Имав завчера стресна ситуација ноќта се будев вознеирена. 13недела сум бремена. се напив вечерта бедоксин и др ден уште еден, немам никави симптоми ама се секирам да не му се десило нешто на бебето тоа во глава ми влезе. матичната завчера беше на семинар и дали да одам во понеделник на ехо оти знаете како е кога некој црв ке ви влезе во глава. а и во денешно време скоро секој ден нервози и секирации. тоа не можеме да го избегнеме. совет мислење..
Јас мамички од утре влегувам во трет месец, ништо не ме боли, сем градите, и доле немаше некое време сега пак почна на моменти да ме боли, се јадам, не ми се гади од ништо... Си викам леле да не му се случи на бебуш нешто, па немам никакви симптони... А читам тука други мамички мака мачат... Се е од организам до организам си викам. Што се мачкате против стрии??? Кажете некои ефективни креми.
@Starlič јас во првата бременост се мачкав Павловичева крема, онаа розевата, мислам од Галафарм беше. Дали помогнаа тас, дали се гени, не знам. Ама немав стрии, ниту една.
Прочитав за неа дека неколку членки ја користеле таа крема, и биле задоволни, ќе пробам и јас со неа.. Фала ти.
Нема проблемДа, оваа ти е поефтина варијанта и дава резултати. Имаше една крема, нешто со Мама во името (не можам да се сетам) и таа ја фалеа. Само треба редовно користење
Mila jas sum 15ta nedela i postojano imam bolki, jas ponekogas imav i neizdrzlivi bolki za koi lezev i na klinika...cudno sto nema objasnuvanje za bolkite posto nemam ni miom,cisti, ni urinarna infeksija ama ete boli taka de ne se plasi. So lesno
И кај мене до сега е во ред. Проверив уринарен статус и уринокултура- чисти се. На ехото се е во ред, без цисти и слично. Во првата бременост - цела бременост бев со болки во стомак. Цело време одев на контроли(и повеќе од што треба) и се беше во ред, а болки имав. Ок е, ми викаат се шири матката, се менува телото. Дали е до тоа само или нешто друго не знам. Веројатно таков ни е организмот, телото. Само да не е нешто лошо. Со лесно и тебе
Јас само кокосово масло мачкам, не сакам млека и лосиони дека сепак е хемија. Сепак мислам ако редовно мачкаш што и да е, нема да испука кожата.
Се си зависи од бременост до бременост , мене и првата бременост ми беше лесна а и втората ми е добра иако нешто повеќе повраќав сега но не се жалам , не е нешто сериозно И кога спијам на грб имам болки огромни во кичма потоа не можам да станам од кревет... ова го немам кажано на докторот а за болките доле не се секирај сите мислам ги имаме се шири матката нормално е. Јас другата недела влегувам во 5ти и сега за сега немам стрии , а се мачкам со овие плочки погоре за масажа наменети ама мрсни се и плус имаат природни состојки
Со лесно бременоста. Јас како тебе имам 36. Месец после породувањето ќе правам 37. Правевме пренатален тест во 12 недела. Само крв ми зедоа и за3 дена резултат. Имам пишувано во темата пренатален тест. Болките на почетокот се нормални ете втора бременос ти е . Веќе знаеш, повеќе одмарај и не се плаши. Позз
Фала ти, ми спомна и докторката кога ја прашав за тој тест, ама колку што разбрав 600-700евра бил. Не можам толку да дадам сега, па затоа "собирав информации" за амниосинтезата. За болките да, познати ми се, ама овојпат ко појаки се и затоа повеќе се плашам. Ама ќе помине поздрав
Јас имам правено амниоцинтеза. Не е воопшто толку страшно колку што делува. Не викам дека не е непријатно, ама поише е стресно од што е болно. Ако сакаш подетално слобдно пиши ми лп. Патем, среќно и со лесно
@Adeline @flower55555 пријавете се милички до кај сте?бевте на цтг?ајде со лесно да ми се породите па да го фаќаме редот другиве.ве гушкам двете
Фала ти, ајде кога ќе дојде време ќе ти пишам да ми ја објасниш постапката. Ми имаат кажано дека треба многу да се внимава при процесот за да не се наштети на плодот(ако добро разбрав)
При самата постапка битно е ти да бидеш мирна и да не мрдаш. Докторот си прати цело време на ехо како е поставено бебето, нема шанси да го повреди. После тоа ќе мируваш два дена и ќе пиеш поише магнезиум. Пиши слободно ќе ти објаснам се што те интересира.
Сабајле гледав реприза една емисија со Адамова,и викаше дека не се прави амниосинтеза доколку нема индикации за тоа.Возраста не е битна.Ако на скрининг видат нешто ,или има дете мајка мртвородено,или живо родено дете со некоја болест,пречка во развој тогаш се прави.Она препорача и кариотип да се направи како редовно испитување во бременост.Види распрашај се,не иди одма на ова.
@srekice @tetoviranta фала ви најмногуКога ја прашав докторката, баш на излегување бев и ми рече етапа по етапа. Во смисол ми рече да дојдеме до првото тромесечие па ќе разговараме понатаму. Ама пак ќе ја прашам. Уште еднаш фала ви многу
Најпрво @flower55555 честитки.Мешковци како сте ми?Јас од утрово сум си во болниица ми пукна водењакот 36+6 сум.На мојава женска изгледа веќе не и се чека.Сега чекаме болки а болки нема.Ве гушкам