луѓе ве ме зезате со 4д ехово?????? Кај нас во ПП 4д ехото ни е 350 ден со цд доколку ти е матична, а 550 доколку не ти е.. Вие што сте од ск ви се исплаќа и повратна карта да земите и ехо да направите и плус слики од бебчето
Се иначекав во ГАК денес. Додека чекав бебево мислев ќе ми ги избутка и цревата да излезе, а влегувам кај докторката таа воопшто не ни мрда На ЦТГ ни К од контракција. И само што излегов пак почна да бутка. Се зеза малава со нас Осеќам доле како некое балонче да имам и она кога бутка во секој момент ко да ќе пукне ама изгледа нема да биде за брзо време. Постелката е зрела ама јас ни мм не сум отворена. Следно ЦТГ наредната среда па ќе видиме како ќе биде тогаш. Иначе за една недела има качено над 300гр. Сега е речиси 3.500кг Не знам како ќе излезе ако продожи да расте вака
Девојки ќе ве замолам за совет. Цел ден ме боли стомакот од папопокот па нагоре. Болките се издржливи но не престануваат. Кај матичната бев пред 5-6 дена се беше во ред. Имам закажано дури за 2 недели следен преглед. Дали може болките да се од тоа што се шири мускулот и кожата од стомакот? Сте имале ли и вие вакви болки. НАвистина денес цел ден лежам и одмарам ама сеуште ме боли. Пијам и Магнезиум и витамини. Инаку сум скоро 15 недела
zenski ke ve molam za mislenje od vreme na vreme ednas vo nedelata si podpivnuvam po nekoja caska ili pola fildjan crveno vino stetno li e za bebusot ????
искрено мила јас гледам и газирано да не пијам иако чат пат пијам.. мислам еднаш неделно е доста да му пречи на бебуш,мислам не E добро. најубаво ако можеш воопшто да не пиеш во бременоста или на некој месец еднаш. мое мислење,еве нека кажат и другите нешто околу тоа
od sega pa natamu ke vnimavam posto neli znam deka vinoto e dobro za pojacuvanje na krvta a jas sum anemicna i si zemav za pravo ne sekogas tuku eve minatata nedela i ova ednas nedelno si potpivnuvam, do pred mesec dena ni kapka alkohol ne sum se napila a ovoj nekako nogu stresovi mi se nasobraa....
Ние збориме за приватна ординациjа-матична А и во државна да отидеш (ако нечекаш термин) е 150/350 така имам чуено
Сигурна си дека било 4д оти 4д скрининг е за аномалии во 23 недела, а за обично ехо се прави секој месец и не верувам во една иста ординација различно да се наплаќа или и ти како и некои други одиш на прегледи а незнаеш за што се. Јас си се информирам за сите испитувања што ги правам и ме иритираат дезинформации и надвор од овој муабет мислам дека 99% на форумот се неточни информации се изначитав глупости и си се прашувам дали само јас навистина ги сфаќам некои работи.
Има некоја друга што не спие? Моево бебе нешто реновира во стомакот, абе колку силно притиска си мислам тоа меурчето што го осеќам доле секој момент ќе го пукне. Може треба следната недела на ЦТГ да одам вечерно време, па ќе видиме дали нема да се појават контракции На гости останав на спиење. Не знам што ми требаше. Сакам домче да сум си, да се гушкам со мажето
Навистина не ми се верува дека не ми се појави ниту една контакција на ЦТГ. Абе да појдам сега да видиме, сигурна сум дека ќе се чудат како до сега не ископала дупка да излезе А кога сме веќе кај спиењево, вие `рчите кога спиете? Јас претходно немав ваков проблем ама сега (според мм) често се случува. Вика само на лева страна кога спијам не хрчам ама не можам цело време на лева. Ме болат колковите. Да отчекувам ова да помине откако ќе се породам или да му купам затки за ушите?
Мене ми викаат дека многу тешко дишам(во текот на денот) а навечер сум ' рчела по малце..(некогаш повеќе) ама мислам дека нормално е поради покачената телесна тежина.
Ова ми е прва бременост не сум била бремена 2-3 пати па да знам што за што е, така што, јас не гледам што ти е тебе проблемот што ако јас сум УТНАЛА со цената или дали било 3д или 4д мање више. Ете, мислев дека е 4д па што? Затоа тука пишуваме да се инфромираме, а не дека ЈАС ЛИЧНО сакав да пишам некоја дезинформација. И не беше НАМЕРНО тоа од моја страна да јас пишам нешто неточно. Еве добро јас СЕ ИЗВИНУВАМ ако некому згрешив нешто со оваа неточна информација. И ако не ти се чита на форумот ако мислиш дека читаш глупости, па не читај не знам што да ти речам. И не сакам ради некои вакви работи или хормони што вријаат да се затвори темава. Затоа еве си се извинив од моја страна. Битно го видов многу блиску бебушко ептен блиску ем малецко ем убаво го гледав во портокалова боја. Тоа е обично ехо? Па добро ајде здравје ако не е 4д ништо страшно. Барем еднаш ќе го видам бебушко на 4д некој ден здравје. Гелка јас сум асли прилепчанка. Кога ќе доаѓам накај ПП кај моите да ги видам да тркнам на едно 4д. Шо викаш поефтино е ПП дефинитивно за СЕ не само за ова. Тоа ти е. Здравје ајде сега тоа што треба ТРЕБА јас за здравје и за убави работи пари не жалам. Поздрав до тебе еве гледам си имам прилепчанка тука и баш ми е ќеиф. Поздрав !
Треба на вам трудниците од Ск ние со gelkaa да ви обезбедиме по еден апартман кај нас, ем ќе поминете поевтино, ем ќе се подружиме И јас бев на приватен преглед 4д 500 ден платив, додека пак 3д со вагинален преглед кај матичната бме кошташе 300 ден. И плус, на 4д ехото во таа цена, имате цд и сликички од вашето бебе.
Мене со сино картонче прегледот ми го наплаќа 150 ден И згора на тоа едно ехо плаќам, а наредното не. Кога трбаше да одам за приска мене матичниот ми ги напиша вредностите ( нормално кои ги виде на ехо) и во скопје на ГАК ми зедоја само крв А другите матични овде во кичево ги праќаат во ск и на ехо
Една чаша вино не е воопшто штетно, напротив, ја подобрува крвната слика. Поготово како што вели Еми дека пие еднаш во неделата, не е ни најмалку штетно. Јас пијам Фероглобин сируп моментално, витамин Ц нели за да се сврзе, мамавит и магнезиум па ми се насобраа еден куп лекови инаку ќе си црцнев малку вино, не секој ден ама еднаш во неделата секако Знам дека тоа е штетно во првите три месеци од бременоста, после ако умерено пиеш по една чаша не е. Другарка моја после 6 месец и се пиеше пиво па пиеше по 1 чаша можеби не секој ден, кога душа ќе и посакаше, па лекарот за тоа и рекол, блазе си ти, ќе имаш млеко за доење. Инаку пивото содржи јачмен и пивски квасец па научно е докажано дека исто ко бозата помага во надоаѓање на млекото Од сирупот ми се намали апетитот, на работа обврски еден куп а и приватно се подновуваме по дома па кутрото мало бебче го изнамачивме, мама постојано мрда и трча некаде. Ама се за да му се угоди на малото, за кога ќе се роди да има вистински топол дом.