Здраво мешиња, @Adeline со лесно. Викаат вториот пораѓај бил полесенпа ти посакувам брзо и лесно да се породиш Јас денес бев на преглед. Добро е се, бебе напредува. 10+4,болки во стомак имам помали, уште една Прогестерон инекција треба да примам. Колку болат тие инекции Ми се приспива на пладне. Сега ќерка ми ме чешла, а јас дремам Во 12 недела се земаа микробиолошки брисеви, така?! Одам да правам ручек Убав ден
Јас би ти препорачала да си закажеш во Систина, навистина ќе платиш многу, но сепак е тоа најважниот преглед, а таму имаат специјалисти одлични доктори за тоа.
Девојки, ај вие што се тука со мене со термин кажете ми дали имате оток долу? Мислам.. дали си ја чувствувате отечена? Знам дека е нормално да отече, ама се мислам да не е рано за тоа? Вечер сум на контрола секако ќе се консултирам со докторот само ме интересираше во меѓувреме и друго искуство...
Мене ми потече накај крај на 7ми месец, и само полошо станува. Додуша, не знам дали би се дефинирало како оток, или просто од што се нема место, се почнува да излегува нанадвор .
Ја утре во 7ми влегувам. Валда не е нешто страшно... Значи да не се надевам дека ќе се намали веќе, туку и повеќе да отече..
Не е страшно, сосема нормално е. Мене ми отече негде на почеток на 6ти и ми потемни. Се е тоа од зголемен проток на крв. Сега веќе не ни можам да си ја видам, така да нз каква е, бричам на слепо па што фатам фатам
Добар ден и од мене труднички , како сте ми ? Пред пола саат ја однесов ќерка ми на одбојка , па седнав да ве читам на форум што и како сте пишале. @Adeline со лесно женче , да ни пишеш кога ќе има новост некоја Јас сум добра од денес го почнувам 5тиот месец , него вечер при спиење за малку ќе се угушев бев легната на грб и осетив дека не можам да земам воздух , многу се исплашив да ви кажам. Јас обично на грб си спијам , сега ќе гледам странично да лежам и имам забележано кога лежам на грб потоа одвај станувам ме боли цела кичма позади него вие што се по вторпат бремени кога почнавте да осеќате она баш клоцања од бебе? Чувстувам од внатре мрдање ама не можам да го наречам клоцање баш , ќе кажете што се брзаш , ама ете баш ме интересира.
Мила јас со второ негде почеток на четврти почнав да го осеќам така малку и прво си мислев рано е да не ми се причинува ама кога му кажав на гинекологот ми рече нормално е второто побрзо да го почуствуваш а ти веќе си петти што значи журката е веќе започната хахахха
тоа мрдање јас почнав да го осеќам во 10та недела,а клоцањето т.е интензивно движење во 20та недела. И од тогаш еве 7 недели бебе не застана со клоцање и мрдање. и баш е интересно кога под кожа ти "лази" нешто.
Знам колку е страшно тоа гушење. Истото и мене ми се случи, воздух не можев да земам. Најдобро е на лева страна. Јас 20та недела сум и не осеќам некои силни удари, нежни клоцања повремено. Зависи и плацентата како е поставена.
Здраво лепотици. Прочитав некаде дека ѓумбирот помагал при мачнини во бременост. Го конзумирате ли, и во каква форма? Се мислев сок со морков и со што друго...идеја?
Јас ѓумбир свеж рендам во супа наместо бибер .Или изрендан со нешто што ти оди измешај го и кркни.На пример со лимон и мед можеш и кркај