@tetoviranta како ми си миличка?уште си на патолошка така?ајде само храбро се ќе си биде најубаво @srekice лепотица моја оваа твоја кандида те обожава значи не те остави на мир овие девет месеци како лепак по тебе Другите добри ми сте сите да не ве мислам.еве и јас од три сабајле си шеткам низ дома почна и моево неспиење а баш си викав барем тоа да ме скокне во оваа бременост ама не до крај мора се да си поминам и готово.ајде имајте ми убав ден
Хелоу! И јас никако да се разделам од кандидата уште од првата бременост како закачив, ја има, ја нема, па пак ја има. Сигурно ќе ја имам на брис сега Утрински се дружиме со мачнини, пропратени со нервоза до кога вака Утре сум на свадба нозе ми се враќаат, јас и онака во 9 едвај се влечкам до кревет. Знам дека не сум болна, трудна сум, но јас би да си лежам, за свадба во овој момент не сум. Да не спомнувам дека не сум депилирана Уште на депилација да легнам сега, не! Немам мака со болки, одам редовно, трудноча не ме запира за депилирање и во првата редовно си одев, ама сега не сум во форма освен дома и на работа, други обврски да преземам. Мрза и мрзоволна, ете сум Кажете за свадбава оправдување? Блиски пријатели, секогаш внимателни и кон нас и кон малата, стално даваат поклони за се.
јас сум да си одиш на свадба фати се за првото оро и како ќе те води орцето правец надвор и така никој нема да примети дека си фатила штрафта Шала на страна јас навистина би отишла , ако немаш мака ич не се мисли слободна си сега не те спречува ништо изнавесели се за сите пари и уживај
Би сакала да уживам, ама 24 сати ми се лоши, невозможно! Морам да одам нема ескивирање, ама повеќе од 2 сати не седам. За на оро мерак сум, ама многу ми се лоши и онака, камо ли да вртам и гласна музика плус Расположение 0! Цело време чекам да повратам, барем да повраќам, ама не. Доста замарав, само да е здраво и живо, да поминам се како треба и повеќе вакви "маки" не, ќе куртулам, две деца доста се Зборувам како да не знам што ме чека по пораѓај, ци*киве не сакам ни да ги видам, а цела во ци*ка ќе се претворам
Ама Иве,кандидава ми е нова тазе ми е сега Јас со стрептококус и нејзини братучетки се расправав цела бременост.Чекам денес последни резултати од брисеви,да видиме што има. Ако е само Candy ќе частам кафана
Кај сте бе мешиња? Не ве заборавив јас, малце се мачиме со доење ме болат гради Ама не е страшно, сега си го чекаме татичко и батичко да не носат дома
Ти ми беше како надеж дека после тебе сум јас, ама некако.. моево абер нема од спуштање, нема никакви знаци за породување . Вторник сум на цтг од сабајле, а вечерта имаме со мм закажано секс со свршување во мене, по твое искуство се надевам трикот ќе упали и кај мене. Па после во мајчински муабети, совети да давате зашо прво ми е
Здраво, Извинете јас само со прашања сум, ама сега ептен се фатив сама во проблем и многу се нервирам. Имено, одам сега на приватно на прегледи а имам и матична(ама кај неа не бев сега од почеток на бременост). Закажав во 12та недела приватно за скрининг и мислев матичната да ми даде само упат за Приска. Е сега матичната ми рече требало и ехо таму да ми прават. А плус и брисеви да правам, пак на приватно. Може ли да ми пишете дали сте носеле брисеви во Авицена, тие во 12та недела што се прават?! И дали некоја била така во една недела 2 ехо прегледи?!?
Ај за приска може не сакаа да ти заврши работа што донекаде ја разбирам ама за брисеви мора да ти даде упут за на државно не мора тамунда правиш на приватно, тие не се поврзани вооошто со скринингот. Се гледа дека од инает не ти дава упати поради тоа што не си одела кај неа на контроли туку на приватно па сака да те мавне. Или мењај ја со време ако имаш друга опција, да си заштедиш нерви за понатаму. Она сака да ти каже ехо таму да си правиш за понатаму или нешто не сте се разбрале бидејќи самиот скрининг е ехо преглед не треба два пати во една недела. Да не мислела сега наместо она ехо да ти прават таму додека да ти дојде термин за скринингот? Која недела си сега?
