Имаше неколку мешиња настинати, па јас да кажам мене што ми помогна. Настрана прополис без алкохол за грло, си правев цеден сок од портокал, лимон, цитрон, додавав пола лајче ѓумбир и едно до две лајчиња маџун природен. Ова два пати дневно, витаминска бомба, одма ме креваше. Ова и пред да останам бремена го практикував. Маџунот помага и за железото во крвта, мене ми е во рамки на нормала цела бременост. Се надевам некому ќе помогне.
А ако си имала покасна овулација? Од дека се сигурни кога е точно фатено. Ти знаеш кога точно имаше овулација?
Devojki taze sum trudnichka dali ste imale bolki od desnata i od levata strana na stomakot spoddlete iskustvo
Ве молам за совет, денес имав јаки грчеви од десна страна кај бубрегот и препонот кој продолжуваше по ногата. Грчевите еден период станаа појаки и јас се напив една таблетка но спа. Моментално сум 26+3. Но само што прочитав дека не се пијат во подоцнежна бременост бидејќи го размекнуваат грлото на матката. И сега немам мир, се вознемирив ептен. Ве молам за ваши искуства со овие таблети. Ви благодарам многу. Инку болките ми се смирија по пола час.
витамини нешто пиеш? Аман гледај помалку на лошо да мислиш со Господ напред ќе си биде во ред,следи препораки на лекарот и гледај не се оптеретувај. и физички ни психички.
околу прополисот... Чист прополис не се консумира туку се разредува со алкохол а тие што велат дека има прополис без алкохол стварно не ми е јасно со што е разреден. И таков прополис најдобар ефект има кога се капнува по една капка во шоља чај. Е сега не знам прополисот во бременост дали и колку се препорачува да се пие ама како спреј за локална употреба за грло или афти во уста е сосем безбеден - делува локално. И да најдобар лек е цеден сок од лимони портокали цитрон грејпфрут лимета. Од "зачини" во чај ѓумбир куркума и мед се најдобри за превентива.
Спреј прополис без алкохол од аптека. Сосем безбеден и препорачан од матичен гинеколог. Иначе ми дојде некоја енергија, како сум се распеглала, тоа чудо нешто. Бебево ко да е потспуштено, со господ напред, ќе биде наредниве неколку дена. Колку што ме фаќа паника за пораѓај, толку сум и нестрплива и сакам да завршам и конечно да си се гушкам со него. Мирна ноќ, мешковци
Јас цееела бременост на тони луто јадев. Послатко ми нема. До сега се си беше во ред, не би требало да прави проблеми лутото. Освен хемороиди тие што имаат..
@Ive13 ме потресе со постот. Со помин на свекорот, можам да замислам како се чувствуваше плус со дете в стомак и едно до тебе. Малку сега опуштено. Јас од 3 до 6 сабајлево дежурам, некако стомак цела ноќ ме мачи. Сеуште кошмар ми е запекот и одењето во тоалет. Само со микро клизма на неколку дена успевам. Инаку сум тапа. И бебето го немаше да мрда ноќеска. Сабајлево се јави. Само се грижиме. Баш ме потсети на она дали има некоја трудница што 9 месеци е кул? Потпишувам дека нема. Денес пак со мајстори, ручек, плус по дома се да направам. Веќе ми се смачи. Навечер сум капната од умор. Како што расте мешко работењето ми е потешко и неможам убаво да се виткам... Па убав ден девојки јас се пожалив
Пак јас. Пишав во темата за движење на бебето но тука сте поактивни. Значи 27 недела. Од ноќеска слабо скоро ич не ја чувствувам бебка. Се вадам од памет. И благо и активности и буцкање мрдање... Само како бран и како кркорење и толку. Ве молам искуство или совет
Мене бебе ми се свртело карлично и сега ме мава у бешика. Мислам дека бешикава партал ми е. Ако претходно идев у вц на 30 минути, сега идам на 10. Ај налет тоа, него молам да се сврти на време у правилна позиција. Паничам оти после ќе нема место за вртење и ќе остане така. И бранот е поради движење. Не паничи. Особено ако имаш уредна бременост. Некогаш е поактивно, некогаш не. Можеби сменило ритам на будна состојба и поспаност. Ако си била многу активна, успано е. Лежи некое време на лева страна, на грб послабо се чувствува. Види денес како ќе биде. Ако движењата се значително намалени, консултурај се со гинекологот. Чисто да се смириш. Мене во втората бременост на цтг ме враќаа оти ни благо ни ништо не го будеше. Па се беше во ред. И сега еве, бебе беше активно дневно, ама журките ги презакажа за ноќно време.
