ги пијам,косава ,ноктиве не ми биле поубави во живот.Косава ко луда расте,ни се расцветува нит влакно ми паднало од кога ги пијам
И јас како @Adeline престанав да пијам магнезиум после 35 недела негде иако докторот ми рече да си ги пијам до крај. Ама некако ми се смачи веќе од апчиња па дури и витамините некогаш ги запоставувам.
Тетовирана, гледам се разбираш од овие работи. Мене докторката не ме прати за Д димери,туку кога побарав за крвна група сестрата ми рече ќе ти ставам и д димер со едно боцкање да провериш. Резултатот од д димер ми е 663.91 овде на форумов најдов табела дека е нормална за второ тромесечие. Но ме збуни ова ХЕ1 Активирано парцијално од 27.9 е долна граница кај мене е 25.76. Убаво се сеќавам дека и кога го правев истово испитување само што дознав дека сум бремена (тогаш др ми рече да одам заради биохемиската) и тогаш истово беше намалено. Дали оваа вредност е доволна причина за некаква терапија или не е страшно кога е едно?
Јас глава не кренав од повраќање цела седма недела а после неа секој втор ден,па еднаш неделно (сега сум 17 недела). Во аптека ми дадоа Гастрогард,а гинекологот ми дозволи Рупурут. Од претходно добро искуство со Рупурут ги џвакам нив кога имам киселини и повраќање, навистина помагаат.
Нема врска што е самп едно. И кај мене е намалено само парцијалното време, мене ми е 23, а друго е се во ред и пијам аспирин на 2 дена. Сепак доктор мора да процени дали има потреба од терапиија. Мене докторката ми рече дека редовно ќе пратиме постелка и протоци, ако е се во ред како до сега ќе продолжиме со аспирин вака, а ако не ќе се префрлиме на клексани. Консултирај се со доктор.
Уште пиеш аспирин До 30та недела се пие,никако после тоа.Ивановски ми го прекина мене,исто и Петковиќ и Јани скокнаа да ме караат дека до 30та се пиел само пошто им отидов со стар извештај Ако немаш лакуни по постелката,и протоците и твои и на бебето се добри тогаш се е ок.
Имам мали лакуни. Затоа и ги следиме редовно дали растат. Сега за сега не мрдаат Знаеш, јас морам од се по малку да имам и ни еден симптом и проблем не смее да ме промаши
И јас од старт сум на фраксипарин и имам лакуни.Резултати добри ,протоци добри но ете пак ги имам Прашај те молам за аспиринот.Он има различито дејство после 30та недела .
Мене само тие Ранитал ми ги препиша ... рече дека биле ефикасни .. јас ги купив и кога прочитав на упатството дека во бременост се користат само ако е НЕОПХОДНО.. и дека навлегуваат директно во плацентата... пребарав и тука на нет, не пишува дека се користат во бременост... испаничив и не ги пиев.. поарно да се мачам јас со киселини отколку на бебенцево да му се деси нешто од нив... тоа никад не би си го простила ... ќе поднесам се и ќе издржам уште месец до пораѓај... и така уште малку ми останаа... сепак фала мила
Не знам за вас али мене денес времево ме утепа , прв пат да ми е лошо во 8 месеци. Станав со главоболка, па пиев кафе па ми пројде, па пак ме фати глава, цел ден очи ми пагаат за спиење, па испив второ кафе и сум како згазена. Ме уби времево, и плус ладно ми е По депре не сум била до сеа Аман нека стопли веке!
Исто и јас се осеќам од сабајле ми е лошо. Главата ме боли, ми се спие, ми се повраќа. Сигурно од времето, многу лошо ми е денес.
јас одам зависи од темата и од тој што ќе предава колку е расположен да споделува детали...сум била кога бескорисно било веројатно и до темата беше, но сум била и кога сум добила корисни информации, и предавачката дури остана надвор од терминот за сите наши прашања и се трудеше прилично да објасни се што не интересира.
Како сте женски? Во термини гледам имам заборавено терминот да го сменам според последна менс 09.05 ми е,ама на почетокот ме водеа 2 дена понапред и ми го сменија терминот.. Како и да е уште никаков знак Ни чеп, ни болки ништо.. Енергија 100ка незнам од каде само Се отепав од шетање низ дома.. Утре на цтг и пак преглед со рака пуштајте среќа сакам да ме задржат не ми се чека веќе нервоза ме јаде