Може бебе се свртело Која недела си? Иначе мене ме маваше доле со главчето десно, со лактето кај папакот а со нозете кај ребрата.
На последна контрола имаше нозе испружено до глава и стапала и дланки пред глава буквално. На тој дел стомакот ми беше поиспакнат со денови. 28+1 сум, денеска за разлика од минатите денови беше слабо активно и го чувствував само долу. Еве го сега пак е активно околу пупак, веќе не знам што да мислам...
Женски пред 2недели ставав вагиналетки флажил заради кандидата, и докторот ми рече као 7 се доволно, ама мене тие 7 не ми помогнаа воопшто, буквално нема никаква разлика од пред да ги ставам. Ќе штети ли да ги доставам и тие 3 што ми останаа или сепак да идам утре да се консултирам со матичниов?
37 ма недела се чувствувам трудна како 37 месеци. Веќе заборавив како е кога немаш стомак. Си го прередував плакарот, сум ги заборавила и алиштата што ги имам. Воопшто не изгледам како што се замислував дека ќе бидам кога сум трудна. Не ми се купува гардероба за дотерување, додуше ништо трудничко специјално не купив. Импровизација. Ми беше желба да се породам денес, ден пред празник, неработен ден, за да си одмори детето од роденден, ама нема тоа јас кога сакам. Се шишав еднаш, но морам пак. Долга коса и фен не сакам да видам. Од понеделник закажувам за боб фризурка. Немам трпение да ја фенирам, а не сакам несредена коса или во репче. Тек после нема да имам време. Ова суши суши нема крај А бебе го видов на 4д Уште не можам да верувам дека за некоја недела, здравје, бебе ќе држам во рака.
Ма не знам се изнаставав и микорил и флажил и канестен маст, ништо не помага. Ај ќе му спомнам за тие ако не, пошто веќе не се трпи
А од кај знаеш дека не помага? Сеќаваш некако? Јаас сум немала кандида, мене за стрептококата ми дадоа флажил, 7 дена го ставав,ама појма немам дали се излекува.
Па многу исцедок имам и жоктеникав е, не е нормален, кога ставав претходно други вагиналети на краток период барем се губеше исцедокот, овој пат ништо...
имаш чешање, пецкање ? дај нека пише некоја дали има некаков природен начин на лекување на оваа кандида, а да не е штетен, ...јас баш овие два симптоми ги имам и претпоставувам дека е тоа, незнам што друго би било ..
Имав ама сеа ми се смири најверојатно од канестен маст, а природен начин ја се измивав со чај од камилица. Земи си канестен смее да се употребува во бременост, освен во прво тримесечие
Кандидата е најдосадното нешто што го имам искусено. Во првите 2 бремености ( за синко и еден спонтан) ми се јави од првите недели. Ја лечев со вагиналети, камилица... триста чуда. И ништо. После времиња ми се повлече. После тоа година дена пред оваа бременост бев на режим на исхрана заради синко и воопшто не ми се јави. Сега со бременоста од пусти страв многу внимавам на исхраната. И нутриционистот ми нагласи дека во бременоста се јавува најмногу,па затоа избегнувам благо, јадам многу зеленчук и овошје. Кога сакам благо земам суво овошје, мед со кикирики крем. Исто белото брашно ја храни кандидата, затоа само интегрално и тонус јадам. И еве ме 7 месец да не се заречам ни К од кандида. И многу течности посебно чај од брусница. Мислам помогнав малку
39+2, времево ме скрена, само ми се спие и јаде, немам сила да средам алиштата на бебулево, треба да ги пеглам. Не мора да чувствувам лажни контракции пред вистински, може дирекно на вистински да премине, така? Дај утешете ме, не знам шта са собом , нестрплива сум.
сакам јас пред термин да си се олеснам,некој ден пред термин и да е природно зашто со првото сум со царски ама повеќе од 6 год поминаа па може ќе се може и природно. Неќам сечење ама сакам безболно. Па како ќе биде тоа изводливо не знам. Инаку со лесно да си поминеш
ауу и кај мене е така. Маваше или долу или горе во дијафрагма,сега мава околу папук и од страна што викаат во слабина. Јас мислам дека се врти не ќе да е спуштено. Кога имаш контрола? Ако нешто те мачи најдобро посети лекар.
Еве го денеска мава горе од сите страни и само подолу од лево веројатно раче или ноџе има.. Се се контролирам да не паничам на се нешто, и како ми се дешава вака во минута да почнам да мислам и да испаничам еве не знам.. Дал постои трудница што успеала да не испаничи воопшто 9 месеци да ми е да знам.. Еве 2 дена и киселини имам. Што и да каснам или не каснам ме гори од внатре... И еве бебе изглеа слушна дека се жалам, па сега кога ме чукна ѕвезди избројав..