Де бе женчиња, само да се комплицирало. Никого не осудувам, само нема ништо лошо во тоа некој да се пожали, а вие одма го линчувате. А бе има ли некој што прифаќа критика без да се навреди? Очигледно тешко се наоѓаат таквите, тоа е одлика само на големите луѓе. Тука сме да споделуваме, и ако правиме грешки да ги исправаме а не да се навредуваме. Дај олабавете, ако некоја се разочара има право тоа да си го каже а морално и човечки е нели да се прости а не уште повеќе да се вжешти караницата. Има милион други начини да возвратите, а не во смисла " не се прај паметна". Престанете, не доликува на идни мајки да покажуваат нула степен на толерантност и никаква нежност. Па кога децата ќе почнат да ви скокаат на нерви, да се лутат, да вриштат, тоа ли е начинот на кој ќе ги воспитате, ќе го вреѓате и ќе му ја споредувате интелигенцијата со некое понеразвиено? Уште неродени ли ќе ги правите дебили и размазени? Запамтете, тие највеќе ќе учат од вас. Наместо да го погалите по главчето и мајчински нежно да му укажете дека греши вие ќе се нервирате и ќе вреѓате? Размислете за секој чекор што го правите. Ова е период кога најмногу треба да работите на вашата толеранција зашто со мали деца и тоа како ќе ви биде потребна. Тука учиме многу работи, но и преку муабетите и постапките наши, иако лично не се познаваме, баш убаво се гледа какви личности сме. Да се покажеме во најдобро светло. Господ ви дал дарба да бидете родител, ценете го тоа оти тоа е голема привилегија.
Јас го купив Sure check за да си го имам за сваки случај, Арно ама го отворив да видам каков е и на него пишуваше дека требало да се направи најкасно за 15 мин И така го направив 7 дена пред да ми дојде и имаше две цртки од кои едната беше бледа Направив уште 3 теста, а цртките беа пообоени
Фала ви женички, ама изглеа ништо, мм уште саботира Само ќутете за ова со емоциите во бременоста, ако дознае тек тогаш ништо од бизнисот Јас сум и вака плачка, во ПМС уште повеќе, што значи во бременост ќе биде жустро
Сум слушнала муабет дека бебето ќе биде слична тежина на мајката кога таа се родила. Може на тоа мислела. Моево како пркнало може и вистина ќе биде Ама се надевам нема, јас 4.500кг сум се родила
Posakajte mi srekja, fakjam pat nakaj Cair! Ke si ja gusnam bucka denes, nemozam da docekam! Imam bolki na 15 minuti, po malku plodova voda istekuva, za zal odam na carski zaradi drugi problemi. Ve pozdravuvam do naredna objava deka sum stanala mama!
со лесно еленче господ нека биди со тебе и со твоето бебе и новата година ке си ја доцекате заедно уфф сто ми е мило ме расплака и јас едвај цекам да си гуснам керкицката моја за три недели поздравце
Со лесно нека ти е Елена и од мене ее сто убаво денес мамичка ке станес, најголемата гордост на една зена, ти посакувам се најубаво од срце и те чекаме да писес како сте ти и твојата буцка, и не заборавај писи ни како се вика ајде со лесно
Ако незнаеш за нешто не пишувај!!! Јас прашувам за некој што знае а не да ми кажува и да ме збунува.Се гледа кој колку е информиран преку пораките. ЈАС КОГА НЕЗНАМ НЕ ПИШУВАМ ДЕИНФОРМАЦИИ ЗА ДА ЗБУНАМ ФЕМИНКИ. Се надевам по 5 пат јасно е што сакам да кажам.
Слими не знам што конкретно ти е. Еве поискусните трудници може поубаво да ти кажат и да ти објаснат. И јас така се осеќав и прашав тука мислам и ми рекоа девојките дека може матката се шири расте и болат јајниците. Може си малку преладена што знам. И мене пред две недели исто така од папокот како да ме тегнеше нешто надолу. Како што расте матката, така станува потешка. Лигаментите кои ја држат од тежината се растегаат и тоа може да предизвика остри болки. Препорачуваат доколку осетиш болки да седнеш или легнеш и длабоко да дишеше да се опуштиш, болките најчесто поминуваат во рок од неколку минути. Можеби се и некои грчеви. Не се секирај не е ништо страшно, бебушот си расте, се шири матката и телото пополека се прилагодува на бебушко. Еве и јас овие 3-4 дена сум на "штрек" левата страна ме боли мене како да ми се укочува. Ама ај си викам не е ништо страшно можеби е само грч. А почнува и грбот да ме боли имам така благи болки. Ајде ќе помине кога станува збор за БЕБУШКО самата помисла дека во мене расте душа мала ми поминува. Ти посакувам се најубаво и не се секирај воопшто уживај и гали го мешето кое пополека почнува да ти расте. Еленче мила со ЛЕСНО нека ти е.