Zenski me spasivte, se konsultirav so drVladimir privatno i kaza deka dovolni se vaginaletite taka da nema potreba od antibiotik....Jas znam deka maticnata ne mi e tolku umna i sekogas koga se somnevam se konsultiram so drug doktor no stvarno pretera ovoj pat. Thanks na site ...ve guskam
Абе матичните се бог да чува значи.Јас секој ден да сум инспекција ќе им тропав на врата.Еве сега се мислам токмам документи нели треба за пороѓај да си спремен.И што ќе видат тие тамо,собирано прибирано. Да имав на нешто запишано,па водено евиденција.Мојава ни тежина ниту притисок ми има проверено у бременост. Одвај еднаш цервикс ми измери зашто и побарав.А доказ дека сум примила инекција за Рх нигде Само фискална сметка. Еее а имаат по 1000 пациенти.
А стварно,другарка моја се породи пред некој ден во Чаир,и побарале као лист на евиденција од матична од секој преглед. Она баш ми го покажа и на листот се пишува притисок,тежина,бебе како било наместено,цервикс мерено. Мене мојава само еднаш на почеток слика ми даде и толку. Мизерија бе, ќе се бркаме ние со нив место они да си ја вршат работата. А за пари зимање први се. Последниот пат ехо нормално 500че,и коа идам да платам сестрата ми вика 800. Викам зошто? Па те гледала и вагинално плус. Пошо ми мереше цервикс. Крш се. А што ќе се нервирам,знам исто е секаде. Да не зборам за закажано у 18.15 она ме прима у 19.15
Не, јас може погрешно се изразив. Јас скрининг сакам на приватно да правам. Ама ми рече не признавале така и морало на ГАК и ехо (скрининг) да направат. А брисеви можам кај неа па да ги носам јас на анализа, ама така ќе ми дојдат 3 ехо прегледи за една недела. И затоа сега на приватно кога ќе правам скрининг тогаш и брисеви ќе морам да правам.
@flower30 матичната може да ти закаже од сабајле,да ти земе брисеви и да ти направи скрининг,само да те прати по приска на Гак.Или па еве другарка ми во вторник беше на Гак во 17 саат и направија скрининг и приска.Зашто упорно викаш срце три пати ехо? Јас на пример праев кај матична скрининг,отидов во државна,ме боцнаа пс после во систина друг ден праев скрининг пак. @Ive13 ете,ценета и почитувана кандида и стрептокока агалактае присутни у секој ќош на мојата вагина Цела бременост бре,не ми се верува Да идам по антибиотик ми вика матичнава.Кој црни антибиотик 6 месеци не ја излечивме ебате @Софија 88 да,само мајка негатив а татко позитив.Тогаш се прима
То е лепотица мораш уште малку и тука сме ќе си се породиме па тогаш ќе ти ибам и кандида и антибиотици и вагиналети се по список ќе ти ибам не се издржува крајов господееее кој ме тераше годишнина од брак да славам ахххх бре па вечера па романтики свеќи ќерка ми ја испративме кај баба и дедо на викенд и опппп ете ти девет месеци слави сега нефункционална за ништо мала шала само да го родам ова дете и готово појќе деца правење Неееее
Со мерките, извештајот од ехото(скрининг) отиди кај матичната и речи и да ти ги пише како она да ти го правела. Со тој документ ти дава упут за приска и одиш на гак. Брисеви кај матичната ќе си направиш ама тоа не е ехо. Што значи ќе поминеш вака со едно ехо направрно. @Софија 88, рх негатив мајки (било која крвна група) ја примаат само инекцијата, ако мажите се позитив исто било која крвна група. Во 28/29та недела, и после пораѓај уште еднаш ако бебето е позитив крвна група.
Абе ми се здосади значи.Па и во цервикс ја имам и што може да ми направи.Да ми прсне водењак така Ееее значи раат да не сум ,ми иде да пукнам
Стрептокока и јас имам и во вагина и цервикс од почеток па еве терам 27. Ќе ми дадат антибиотици јаки ќе фатам кандида па додека ја излечам кандидата пак ќе се врати. И се така во круг... Не би требало да е проблем пуштаат антибиотик при пораѓај, а ако е царски ич не е страшна. Инаку мислам дека само крати цервикс стрептококата.