Аии се собраа бебушки, само за убаво да е, 36та не е страшно во термин сте. Ајде ќе биде. Како го натера воденикот да пука кажи ваму
Ајде мила со лесно да си се породиш.јуни ти беше терминот мислам. ајде и јуни почна да се чисти суперрр.те чекаме да пишеш мила
Се радувам за вас, честитки. Стига и нашата генерација. Влегов во 36... Почнав да перам, пеглам, доста беше лежење. Уште немам осет колку алишта ќе ми требаат, се' мислам нешто ми фали
леле женска јас вчера така прецркав. Во лабораторијата што ми е преку улица немало реагенси не знам што па ме претија усвета да проверам. Тоа четвртокот. Потоа одам на матичен да ми дадат нов упат за на др место и вчера станувам уште недоспана го носам малиот во градинка од тука на боцкање. Таму од прст ми земаа. И така три пати допаткав до дома и назад потоа на тестирање со синко во училиште дека прваче... Од тука дитек на работа и веќе во 22 кога си појдов дома само легнав и не знам што се случи. Кома бев. охоо... Јас од вториот месец сум секој ден со стрес вознемирена нервозна со обврски вриштам се дерам депресии ме фаќаат.... На бебе ништо не му е. Ама хормони се во прашање. Појди на преглед ако имаш некои мисли после ќе ти е мирна главата. Мада мислам нема никаков проблем.
не знам зошто ама јас во таква ситуација ќе се уплашам и ќе добијам паничен напад. Во првата бременост абер се немаше од контракции болки гадења водењаци.... Сега... Мислам дека паничар станав
Ќе може ли некако да се активираат мобилни оператори? Нека се шири и на ФБ, јас барем знам како е со дете во инкубатор. Господ да си ги спаси и двете кукли, а на родителите сила и само сила!
јас од понеделник старт на 7ми месец. Така ми пишува во календар од 27ма недела 7ми месец. И... Стравот е голем. Ама не знам зашто возбуда и паника ме фаќа. Мака немам сега болки тегоби ништо.
Mislam ovde najbrzo ke dobijam odgovor. Dali poliklinika jane sandanski ima dezuren ginekolog vo nedela?
баш пратам и притисокот вака нормален ми е еве, и сега сабајлево 95 пулс, притисок ок е и малку чудно ми е зошто толку е...превземаш нешто кога ќе видиш дека е висок или ?
Провери железо. И не се секирај 94 не е многу. Јас пред бременоста редовен 100 пулс имав а и сега се случува некогаш. Никако на грб не лежи, притискаат плодовите на аортата. Само на страна. @marchi-cool јас за 2 недели во 7 месец. Јас пак се радувам што брзо се движам кон гушкање со бебо. Едвај чекам. Не мисли на тоа. И јас како тебе немам никакви тегоби и сл. Ќе се тешиме.