Со лесно Елена, прекрасно ќе ти заврши старата година Агрона мила кога прочитав дека те наболува левата страна, и мене има два-три дена како ќе ме заболи од време на време, не е многу јако ама како што викаш може е како некој послаб грч. Мене ми се случува кога ќе се заморам од пешачење, може и нормално да е
Ти благодарам Агрона, Не знам и јас од што би можела да биде ама ови ми е прва бременост и за секоја помала болка веднаш се плашам да не е нешто сериозно.Ама после брзо поминува, изгледа дека кај сите е така затоа прашав овде да слушам дека не е само кај мене вака. Се чудам кога викат се шири матката и бебушот расте а јас немам меше ама ич, и не се гледа сега зашто повраќам секој ден многу и немам апетит ослабев многу од почетокот. Сега само со прашалници во главата сум секој ден нова преукупација све што че ми текне, изгледа од хормоните ми е хехе Поздрав
Рабитче може да е нормално, но сега знаеш ние нешто да не штрецне и одма ЛЕЛЕ ШТО Е. Сугестивно мислиме дека нешто е, но ништо страшно не е. Јас сум малку кога станува збор за здравје кревка така и мала паничарка. Но, се надевам со тек на време ќе се смени тоа. Дај Боже да биде се во ред до крај. Мене да ти кажам докторката не ми рече да пијам магнезиум не знам зошто. Сега кога ќе одам во понеделник со резултатите од крвта и од брисевите ќе ја прашам дали може за тие грчеви што ги имам да земам магнезиум да пијам и да ми ги смени апчињата што ги пијам тие фолната од Алкавит. Дали треба некои нови да ми даде или да продолжам нив да ги пијам, не знам затоа ќе ја прашам. А читам тука сите трудници си пијаат магнезиум и викаат добро е тоа. Ако треба и јас ќе си пијам, но прво ќе си ја прашам докторката. Слими нема проблем мила. И мене ми е прва бременост и јас така те нешто се штрецнувам. Јас додуша си имав малку салце така па веќе мааалку почнува ептен мааалку така да се познава веќе сум 13 недела влегувам во 4 месец. И не се секирај ќе почне да ти се познава мешко и тоа ќе се чудиш после како брзо ти расте мешко и бебушко. Гледам дека си 11 недела скоро 12 недела до кај 13 недела пополека ќе почнат мачнините да ти исчезнуваат без галје. Јас додуша воопшто не повраќав имав само гадење на сабалје и ми траеше по еден саат само и толку. А за хормоните уфффф ќути и јас сум иста. Знаеш што е заедничко меѓу трудна жена и средношколка? Полудени хормони. Мала шала. Поздрав !
Ти благодарам мила, навистина многу ми значи вашата подршка овде. еве и мене не ми даде магнез да пијам кога го прашаф рече дека сеуште е рано понатаму ќе видиме така ми рече матичниот, сега не знам и јас вајлда ќе го послушам тој знае подобро од мене. Јас имам проблеми со синусите и нон стоп ност ми е затнат не можам да дишам па го прашав рече дека можам само еднаш дневно да употребувам капки оперил по една капка.Ама сепак тоа се хемикали се плашам ама што да правам без нив не можам да заспијам навечер. поздрав феминки
Агрона и Слими за магнезиум ви е уште рано, јас знам дека испив две пакетчиња фолна киселина па кога ги завршив тие докторот ми препиша мамавит мултивитамини и магнезиум а веќе бев навлезена во второто тромесечје. Уште си ги пијам само нив, докторот рече мултивитамини и магнезиум до крајот на бременоста ќе си ги пијам. Во меѓувреме, пред една недела бев на преглед, и крвната слика покажа дека железото ми е на граница, ништо страшно рече докторот ама дека плодот ќе се развива рапидно во овој период ми препиша и сируп Фероглобин да си појачам крвта малку. Кај секоја е различно, вашиот лекар најдобро знае што е добро за вас и нормално спрема неделите на бременоста ви ги дава и лекарствата.
со среќа сваќе, се најдобро да те снајде, те чека еден од најубавите моменти кои ке ги паметиш цел живот
Елена со лесно, и пиши ни побрзо за долго очекуваниот момент да се видиш со твоето најмило. Јас имам проблем...Неколку дена наназад само ми се гадеше од се(јадење, пиење, мирис, средства) но од вчера почнавме и да повраќаме.повраќам веднаш откако ќе каснам нешто( а тоа во денот се случува да е еднаш), но, потоа можам веднаш пак да си јадам. Проблем 50-50.