Мене сите баш на неколку наврати ми потенцираа да прекинам после 30-та, заради обратно дејство.Ако ти кажале пиј,јас го прекинав веќе 2 месеци.Само фраксипарин продолжив
@Amelie1708 @Magic13 и јас сум истата денес. Главата матна, очи ми паѓаат. Не сум воопшто наспана овие дена. По 3-4 часа во ноќ . А дома се раскренав со реновирање тоалет а потоа варосување. Држете среќа за сила. @flower55555 ти праќам среќа за утре. Со лесно да си се олесниш. Поздрав до сите
Јас 20та сум без некој ден, имам време ама пак ќе прашам. Немам никој слушнато толку да ги пие. До 32 најмногу знам. Инаку не примам засега клексани, само на аспирин сум.
Мене само за нега на бебе ми се допадна, таа за доење не, ама ти препорачувам за доење на Лулка на ГАК да одиш, трае 2 часа, феноменална е обуката, со презентации, со правилно позиционирање на брадавката, за млекото.. Се' што имав прашав, се' беше објаснето многу стручно и зошто е тоа така. Ма да сите викаат се заборава. Ама не се за џабе. Јас бев тотално лаик за бебе, немав фатено во раце, ништо не знаев, но сакам доктор да ми каже а не стринки, тетки од пред 30 години како било. Сега за почеток имам барем пат и поим како да тргнам, но се зависи од бебе нели, но нема да лутам, па вака требало да цица, не така (пример). Исто и за бањање и нега на бебенце. Според мене се корисни. Ги имаме бесплатни, освен час, час и половина немаме што да изгубиме.
Ајде ќе.биде,мене до сега со рака не ме прегледале од кога одам на цтг, се било во ред бла бла. Утре сум и јас па ќе си разговарам убаво.
На Гак нема да може да оди, ги укинаа предавањата, бар така како што прочитав ако нешто не промениле...ради епидемијата од морбили , ако грешам нека ме поправи некоја..
не таман работа што ќе се извинуваш, јас така прочитав се надевам и јас имам точна информација...али со оглед на епидемијата ништо чудно да е така како што прочитав, инаку и јас сакав да одам и таму, али ништо...здравје ајде и да не одиме, незнам како е во другите болници за Систина знам по породувањето ги учеле за доење, бањање и сл.
мила јас не планирам да одам на ГАК, само за предавањата на ГАК зборевме...али ете информација плус за тие што планираат таму да се породуваат, дека ќе им биде објаснето .
Јас се' си прашав, за некои работи што сите различно кажуваат, со списоче на прашања си бев Дали да го будиш навечер, до која возраст се буди за доење, дали да цица од едната града на подој или од двете најизменично, за продолжено доење, колку време да трае подој, дали е пожелно да се одмолзуваме ако убаво цица и сл. Такви некои прашања, што не би ми текнало на пораѓај да прашам. Ма да тука имам се' прочитано, но за некои работи различни мислења има. Вака сум спремна на теорија, ама ако не фати да цица, џабе ќе биде 8 месеци "учење" Едит: Јас препорачувам и да се оди на обуката за нега на бебе во Систина, многу убаво објаснуваат како се бања додека не падне папоче, како се чисти, после како се бања, за кожата како се мачка, кога се исфрла да препознаеме што е и сл. За некои како мене што врска немаа, сега се чувствувам подготвено бар со правец.
Мене ми станаа жолти дури и нешто бело ми се појави незнам што е, а и предниот заб едниот како живецот да ми излезе да ми се рони забот и на допир многу ме боли дури и крв вчера ми излезе како точка сега гледам и другиот почнал а другите сите ме болат, а долните гледам сиви ми станале незнам зашто така ама сите ми викаат од бременоста е
Фала ви на сите за споделените искуства. Бев пријавена на предавањето во ГАК и да, откажаа заради морбили. Имам уште 5 ипол месеци до крај, така да се надевам ќе ги организираат пак предавањата зошто исто имам многу прашања
Јас немам висливи промени на забите, ама зборував со матичниот забар и ми рече да одам меѓу 14 и 16 недела на чистење и проверка зошто може да се јави проблем и со непцата. Ако имате блиску стоматолог, трк на доктор
Zenski ve molam za sovet....imam prejaki bolki vo kolenoto, cela noga mi se ukoci i ne mozam da mrdam od bolka. Sega sum 14+1 i ne znam dali e od toa sto postojano lezam i ne znam sto smeam da koristam....vase iskustvo ve molam ili pa da odam vo drzavna .pozz
И јас имам некои лакуни, нареднанконтрола ми закажа за 2 недели, а ме фати мисла да не е многу далеку 2 недели. На колку време ги контролираш, кога ти се појавија?
@newyear2015 Јас имам редовно болки во колената. Ма во целo тело, сите коски вртат. Ама јас сум страшен метеопат. И пред бременост, всушност од дете ја имам макава, а сега мислам уште по изразено ми е. А ми се укочува и десниот колк, нога, колено дека претежно на десна страна сум свртена. Тоа е, ќе се издржи.. Времево на сите лошо ни се одразува. Можно е и од тоа да ти е болката.
Тоа е "убавината " на второ тромесечие. Лево колено,десно колено.Па иде кукови,па раце и така во круг држи по 2-3 дена Пиј Б6,магнезиум и мачкај црвен коњски гел,мене тоа ми помагаше.Јас и тефтер со секојдневни болки по датуми водев