Мене постелката ми е на преден зид и не осеќам многу удари. Може да си кажат другите како е кај нив па да споредиме
Има посебна тема за матични клетки, но таа не е активна одамна...па затоа ќе пишам тука, што мислите за оваа тема дали би замрзнале, и ако да кажете некоја информација за нив ?
30+ sum.. veke pocnuvam da osekam salam udari od bebusot. No nekoj den osekam bolki od desna strana na stomakot nekaden kaj sredinata, kako grcevi, kako menstrualni bolki i nekoi grcevi dole vo vaginata kako da me stega naednas. Normalno e ova?... ne e sekoj den no se slucuva...
Мене ми е на преден ѕид,и ми рекоа дека послабо ќе осеќам удари,ама кај мене тоа не се покажа како точно. Така да,индивидуално е.
На преден демек повеќе се чувствувале. Оваа бременост ми е на преден, минатата на заден. Сега првите удари ги почувствував многу порано, 18/19 недела, а минатиот пат 22. Ама па удари и мрдање повеќе чувствував минатата бременост, или па можеби "поискулирано" е ова бебе
Мене ова ми е прва бременост и првите движења на мажлето мое ги осетив во 17 недела... и од ден на ден се поинтензивни беа... после тоа некаде накај 30 недела се намалиа.. ги имаше но не беа преку цел ден... сега стигнав до 35+ и само навечер му ги осеќам движењата.. целиот стомак ми го поткрева чинам ќе искочи преку папокот... тегне на лева страна тегне на десна.. како да реновира внатре.. но како и да е да ги гледаш неговите движења на стомакот е нешто посебно..баш за уживање е... гушки до сите мешковци тука.. мали и големи
Кои доктори се во амбуланта за скрининг на ГАК во понеделник,среда и петок? За четврток знам дека е Ливринова.
Прва бременост, постелка на преден ѕид. Прв пат го осетив во 17 недела ама многу слабо. Од 20та стана појасно. Како и да е, не можам да се пожалам на болни удари како што имам слушано од други. Внимателен е
Здраво мешиња, да се пријавам и јас. Втора бременост, 7+4 по ехо сум, слушнав срце пред една недела. Првата бременост ми беше пред 3 години, ќерка ми е 2 и пол. Тогаш бев шо ти гинеколог, се знаев, се пратев... Сега тапа! Само ми се спие, едвај седам на работа. Ај тоа не е толку страшно, ама мачнини ме отепаа, страшно нешто! Ај да е само наутро, ама ова постојано, а не повраќам, уште потешко. Стварно не сакам да се жалам, ама лошењево ми удира и на психа ..Се нервозна, се изморена. Некоја од вас со мачнини постојани, да ме утеши дека ќе поминат пред да се породам има? И со првот ми се лошеше, ама не памтам вака силно, колку толку функционирав некако, сега тешко! Се читаме во некое повесело издание
Честитки @BirMelek, навистина ме израдува. Заедно војувавме во "Поддршка" ако се сеќаваш. Со лесно бременоста
Јас ќе зачувувам. Уште размислуваме за агенција. Ама ќе биде. Дај боже никогаш да не требаат, ама ќе ги имаме. Добар ден труднички убави Јас вчера од гинеколог се вратив со слика од бебле таква појасна и конечно го видовме поубаво. Има полни усни на мене и носе на тато. А и долги нозе на тато, кои ги имаше испружено преку цел стомак до лице. Според календар денеска официјално влегувам во 7ми, ама според развој на бебе, тоа влегло веќе пред 3 дена. Добив совет да исклучам бел леб и благо, ради шеќерот, во граница е, ама близу горната. Се се, ама најтешко ми е за сладоледот, месецов посебно го лапкав ко да ќе нема утре. Ќе си оди на пауза, се за доброто на бебе. За жолтиот исцедок ми даде едни како пилули, големи се колку антибиотик, а се користат како вагиналети. Пола од нив секоја вечер, рече дека се добри, за регулирање на непријатности долу, вклучително и исцедок со појак мирис. Рече не е ништо страшно, бебе си е заштитено. Еднашка многу одамна имам користено вагиналети и беа далеку поголеми, па искрено се зачудив кога ми ги покажа докторот овие. Ама срцка е и му верувам. Конечно го закажав и за пораѓај. Дополнително, ќе ми даде листа со неопходни работи што ќе ми требаат за на клиника. И добив совети до следна контрола да се опуштам и да уживам.
Еј, пак се поклопивме со бременостите. Мислам дека и минатиот пат бевме заедно во труднички, само што овој пат ептен на крај ме фати За мачнините, и јас ги имав мн повеќе оваа бременост. Се изгубија некаде 4 месец, сакам да кажам има надеж Со лесно да ти мине бременоста
@bela.m Се сеќавам како не, ама не знаев дека успеа, сори. Се радувам за сите, со лесно и тебе @kikin да, првите "големите" ни ср разлика месец дена. Сега ти си при крај на маките, среќница Ми иде да спијам 9 месеци и одам на бокс ич страв немам.Само мачнини да не трпам. Кој ќе чека 4 месец. А велиш се изгубија, стана наутро и не ти се лошеше??? Да дојди само тој ден. Крај краева, ако бебе е добро, свесна сум дека сум во втор план
Ај што убаво повторно кога ќе се собереш стара екипа во труднички. Епа екипо моја,кога ќе се одлучите по втор/трет пат ма и четврти да се договориме па повторно да си се жалиме тука. @FreeMind @Adeline @Emma2 @NNA @paleska3 и сеуште непородените да имаат во план @srekice @Ive13 @ocicka2014 и уште многу други
Здраво трудници, Мене ми се ближи терминот па остана да докупам уште некои ситници. Дали ќе бидете љубезни да споделите искуства околу бебешка козметика, конкретно купка за бањање. Се мислам помеѓу мустела, чико и еуцерин и евентуално хип или веледа.
Тука сме хепи и пак ќе бидеме и после пороѓај.јас на трето тешко ова ме изнамачи за сите пари хаххаха ама како викаат никогаш не вели никогаш.сепак тука ќе сум за вас лепотици мои секогаш