Јас од петни жили ќе се трудам да ја додржам мојава до 1ви Јуни, да влезам во 9ти. Ќе си го почитувам до тогаш редот, да не речете оваа тетовиранава преку ред се пика. После тоа нека искача ако сака Пораѓај ме плаши само ако и текне да искача порано, дали ќе биде се во ред, инаку воопшто не се плашам од самиот чин
@srekice посакај си една желба- да ти се исполнат сите желби да не се мачиш вака со многу Ајде и тебе @drugarka и на @Adeline со лесно. Трчате последни минути. ,@marchi-cool за памет нема лек хахаха. Ќе издржиме затоа сме мајки. Кога вака читам со мали деца па и бебе се тешам на мојава огромна разлика од 14 год. Барем синко е голем ми помага, а ништо не бара од мене. Јас денес капната бевме во Скопје сега доаѓаме. Бебушка ја премостува. Само тие да бидат добри во мешковците, ние ќе одмориме
ауу јас во некој преоден период сум,август се пораѓам септемвти синко на школо. Јас ни ваму ни таму сум. Ни со едното и со другото.
Аи шо збориш каква вечера, маж ќе готви, цело време ми помага и ништо не бара од мене, кога можам, можам, кога не тој е тука и за дете и за дома фала му на господ. Јас тазе породена и одма вечери, ручеци нема шанси, само основното, децата на прво место и нема љутиш. Единствено ми е за навечер ако се будат едно со друго а мм е 3та смена а јас жива нервна
Мене уште сега ме фаќа паника шо ќе прам ко ќе сум сама навечер со двете. Ова ја преспива цела ноќ ама не знам како ќе е ако вришти до него другото сред ноќ. Па ако фати да вришти и тој, по кого побрзо Ај јас имам време до октомври ама пак за се и сешто ме фаќа паника.
Мешиња, јас се олеснив. На 11.05 во 02:45 на свет дојде малиот Александар. Само накратко да ве известам и да ви испратиме огромен бакнеж со бебушка. Утре т.е веќе денес најверојатно ме пуштаат дома. На сите ви посакувам лесен помин, па здравје кога ќе можам ќе се дружиме. ❤️
Иста сум и јас. Во септември ќе имам прваче и бебе. Првачето таман ќе тргни на училиште, бебето ќе се роди. Плус и со царски пак, забавно ќе биди.
Само позитивна мисла и ќе бушиш 40та недела. Среќо гледај каков став треба да имаш во животот! Она вртење во кревет една ноќ при крајот е подолго и потешко од чинот. Ајде зуб до зуб и позитивна мисла.
Лесна бременост на сите идни мајки. Постојано ве читам низ што минувате, вака сакам и јас едно да си родам.
Луѓе ве молам за мислење. Вака, деновиве веќе секој ден одам на цтг, поради тоа што бебето ја има замотано папочната врвка (или притиснато) со врат, и поради тоа што се појавува по некоја коннтракција. Докторката ми вели дека доколку сакам, може да го забрзаме процесот и да ме породат со провокации. 38+5 сум. Сега се мислам што да правам. Од една страна, сакам да оставам во Божји раце и да биде кога тој ќе одлучи а не јас, а од друга страна пак, се плашам за малиот да не ја притисне врвката, или да смени позиција во последен момент (веќе знам за еден таков случај) па да морам да одам царски. И не знам колку провокациите би помогнале за успешно природно породување... Што мислите вие?
Девојки ајде да прашам дали имала некоја слична ситуација. Од вчера цело време како да се подмочувам. 10 пати сменив гаќи и пак исто. Мочам значи и после некое време ко подмочана, а немам чувство дека ми се оди во вц. Утре сум на последна контрола кај матична и за брисеви, незнам дали да почекам или да идам уште денеска во болница. Болки немам никакви, ама имам кандида ја лечам од почеток. Избезумена сум,а и сама дома незнам што да правам 35 + 2 сум.
Оди една контрола направи. Да не ти линее водењакот. Моја другарка така се смееше дека се подмочкува и испадна да е водењакот. Не се плаши. Една консултација не е на одмет. А може ти притиска плодот сега долу спуштен и немаш контрола на бешиката. @Puffy2019 и јас не би знаела што да правам!?! Еве 25 недела скоро и кај мене папочната врвца е околу вратчето и не знам како би постапила на твое место. А од кога е така замотана кај тебе? Дали имаше почести контроли? Јас денес бев на гинеколог со резултатите од крвта и уринокултурата. Ехо правев петокот. Денес тежина притисок. Притисокот 90/40, ама за Килажата кога ме подобра д-рката. За 7 недели нецели 2 кг. Плус овие 2 недели ослабната сум. Или повеќе да јадам или помалку да се движам. Да не знаеш кој пат да го фатиш. Една пред мене ја караше за многу кг, мене обратно. Само стресови. А на ехо се беше супер. 650-700гр е беба. За 3 недели 250-300 гр порастена. Знам има како мене вакви па нека пишат искуство, кога се породиле, колкави биле бебињата... Инаку до 25 недела скоро 4,5 кг сум плус. А немам апетит, ама сепак јадам.
Е,се што наброја од прво до последно исто и кај мене е.Како да се подмочнувам,а мислам дека е од драгата и мила кандида прави поголема влажност.Јас не верувам во водењак дека е.Јас задутре ќе одам кај матичната за последни брисеви.Иначе исто сме со термин јас и ти. И јас сум сама дома,дојди да си се чуваме. Аааа иначе,ставам лактогин вагиналети.И мислам само беља поголема ми се направи.Абе ми потече целата доле,усничките ме болат неможам да ги допрам
мила немам искуство, но јас пр.во твоја ситуација би одела секој ден на ехо и цтг, така нема да оставиш на случајност, а ќе оставиш природно да си тече постапката, нема да имаш потреба од тоа да те породуваат со тоа ќе убрзат процесот... едно не свакам со докторите во Мк. како тоа оставаат на нас ние како ќе решиме, ние како сакаме...никогаш не ми биле јасни, ако се мора мора нека кажат категорично што е подобро