Јас од 11та недела ја имам ама тогаш беше во вагина само,и секој месец ја имав на контролен брис .Пиев антибиотици,и сега еве пак си стои но и во цервикс.Рече да ми даде пак да пијам антибиотик,па ќе видам што ќе биде.
Фала ти најмногу и тебе и @ocicka2014, ми ги отворивте очите. Значи јас погрешно сум ја разбрала, т.е. По телефон ми објаснуваше и ја разбрав дека и кај матичнава да правам скрининг пак ќе треба на ГАК скрининг да правам. И реков така ми искача 3 пати прегледување. Ама фала ви што ми пишавте и појдов до таму па на лице место ја оправивме работава Ќе правам кај неа скрининг и брисеви и ќе ми даде упат за Приска за ГАК. Па друг ден на приватно кај што одам. Уште еднаш фала ви на советот
@Presrekna Ептен заостанувам со читање. Да ти пишам тебе да не те заборавам па после ќе продолжам да читам . Јас во првата бременост се породив со плус 10кг. Сега сум 23та недела имам 3 кила качено, со тоа што на почеток ослабев 2,3 кила па ги вратив во меѓувреме. Забременив со 60,5 сега имам 63,4 и ниеден доктор не ми рекол дека се малку. Се додека бебето напредува и ти си во добра состојба (да не ти ослаби крвта) ич да не се замараш.
Ти благодарам. Знам дека е битно бебето да напредува, ама Др ми вели сега требало тоа да става маса и ми требало сила за пораѓај.
@Ive13 да на патолошка сум душо. Се реши беба сабајле да искача, фала му на Бога успеавме да ги сопреме контракциите, ама ќе видиме до кога. Изврзана сум цела со инфузии и цтг, па не можам мн да куцам. Ќе ве информирам ако има промени
Душо мила, ти држиме среќа да се смири беба, да поседи уште некое време кај мама. Дури и да реши да искача верувам дека ке биде во ред. Среќно мила
Ве читам за движењата на бебето, знам дека не е можно ама сега почнав 11 недела и на момент осеќам удар мал во стомак, како што осеќав во претходната бременост во поодминати месеци. Е сега нерви ли се или можно е такво нешто не знам @tetoviranta ти посакувам и јас да е се добро, штом си ги примила инекциите за зреење не е страшно. На другарка моја бебуш се роди во 35 недела без инекции за зреење дека немаше време (или не памтам дали само една и ставија, втора со сигурност знам дека не прими) па еве го маже од скоро 5 години. Ајде нека одмара уште малку бебе во стомак, а богами одмарај и ти и собирај сила за натаму
Ајде миличка не ми се сеќирај докторите те следат се ќе биде најдобро и ова нестрпливо да излезе на свет трврдоглаво ќе е некое изгледа те гушкам мила кога ќе можеш пиши
Леле жени помина лошењето дојдоа други проблеми сабајле се разбудив со болка во десна препона, цел ден де лево де десно ме заболува, а сега со запек мака мачам
Мака и јас имам со запек. Не знам што не пробав, суви сливи, компот од сливи, овесни снегулки, киви....ништо не помага. И прво и второ тромесечие исто.
Мамички моето е девојче, доколку до следниот преглед др.не види нешто друго. Стигнавме до 18 недела времето лета премногу брзо.. Дали имате искуство со др. Кировски во Чаир таму ми закажаа втор скрининг? Добра ноќ.. Викенд е малце ќе одмориме
мене што убаво пред некој ден ми ја закопа ногата во стомак... Му кажував нешто тој седеше на кревет нас стоев над него и одеднаш се налути и како секојпат со нога ме клоцна встомак. Не беше силно баш но доволно да ме уплаши а и почуствував малку болка. Не е страшно бебе си продолжи со мрдање болка помина не гледам нешто сомнително за да појдам на лекар.
ќе ти кажам нешто ама ќе се смееш. Јас осеќам како да се потам долу. И во препоните. Стварно. Исто гаќите секогаш наводенети ( да не речам навлажнети ) а да се подмочувам не сум дотолку да немам осет дека ми протекло од тоа.
Здраво женски, На почеток од бременост сум 5+ градиве сеуште ми се отечени, имам и болки особено во деснава ко да ме боди со нешо, исто и брадавициве ми се осетливи мн.. знам дека се во прашање хормони.. до колку време ви реагираа така.. дали ви се стабилизираа или..?