@srekice кај си мила деновиве да не планираш без мене да се пораѓаш?немој да ме оставиш имаме уште некоја недела време
Здраво и од мене, Јас овие денови со некое променливо расположение па само читам. Не знам од каде толкав страв ми се всади за оваа бременост, ама ужасно ми е. Вчера отидовме на црква, за 5 мин. Толку можев да стојам таму, ама убаво ми дојде на душата. Утре сум на прв скрининг и уште од сега ме фаќа страв. Ќе одам на приватно(одам во Хигиа, кај др. Снежана Органџиска Мајсторова) и на претходниот преглед ми спомна дека ако мерките од скринингот се добри, не мора Приска. Јас па дека правев прерходниот пат закажав и сега. Но, читам по фб. трудници и мајки пишуваат дека повеќето не правеле, бидејќи после 35г (јас сум 36) покажувале неточни резултати т. е. висок ризик. Сега баш и @bela.m ја прочитав дека и рекле да не прави. Па кажете ми тие што сте над 35г сите ли сте правеле Приска или не?! Убав ден, иако е тмурен и дождлив
Оооо Ивке душо.Добро утро,ево тегнам кафе на тераса ,за мераци ми е ајде да ставам и за тебе. Тука сум јас,читам али немам од што да се пожалам Не одам јас да се пораѓам без да те информирам таман работа имам башка уште работи за работење.Се шишнав малце,сеа да фатам да се исфарбам да не рече ќерка мајкава плавуша со црн корен кај ми се погоди и плус депилација закажав.Да се средиме па послееее ќе видиме за другото Иначе другите сите се спремни,поише од мене чекаат да се породам Ти како си ми? Ти се здосади?!
Сигурно знаеш дека Приската е всушност статистика. Ако скринингот е ок, немаш потреба од неа. Другарка моја во Лондон, епа нејзина пријателка таму, и испаднало висок ризик. Се избезумиле луѓето. Правеле после тоа панорама, хармони или незнам кое испитување. На крај, родила право-здраво дете.. Ама нели го окркала стресот. Јас имам 29 години, можеби и заради возраста Петрова "ме ослободи" од Приската но, нејзините зборови не се однесуваа на моите години туку на мерките на бебињата. Ако нема индикации, нема потреба од Приска. Барем јас така мислам. Ти посакувам убаво да поминете на скрининг. Се ќе биде добро, ќе видиш
Дружино, дали некоја има од вас мака со земањето воздух ? Цело време на уста дишам, се замарам така, пулсот до 110 ми иде си го осекам ко вознемиреност ми создава...притисок ок ми е... едвај дишам мислам, се мачам со дишењето
Станува тесно,нема место И јас исто,по скали кога идам се задишувам како на Водно да сум се качила Растат бебушки
Леле мила зар уште сега, само што јас кога мирувам така се осекам, ти се осеќаш така само кога се движиш или ?
Кај тебе е уште потесно Понекогаш,да. Пијам б6 кога ми е така. Пробај,може ќе помогне. Ако ти е притисокот добар,не е страшно
Убаво ти е тебе кога ќе ги истегнеш нозете у кревет после спиење онака да се растегнеш!? Епа и на бебето му е убаво само неговите се кај тебе во дијафрагма и снемуваш воздух И мојата е тамо со нозете ,буричка нон стоп
Ми иде да го растегнам стомакот со раце да им направам простор и на нив , а и на себе да си олеснам ...вака имам чувство како да ќе останам без воздух , грдо мн ...незнам дали е полошо кога ме маваат во бешика, или во дијафрагма @Мариаа. пијам и б6 али ова ко да нешто појако ми треба
Добра сум иако времево ме прави депресивна веќе аман само дожд дожд дожд бел ден не видовме во овој месец мај.знаеш дека одвај чекам да се породам неможам веќе само се жалам мислам никој веќе неможе да ме поднесе од што сум досадна наздравје да ми ти е кафенцето мила моја јас никогаш немам пробано кафе хахха ама може едно какао за мене ако не ти е проблем. абе @Lepoticata што направи до кај е?изгледа јуни таа ќе ни го отвори
Да, знам. Плус ми потврди и докторката. Ама кај што ми е матичната, не ми спомна ништо и ми закажа за приска. И баш вчера со маж ми зборевме и ми вика па не прај, му викам шубе ми е да не правам. Ама здравје само да е се добро на скринингот пак ќе се консултирам со докторката и ќе видам што ќе ми каже. За годините јас па баш напротив прочитав дека поголема возраст (секако и др. фактори) попогрешни резултати излегувале. Не знам колку е ова точно ама така читав. Фала ти многу, ми олесни кога прочитав. Се надевам утре ќе пишам дека добро сум поминала.
Јас приска не правев, скрининзи два на различни места си направив, и плус Верифи пренаталниот тест и тоа ми беше повеќе од доволно да сум мирна, ...од приска нема потреба ако ова го направиш и ти.
@flower30 и мојата матична инсистираше за Приска да правам. Јас и реков да видам како ќе поминам на скринингот. Непријатно ми беше од нејзиното "навалување". Таа сакаше и она да ми го прави скринингот, ама и кажав дека мојот ИВФ доктор ме упатил кај специјалист веќе. Не и беше сеедно. Ама, и мене не ми е сеедно да правам скрининг кај матичната наспроти препораките од мојот доктор во кого чувствувам најголема сигирност.
Нема проблем,дупло какао за тебе маче.И овде врне ама некако убаво е,мириса на косена трева ,за мераци е.Не ми се влегува внатре Јас пак не се ни жалам на никој,и освен мама и тато никој друг не ме ни прашува како сум а и нема потреба .А Лепотицава ја чекам само да пише дека се олеснила,така ми мириса мене.
@sofija88 @bela.m докторкава на приватно кај што одам не е од Систина или Ремедика, ама некако имам доверба во неа, за разлика од матичната. Ама дека правев Приска во првата бременост и сега си викам "што ако не направам, а треба"?! Ама па и тука кога прочитав и на фб. Сватив дека многу жени не прават приска оти резултатите можат да направат збрка и нервоза, а да не е реално тоа. Јас скрининг закажав и приватно кај таа докторка и кај матичната. За тестот преку крв не сум во можност, многу пари ми е. Секако ќе видам прво утре на скринингот(молам Бога да е се добро) па пак да се консултирам. Фала ви многу на советите
Zdravo na site, Mnogu sum zagrizena, denes bev na eho i doktorkata mi kaza deka imam kraten cerviks 28mm a sum 17ta nedela. Toa sto go guglirav voopsto ne mi se dopadna i me isplasi....vo cair kako i sekogas ti vikaat deka ne e strasno a ustvari e mnogu strasno. Ve molam za vase iskustvo