Ти благодарам. Не да сум активна туку не сум застаната овие дена со мајстори по дома. А и по природа сум хиперактивен тип. Сега добив неколку појаки удари и си викам што паничам? Ама пусти страв и чекањето 10 година за оваа втора беба си го прават тоа . И имам забележано на синко реагира сестричката. Чим тој допре стомак почнува со работа Извинете на досадување.
а ако е без алкохол тогаш со што е разреден? Чист е многу јак. нит сум имала хемороиди нит знам што се (засега) ама ете ми се јадеше. Што убаво се олутев.... После ми текна да прашам смее ли или не. и јас сум паничар ама мислам дека се грижиме за ситница. Сега движењата им се како .... Како змија под кожа да ти шета. Не ми текна друг израз. Ама мислам дека од 7миот месец се намалуваат движењата. Така и имам читано поназад. Во 24 часа околу 10 движења треба да се осетат. И да за мене загрижувачко ќе е ако подолг период воопшто нема мдрање. За мирна глава подобро нека те ѕирнат на ехо
пак ќе те цитирам,сабајлево гледав на гугл некои информации околу маџунот и настинките и имам потреба да земам па ќе пишам и овде. За проблеми со грло дишни патишта капшлица од маџун добар е оној од јаглика и тимјан. Бидејќи не секој може да купи или направи домашен мораме и од аптека да земаме
Девојки денес подоцна ве читам. Ми се појави некој осип мене на едната нога како пликови и многу ме чеша. Уште пред 3 дена имав на неколку места на ногата и си реков касната сум од нешто, но денес уште 4 нови ми се појавија на истата нога. Не знам што смеам да се намачкам? Од што може да биде не знам, како искасана од пајак да сум. @Presrekna за запек докторката ми препиша LAXOMUCIL, како прашок е, се раствора во 200мл вода, се пие наеднаш и после тоа уште 2 чаши вода. Ефиксано е многу, и е за специјално за бремени. Јас по цела недела имам запек, што не пробав и ова досега најефикасно се покажа.
Јас имам домашен, од Кавадарци, гроздов. И претходно сум го користела и многу ми помага. Не е штетен, освен ако некоја нема забрана од доктор поради шеќер. Со одржување на железото во нормала, пропратно и хемоглобинот, а воедно и цел имунитет се качува.
Мешиња ние во петокот го имавме првиот скрининг. Помина супер. Бебињата се добри, пораснати, напреднати. Мерките супер. Петрова рече немате потреба од Приска, ова што го гледам е тоа што треба. Колку-толку ми дојде душа на место. Ама пак се тресам за се. После скрининг земав и брисеви таму. Петановски беше во сала заглавен со 15 пункции па д-р Емилија (ќерка му) ми ги зема. Прво ме исчисти од кринонот, вика жено ти си се мачела. Буквално бетонирана долу, цели топки кринон ми извади. Ми олесна многу. Ми ги зема брисевите со најмал спекулум, и кажав дека преплашена сум од нив. Не осетив ништо. Здравје и за наредните ќе сакам таа да ми ги земе. Ми рече дека не сум за кринон повеќе, му се јави на мојот докторот, му објасни каква беше ситуацијата долу и Петановски даде виза за Утрогестан од 200 едно навечер. Тој на прегледот во 10+ ми рече за кринонот до 12 недела и доста ми е. Ама еве со Емилија вака договорија. И поарно, не сакам да останам без прогестеронска поддршка. Постои ли некој апликатор за Утрогестанот? Толку му е језиво ставањето. Јас скроз затворена од кринонот, ниту прст можам салам да протнам, ниту вагиналетата длабоко да ја ставам. Цел среден прст не ми го собира внатре, еве де! Кажувајте како го ставате, еве од петокот ми се врте филм во главата дека сум без прогестеронска поддршка оти не го ставам длабоко, длабоко апчето.
Утро мешиња. Денес 36 недела и официјално 9 месец. Сега ќе си ја чекаме лепотица да ни излезот. Пошто ќе сум со царски, ќе ни излезот ко ќе ни речит докторката. Утре сме на ехо па ќе видиме колку ни е порасната изминатиов месец дена.