Девојки, ви се случило од утрогестанот исцедокот да е потемен, како кремова потемна боја? Еве денес не ми е така бел како досега и паника ме фати.
Честитки напрво,мадеротерапија и рачна антицелулитна не се прави за време на менструален циклус а камо ли за време на рана бременост. Ќе ти каже и масерката,чувај се за после порајѓај. Со лесно
Еве јас за утрогестан незнам, но од кринонот секој ден е различен исцедокот. Некогаш зеленишкав, некогаш жолт, некогаш бел.... на почеток се вадев од памет, но сватив дека е нормално да ја менува бојата. Веројатно и утрогестанот менува боја, не се плаши...
кај едвај си дочекала до термин па уште ли да чекаш? Не е за утеха јас ич никаква мака не осетив со првото. Ко на шала поминав
Како сте мешиња мои?веќе стигнав до 34 недела ама колку ми е тешко што да ви кажам.дали постои негде да ги сменам колковиве зошто мислам дека навечер ми се кршат од болка де левиот де десниот по пет минути спијам и на лева и на десна страна а боли кине.вчера многу ме болеа препоните и кичмата одвај издржав на работа ама ајде уште денес и утре сум па доста е веќе.што да ви се пожалам друго да ми тргне денов киселиниве мислам ги навикнав некогаш по цел ден и цела вечер некогаш помалку.многу тежок месец бил овој осмиов а тек деветти што ме чека.ДАЛИ ЌЕ СЕ ПОРОДАМ НЕКОГАШ мислам дека две години сум бремена
Фала ти, не мора стомаков пр само нозете и рацете ни тоа не смеам ? ) Ме чека свадба па реков да си се средам пред свадба хехе, а мидер такви раб смеам? не секој ден али за свадбава нешо така смеам или не баш.. стварно не сум искусна )
Цркнав малце Не бе душо не се умира штом од тие болки, модрици на стомак, киретажа и епизотомија не цркнав, и од толку крв изгубено, и од таа гнасна насмевка од "докторот".
Несмееш затоа што се зголемува циркулацијата на крвтта во телото и може да добиеш крварење,за време на циклус може да биде пообилно крварењето или да ти престане,а за време на бременост може да предизвика спонтан. За нозе зборувам масажите се од доле нагоре значи према матка каде што ти е плодот. А на стомак и онака се прават многу малце поктети. За мидер не ни размислував дали смеам да носам секако стомак започнува да расте индивидуално но од 16та недела натака и не мидет,корсет стави тој ќе се познава,мидерот е за олабавена мускулатура растресен стомак,не за преубав труднички.
Да на државно правев,во институт за јавно здраство, не влегуваш во зградата туку десно од нејзе има два влеза како во подруми по скали надоле се симињаш. Ке си земеш упат 550ден платив резултати за 5дена до 1 недела
Многу, многу ти благодарам. Со вредности е испитувањето или само позитивно-негативно пишува? Упат од матичен гинеколог претпоставувам? Не треба однапред закажување? Должник сум ти за инфомацијава И кажи ми кај се наоѓа институтот дека не сум од ск?
Во склоп на мајка тереза е ,ке видиш на мапата, некаде пред излезот е, на резулатите имаше нешто IGG i IgM, едното е за стара инфекција што некогаш си ја имала и сега нема да ти смета, а другото е за моментална,ама незнам точно кое за кое беше. На пример јас имав на едно позитивно, ама тоа од порано било И да упат од матичен гинеколог. hug:
Доколку се позитивни IgM или IgA антителата, се работи за свежа инфекција. Доколку се присутни IgG антителата, се работи за стекнат имунитет од претходен контакт со овие вируси.
Ивеее не се предавај лесно... иста сум и јас... сега почна и коленото да ме боли и целата нога надолу под колено до глужд.. почнаа и да отекуваат... во лицето отеков исто.. усните ми се надуени ко силикони да имам.. прстите на рацете ми се отечени исто... киселини дење ноќе по цел ден ги имам.. непца крварат нон стоп се воспалени.. поткашлувам повторно стомакот ми е цел со стрии а 3 пати дневно се мачкам со разни креми против стрии... болки во колкови и препони нон стоп.. стомакот се стврднува и омекнува по цел ден.. бебе игра некој чочек во стомак .. некогаш задава јаки удари.. ма боксер на мама... градите ме болат, малку одвреме навреме ме зачешнуваат... брзо се заморувам кога ќе земам да чистам низ дома, кога се симнувам и качувам по скали сум задишена ко да сум трчала 1 км... ај да не пишувам есеи доволно е мислам ова.. стигнав до 34 недела и 4 ден со маки и со жалби но собирам сили за 36 месец.. да видиме како ќе биде тој.. убав ден и не се предавај... брзо ќе се заборави сето ова.. те