проверувам редовно мила, серумското железо е во нормала, хемоглобинот и тие MCV и сл вредности ми се под нормала али не нешто премногу ...а за спиење да на грб и да сакам не ми е згодно да лежам така се на страна сум
Чекај јас ќе те утешам да не ми се плашиш воопшто најубо ќе си поминиме среќо моја.стравот вкоски ми е влезен од прв ден кога дознав дека сум бремена.кај и да е тука сме и ние ама сепак на мајскиве им даваме предност па после ние
Не е ништо не се плаши. Ако ти е во ред притисокот не е страшно. Исто и мене ми се случува до 98, еднаш 100 ми беше. Б6 земи си и вода пиј.
Нормално е да се качи и уште повеќе, до кај 140 за трудница. Ако ти смета, пиј повеќе вода, се намалува така.
ауу... со големиот синко еве веќе трет месец како од нешто се разболува,паднат ли му е имунитетот или има пролетна алергија на нешто па само по прегледи сме и не можам да најдам погоден период за вакцина а од училиште ми рекоа до крај на јули почеток на август да е вакциниран. после си викам леле па бебето ќе е со нула имунитет како и со тоа ќе се справувам леле тоа да не се разболува леле па се раѓа во период на епидемија оф мајко а морбиливе во 80% од слуЧаиве ги фаќа неимунизираниве деца .... и ми иде да си се утепам од грижи. нешто лек за поматен ум дали има????
Хахахах нема шанси лепотица има уште време до јуни.ти си чекирана за мај не го земај редов на другиве хахаха како @t-sweet преку ред што оди.ајде со лесно да ни е на сите за брзо ќе гушкаме бебуши
Јас во таква ситуација би била пресреќна, само проверувам, ама нема ништо, почнува преку глава да ми е веќе, а што си бев опуштена до сега....
И јас тоа се чудам.Примам антибиотик ради водењакот,и ми прават цтг тоа е се.Сега некако ко болки да почнуваатВчера не бев отворена.
Види вака имам неколку музички желби 1.Да биде работен ден и пристојно време од денот ,не касно навечер 2.Да пукне водењак 3.Да бидам отворена за пороѓај ( може и царски ) 4.Да не се заебавам со денови тамо,турни ме да кинисам Скромни желби имам,иначе се плашам ама вака може нема да биде до толку. @drugarka чекај малце ,јас од тебе препишувам ист термин имаме.Утре по моето календарче вика 35 недела.Тоа значи 9ти влагаме жено Јас си викам уште 2 недели па 9ти
Во ред е сигурно те следат, само ме зачуди зошто сеуште не ти дале провокација, штом почнале болки ќе биде денес ајде стискај заби биди храбра
Јас имам чувство дека ќе се породам филмски, една сцена дома, една во болница на бокс и една после како го држам средена свежа ко да не сум раѓала и си цица
Чекај кај одиш ти со 35та во 9ти,стрписе уште една недела нека чукне календарчето 36та па тогаш си во 9ти. Иначе за списоков првата точка воооооопшто не е битна дал е сабајле, навечер, или приквечер верувај
Јас си рачунам 35+1, 36 недела. Денес ми е 35+1, по интернет термин 15, по матичен од старт 16 и така... Јас секој ден си ја мијам и фенирам косата и се лакирам, да не ме фатат болки па да не се брукаме таму во Чаир , зошто ми се мрси, се потам многу. Ма да и така ми се мрсеше секој ден ја миев Ја сакам тазе измиена. Им е гајле таму за мене и мојата коса.
Абе ти рачунај како сакаш, но 35+1 е полна 35та + 1 ден, а 9ти месец си со полна 36та,значи 36+0. Иначе не се секирај за косата секако ќе ти се згужва додека се пораѓаш