^ white и јас ги имам тие болки со самото влегување во 9ти..мислам дека не се породилни...туку јас би ги нарекла подготвителни..карлица се шири т.е целото телоо се спрема за Чинот утре ќе видиш на цтг најсигурно што се.. јас сум в сабота па ќе видиме што ќе покажи цтг-то макар што мислам дека до психата е најмногу...секоја болка те тера да мислиш на пораѓај aх пуста желбаа
И јас на вежби одев во ГАК и задоволна сум. А за ЦТГ во државна бев 2 пати. И можам да речам фала богу таа сестрата што ме стави на ЦТГ слушнав ќе се пензионира. Ниту една жена, а посебно не трудница не треба да биде третирана така. Без душа женава, прозирна да бев ќе ме видеше поубаво. За плаќање,целосен преглед (ехо, вагинален преглед и цтг) платив 150 ден само првиот пат. А за услугата можам да кажам,колку пари-толку музика
Не сте информирани а давате совети ета тоа е работата. Давате погрешни информации, ако знае некој нека пише а а ко незнае нека не прогнозира или погодува.
здраво мамичкии да ве поздравам.. јас сум супер со мојата ќеркичка си се шетаме полека полека се припремаме за кај татичко.. бевме на контрола си се видовме.. пораснати сме си мрдеме.. нека ми е здраво и живо ного ми е лично пу пу... .. докторот ми даде потврда дека можам да патувам.. за на аеродромот да покажам...и спремни сме за во недела со Бога напред ќе летаме.. ве поздравувам убава вечерр
Која не е информирана и кои се тие погрешни информации, може појаснување????? Самата не знаеш што сакаш освен да се правиш паметна, ете ако ти си информирана сподели со другите а не да напаѓаш трудници дека не знаат ништо. Ете напишав која е разликата измеѓу 3Д и 4Д што не ти е јасно или само ти си информирана другите ништо не знаеме??
3Д дава слика во 3 димензии - висина, ширина и длабочина. Четвртата димензија кај 4Д е ВРЕМЕТО, т.е. во реално време ги следите движењата на бебето.
Јас искрено не ја разбирам нервозата на некои трудници/идни мајки Зошо? Нормално е некој да не знае точно што е 3д што е 4д , ти идна мајке Cacuvche што не ни објасниш ? Немојте толку нервозни да сте Чувајте нервите за понатака ^а ddevojce планираш да остануваш во Германија. или ?
aj so srejka moze i nie dogodina ke vi se pridruzime i nie od Grcija se iselivme pa ke begame ili germanija ili ch
Јас мислам дека убаво си напишав еве прекопирано од погоре: Ми треба совет од некој кој бил на 4д, каде бил и како поминал. Во држана е 500ден. а кај мојот гинеколог 2000ден. маж ми сакаше кај матичниот гинеколог оти таму ни рекоа дека подетално и повеќе време го гледале бебето, а во државна околу 10тина минути и него пуштале сопругот внатре.
^ Cacuvche дискусијава се води не поради погоре наведеното твое мислење туку поради ова: ако 99% од форумов ти се неточни информации јас не можам да сватам зошто уште си трошиш време седејќи.. очигледно ти си таа која не е доволно информирана за некои работи..ама ајде уште си во рана бременост..имаш време за учење И ИНФОРМИРАЊЕ
Како сте мамички? Конечно да ви пишам Гледам сите сте некако напнати,се надевам нема да ни ја затворат пак темава бидејќи иако не пишувам редовно ве читам Мене фала Богу ме пуштија хормоните откако влегов во вторава половина во бременоста и веќе не го побудалувам мм и домашните Предтоа кој што правеше,јас бев нерасположена и спремна за карање како репетирана пушка Инаку сакав да ве прашам (знам дека има посебна тема, ќе пишам и таму и тука, чунки така ќе соберам повеќе информации бидејќи стварно ми е мисла ), има ли причина за загриженост што бебушко уште не ме клоцнал убаво? Го чувствувам како мртка ама.. нема клоцнато така убаво,асално. Само нежно мрткање,а докторкава на прегледот ми рече дека било многу,многу активно и немирно. Мисла ми е А, и уште нешто. Што и значеше тоа "Колкава си се родила ти како малечка? Оти бебево уште сега е поголемо отколку што треба".. ништо не сфатив од тоа што е погрешно со моево бебе туку само ме остави да мислам и да се загрижувам.. Поздрав до сите мамички и имајте убав ден
Ај смирете топка женчиња, еве некои се обидоа да ви објаснат ама не слушате. Прво и основно, Битер и Моира толку убаво ви објаснија тоа чудо едно, а и на сликата на девојчево си има фино потцртано дека е 3Д само кој да види, поинтересно ви е да се карате? Ај кажете ми сеа, кој е тој тест што покажува бременост пред да ти касни, правела некоја од вас? Мене во аптека луда ме направија. А и уште нешто, абе вака сте нервозни и по дома? Па мм би ме вратил назад ако и јас бидам ваква, он одвај ме трпи еднаш месечно во ПМС што сум ваква, па како ли ќе биде 9 месеци, о мамамиа
Има неколку тестови што би требало да покажуваат пред да ти касни, т.е. 7 дена по односите. Sure check е еден таков, имаше порано еден Be sure, не знам дали го има. Прашај во аптека, сигурно има повеќе. Само мене првиот пат не ми покажа, т.е. ми излезе негативен, а сум била бремена. Вториот пат не се сеќавам кога го правев, дали пред да треба да добијам, или после. најдобро почекај барем две недели, па после прави, без разлика што пишува на тестот. Инаку да, бременост е исто како 9 месеци ПМС
sure check е најдобар тест, тој може да го направиш во секое време, и покажува порано од другите, е сега мислам дека во зегин беше имаше еден тест кој покажува 5 дена по зачнувањето, значи ептен рано оди прашај таму... инаку за нервозата, бев и тоа како, се плачев, се смеев, абе хормони, ќе помине и тоа