На комисија и матичната ми ги сметаа така ако сум 12+3, 13 та недела и сл. А ми е гајле за месецот. Само ние си ги префламе од недели во месеци.
Хаххахаха среќиче мое супер ти се желбиве и јас имам една да замижам денес и да се разбудам за денот на пороѓај и да се породам хахха како и да е денот се ближи ама многу бавноооо не ми поминува времево незнам зошто вака или дека нестрпливо го чекам денот затоа не ми поминува времево
значи имам време јас до 9ти. Да си се опуштам . @Ive13 блазе си ти еуфорична ,јас па ич.Убаво ми е некако.Јес да не спијам,се вртам ко слоница ,тешко ми е.Самата не се трпам ама пусто си ќутам ,би терала уште 9 месеци Се плашам од непознато
Ја да прашам едно глупаво прашање Ми донесоа ручек свинско диво. И застанав таман да пробам, викам смеат ли трудници да јадат диво месо Да не подивеам и јас
Па до сега ништо, но штом и тебе ти е океј притисокот не е ништо. Btw мене железото ми е океј на долна граница шо мислам дека е добро за сега, јас очекував дека ќе ми падне скроз со оглед на тоа што ми беше 11 пред бременост
Ive, и јас сум со истата желба, да замижам и да дојди денот за пороѓај. Веќе душа немам од страв како ќе дотуркам до 9ти. Премногу бавно ми поминуваат неделите.
Па и од породување и со првото имавме некој проблем за кој воопшто несакам да размислувам..... И страв од неспиење ааа ќе забораев, и страв од поголемиот батко како ќе го прифати
Дај Боже се да помине во најдобар ред.Ете сепак стравот е оправдан,и грижа за се да биде како што треба.
Мачиња ве читам и сакам од сите желби што ги имате спомнато јас да го доживеам тој момент на прва средба со човечево што сега е со мене уште си стојам на ставот потешко е во бременост. Само со лесно да поменете сите,дали царски или природно,убаво искуство е
Хепи, не препишувај! Бременоста како процес мене, тебе и на аја ни се виде потежок. И толку. Друго све заборавиле како било, но не и јас. Колку добро се сеќавам на се. Секој пат кога ве читам одново ги доживувам емоциите. Убавото е што ќе помине. И потоа ќе има едно мало човече кое секоја фраза за која превртувавте очи порано ќе ви ја направи реална. Убаво е. Ама и @srekice ќе биде како нас. Среќо не се плаши од породување мила верувај ми дека стравот не ти е оправдан. Ќе помине чинот бргу, ќе биде се во ред. И да боли ќе боли во минути. Потоа ќе спиеш на стомак еј! Јас ти посакувам болки да те фатат, а водењакот во болница да ти пукне. Верувај ми така е најдобро. И рече до 10 Јуни ќе се породуваш ене го кај е. 35+ си. Последно одбројување. И @tetoviranta те следи во чекор. @Ive13 ти со второ ич да не се секираш пред нив ќе биде.
Еј одвај чекам да се плеснам на стомак.И цела да ме собере у када Докторката што ќе ме пораѓа ми рече не се плаши,ќе посакаш одма друго да правиш кога ќе видиш дека неболи и не е страшно
Девојки што кога ќе дојдеме дома со бебуш.Се бањаме,го цицаме бебуш,пиеме кафица,вечер бањаме бебе и во кревет?Како се фаќа ред?Ви благодарам и на сите си лесно да биде.Ве
Само мила си фаќа ред од втор месец па натаму. Ти си идеш дома со еден хормонски дисбаланс кој ти вели: Плачи! Негде трети/четврти ден после породување те напуштаат хормоните од бременоста и тоа една таква промена што те тера само на плачка. И после идат хормоните на кавга до 40 ден И потоа на апсолутна среќа. Треба време за спознавање и со бебуш кај некои побрзо, кај некои побавно али сепак ќе биде. Битно кафе да се испие прво и се ќе дојде само од себе на свое место
аии... Убаво прашање. Јас имам заборавено како се фаќаше ред со бебе плус како ќе фатиш ред во ситуација дома те чека мажот вечера треба да му направиш,едното дете да го стокмиш за вечера за спиење ручеци... крај на две деца треба да им наоѓаш...
ау лесно е првите 2 месеца ( ама ако си само со бебето ) ти си вариш кафе бебето како ќе го наместиш така ќе седи. Оди со дете од година ± напиј се кафе.