Прво ќе почувствуваш нешто како допир (скокоткање) што со сигурност не изгледа како кркорење на цревата според мене. Првата бременост ја почувствував ќерка ми некаде 18 недела , а сега вторава бременост- некаде со сигурност 14 недела.
Примав орално утрогестан по едно секоја вечер пред спиење, за кафен исцедок, значи доволно било и така. Нема правила орално или вагинално, ова само во македонска медицина валда. Кај и да е, ќе почнат и по 4 пати дневно да ги препорачуваат. За метеопат и јас сум. И сега е многу поизразено. Од кукови надолу коската и колената ме вртат по цела ноќ. На утро ми треба време додека се стабилизирам. За чувствување на бебе, на почеток е како многу нежни допири во вид на бран. Сега веќе ич не се нежни, а богами ни кратки. Цела ноќ ми тверкаше со газе по сите органи, а посебно по бешика.
Не сум паметна, па да споделам и тука. Бремена 7ипол недели,на самиот преглед имаше сукрвица пред 2 дена. Ми даде д-рката Дабростон..ок,пијам. Вчера имав на тоалет од сабајле бледорозеникава крв,и се јавив ,ми рече као рано е,ги имаш таблетите пиј,ќе чекаме. Башка се поклопува датата со периодот на мензис.. Денеска се извадив од памет. Место да мине од таблетите,повеќе количински крв,исто бледорозеникава со кафеаво. Си лежам и си чмаам. Не знам шо да правам. Еве, дајте памет
Прв пат почустував грепкање по стомакот. Со едната рака на другата дланка помини си неколку пати нагоре-надоле со ноктите, ни премногу силно, ни премногу нежно, такво е чувството. Е како растеше бебуш, така почнуваше револуцијата во стомак, за во 9-ти да мислам дека имам ждребе во стомак, а не дете. Со вторава бременост уште е рано за грепкање, ама едвај чекам да дојде тој момент. Чувството е прекрасно!
Единствено да отидеш да те боцнат со инекција прогестеронска ( прогестерон депо) и најстрого мирување.Само до тоалет и назад.
Те прегледа ли докторката? Утврди ли од каде е крварењето и дали е добар плодот? Јас да сум не би чекала, би идела одма на друго мислење. Не знам зошто не те боцнала одма со прогестерон депо...
На второ мислење не би идела, ова е докторката што ме пораѓаше,шефица на гинекологија, бескрајно и верувам. Барам некое искуство сличнк дали минала некоја од Вас
Ако е се во ред со плодот веројатно не е ништо страшно. Матката ги памти менструациите и знае да се појави првите месеци баш во период кога би требало да имаш добиено. Во темава има и девојки кои имале и свежа крв па тераат уште. Јас бев со кафен исцедок повеќе од 2 месеца и само на апче утрогестан, без никаква препорака да мирувам, туку да се движам нормално, оти се беше во ред со плодот. Смири се и не се паничи. Ако би се чувствувала подобро, мирувај денеска и следи ситуација, а ако не можеш да се смириш оди попладне на инекција, колку да си мирна.
Јас сум од тие со обилно крварење, еднаш свежа крв, еднаш темна како добиено во 7ма недела. Ама баш обилно и еве сме си тераме 8ми @NanaMia чим те прегледала друго е, јас мислев само ти рекла да зимаш утрогестан. Мирувај поише, прати да не има свежа крв. Во принцип малку кафена сукрвица не е страшно. Сепак ако прпдолжи јас не би се оставила без инекција.
Не барај искуство ,сите се различни случаеви.Штом ти кажала така докторката а имаш целосна доверба во нејзе,тогаш опушти се и не си оптеретувај психа. Ако се чуствуваш добро,немаш болки и не е обилно крварење ,опушти се.
Здраво Феминки, Пред два дена открив дека сум во рана бременост Е сега ме интересира можда звучи глупо, но прв пат сум бремена ) следната недела ке одам на гинеколог за преглед.. Меѓутоа имам закажано на мадеротерапија дали смеам да одам да почнувам или не.. ? Иначе се нормално си функционирате? Немам мака ништо само мали болки во стомакот али ништо страшно мислам..
Сестрами имаше вакво искуство, неколку дена крвареше, додека ги испи апчињата, потоа помина и не се појави повторно. Штом и веруваш и не бараш второ мислење уживај.
Најпрво честитки. Значи на секој почеток каква и да е бременоста препорачливо е да мируваш повеќе и да избегаваш односи барем недела до две. Потоа доктор ќе ти каже според преглед.
Не го пијам, вагинално го користам.Само спомнав колку апчиња ми се собираат вкупно. Уште него да го пиев и толку од желудникот