Е ,да.. ова се мислев да прашам. Меѓу провокации и царски што е подобра опција поискусниве да кажете. Чисто информативно
Провокации е сосем ок ако си отворена повеќе, и бебе спуштено, значи почнат процес. Моево бебе не е високо како првото но не е сеуште во мала карлица иако може да се спушти неколку часови пред пораѓај, затоа мора да се следи. Ама јас бев со провокации, недела после термин со распадната постелка, бебе горе во дишник што се вели, но успеавме природно, иако не бев доволно отворена за да стартуваат со провокации, а и воденик беше цел. Е сега ако нејќе да излезе до термин договарам царски, јас пак со провокации не се мачам
Го слушнавме срценцетоо, пресреќна сум. Можам и ден и ноќ да го слушам како бие. Докторката кажа дека се водам како 7+5 сега за сега е добро, расте како што треба, следна контрола на 30.05. За тогаш и крвна слика ќе треба да направам, и скрининг ќе ми прават. Ќе видиме како расте, ако доцни тогаш ќе намалиме за една недела термин. Пресреќна сум.
20та недела сум, без некој ден. Ќе пробам преку храната да го задржам ова ниво, многу таблети ми се собираат во денот аспирин пијам, фемибион по 2 у плус омега што има во нив, магнезиум и утрогестан по 2. Тежина осеќам на желудникот.
Во пупакот капни неколку капки хидроген 3% и од кога ке омекне малку чисти го со чепкалка за уши. Проверено.
Ти благодарам ако најдам дефинитивно ке пробам. Нема што не сум пробала и на природна база, многу е досадна.
Топ е Петрова. Јас бев неколку пати кај неа,сега и третиот скрининг ќе го правам пак кај неа. Врв е жената,добар избор.
Да да, ве послушав. Повеќетоа ми рекоа подобро е вагинално, па ставив и сабајле и вчера вечер. Вечерто имав само една точка пак како крв дури не беше приметно, ептен ако убаво загледа човек. Ама ме болеше десниот јајник поприлично, инаку секогаш ми реагира кога се менува времето, кога сум во овулација. Па можеби од тоа сум имала малку промена во исцедокот. Само си претпоставувам и тешам.
Продолжи да ставаш барем до нареден преглед ама ако си во можност слушни се барем телефонски со доктор. Мене и дабростон ми препишаа еден период, исто кафено имав. Туку да ве прашам што е со третиот скрининг? Пред година ипол бев само на два, на крај само пдев редовно на мерење протоци а сега Котларова ми рече се гледаме на трет скрининг. Гледам и други сте биле во Ремедика на трет. @Мариаа. ?
Абе баш сега пред пораѓај најде 8ца да ми расте Беше почната па паузираше и сега еве продолжи, цела лева страна ме боли одвај отварам уста, будала работа.
Мене Петрова ми рече дека тој скрининг е за да се види растот и развојот како се одвива,и повторно мерење на сите органи.
И мене Петрова ми рече се гледаме за трет, му кажав на Петановски ми рече не закажувај и онака само протоци се мерат а он и онака ми мери на контролите ☺ покрај останатите мерки нели
Хелоу девојки. Малку ме немаше па реферати за читање имате Денес јас турбо како и вчера, и пред тоавака ама по хеланки и без штикла. По дома со мајстори, ручек, па садев цвеќиња. Излегов на пазарење и пешачење малку (ми се смее свекрвата малку сум била уморна чим пешачам) Сега се спремам за утрешната средба со бебка. Одвај чекам. Сега кога ја чувствувам секој ден по неколку пати срцето ми е на место. Покрај дома што се средуваме, почнав и со подготовките околу алишта, разгледувам по аптеки и дуќани ( заборавив а и многу поинаку е од со синко). Нешто купив, а и рано е. Уште 3 месеци имам. Како сте вие денес? @Adeline се јави @flower55555 не ја читав? Требаше на цтг денес??? @Magic13 ко метеопати сме. Исто сабајлево се чувствував ама кога имаш обврски се мора. Поздрав до сите.
зошто утрогестанот ги пиеш? Ставај ги како вагиналети, мене мојата докторка ми рече поубаво е така поефикасно било, и плус не оптоваруваш никој друг орган, е другите веке мораш да си ги пиеш..
Дали ми се ок резултативе од крв за 36 недела? Дали со вакви слични вредности ви рекле да зимате нешто плус за железо и хемоглобин? Јас моментално пијам само фемибион 2, вит. Ц и магнезиум.
Zdravo devojki kako ste? Moze li da mi kazete ako moze da se dolovi so zborovi kakvo e cuvstvoto koga bebe pocnuva da mrda? Osobeno za prv pat Thanks