Инаку мене изгледа почна да ми паѓа чепот. По вагиналниот преглед од денес, речиси на секое бришење по одење во тоалет, имам нешто розеникаво со изглед на желатин. Болки се уште немам.
Порано кога ќе одев на одмор, екскурзија, бев превозбудена. Сега сум х100000 пати од тоа и не можам да спијам овие денови кога перам, пеглам,редам се за бебе. *Освен ноките кога не повраќам од киселини. Тогаш пцујам Ич не се плашам, ич. Морав да споделам да не сум им досадна на другарките.
Same here Една недела си пред мене и исти чувства се присутни кај мене. Не ни требаат маки и тегоби, што ги спомнуваш јас само киселини во желудник и срцебиење имам повеќе, но ќе се издржи уште 3 месеци.
@srekice @cinderella5 јас само кога ќе кашлам сум таква... и мене не ми држи тоа "мочалото" да не речам дундата ... од срам не кажувам на никого .. по 100 пати трчам до вц и се пресоблекувам ... ваљда 8 месец на сите им задава ваков проблем... јас од денеска ја почнав 35 недела.. по Вас сум со термин..
Девојки бремена сум 12 недела, но нешто во последните 2-3 дена поткашлувам и ме боли и стега доле кај јајниците. Освен чај, лимон, супа и витамин ц друго ништо немам пробано. Дали смеам да се напијам од оние прашоците што се против настинка или не? И треба ли да паничам за болката доле кога поткашлувам? Не знаев каде да го поставам прашањето па тука го ставив.
И јас сум со вас. Уште 2 недели 7 месец. Киселини убиваат, но друго не можам да се пожалам. Освен мешко што е порастен друго немам промена. Активна цел ден... А за пораѓај не мислам. Знам дека најубаво ќе си поминам. Хахаха. Така и за првото си велев и навистина беше така. Што и да е за кратко време ќе помине. Се издржува. Денес метеото ми е долу. Небото над глава го чувствувам. А работи колку сакаш.
Смееш само чист парацетамол да пиеш,но не да претеруваш со него.Ако те боли грло можеш да земеш Бебешки спреј од прополис,или такво нешто што ебез алкохол.Друго не,супи ќе пиеш,чаеви,прегорен шеќер и она што матичен ќе ти дозволи.
Мене ми помогнаа пантенол пастили за шмукање и прополис без алкохол. Другото си го знаеш, супи, течности. Јас избегнував апчиња, освен витамините, цела бременост немам пиено апче. Исто ми помогна и цеден сок од портокал со маџун. Со лесно, мајка, па пиши.
Ајде миличка со лесно да ми се породиш чекаме да пишиш.имаш болки?ајде ти си лавица моја те гушкам најсилноооо
Ви благодарам на сите, болки имав јас од вчера ама се смирија и мислев не е тоа тоа, и сабајле дојдов цтг болки до 60 и 5 прсти, Мимоза вика остануваш. Во ред супер, и сега сум на цтг и чекам, чекајте ќе ви кажам кога да го киснете тестото за мекици
@Adeline ти пуштам среќа што полесно да поминеш и за брзо да се гушкаш со бебенцето А јас да прашам : ДАЛИ некоја успеала да фати мој термин за втор скрининг на ГАК??? 15 дена отварам на мој термин,за мај уште од старт беа зафатени за јуни сеуште не пуштаат. Дали уште да чекам или со време да си закажам во Систина? Божем фатив "врски" за кај една на ГАК, сега и таа барала упат,приоритетен со не знам каква дијагноза, а матичниве што се по давањето приоритетни....